Пак јас. Каде да најдам вакви мрежести гаќи? Овие ги имав земено од аптеката во Ремедика пред 2 и пол години. Да не има по некои други аптеки/продавници? Или таму дали ги има уште? Вир влошки донесоа некаде? Какви земате за замена?
Здраво, 35гн почнав да имам како некои притисок доле, како менструални болки навечер и од време на време преку ден, бебе мрда цело време.. кога ќе станам како тежина осеќам доле не знам како да објаснам.. дали е нормално? Лажни контракции ли се, што ли се
Види во аптеката кај Јавор како се викаше ја заборајв, позната е аптекава, таму носеле и Вир ама во моментот немаа ко земав јас, почеток на август, ми дадоа др таму исти биле како Вир и стварно супер беа, сега земав од Еурофарм други за дома не ми се убави Нива се викаат мислам.
Еве ги овие убај, гаќи не зедов јас, таму без гаќи бев со подметач под газ, дома со обични памучни гаќи над папок, дека царски.
Исто и јас и тоа веќе две недели скоро, а сум 34+2 и ептен ме фаќа страв, а бебе мрда, такви потези некои дури ми се гади некогаш. Притисок ептен осекам долу, стегање на стомакот исто па си викам изгледа се лажни контракции, матката се спрема полека полека. Со првото се породив 38+5, се надевам и ова нека биди така нешто, не можам да издржам онаму до 40та.
Исто бев и јас, закажан царскиот на 16ти август јас на 14 бев дека болки и стврднувања имав ми направија цтг ме прегледа со рака, ми вика ништо немаш, ни си отворена, ни контракции ќе си дојдиш в среда, не се пораѓаш дотогаш јас пак ноќта мислев ете ги болките тоа е, лажни се сигурно и кај вас.
Прва бременост ми е и не знам што да очекувам и кога и паника ме фаќа.. Имам и стврднување цело време, многу често.. утре сум на последен преглед кај матичниот после упат за ЦТГ за во 36та... па ќе видиме што се случува
Мене ме болеше желудникот во првото тромесечје огромни болки дури се имав уфилмано дека бактерија имам фатено, но отпосле сфатив дека треба почесто да грицкам нешто... Јас навикната од претходно од оброк до оброк имав минимум разлика 5 саати во бременоста тоа ми се промени скроз... Штом минеа 3-4 саати болка во желудникот ми се јавуваше огромна, приметив дека меѓувреме грицнам нешто ја снемуваше или не се појавуваше воопшто.
Мене па втора бременост ми е па сосема различна од првата, сакам да кажам еве и јас си знам да подиспаничам, ама вооглавно едвај чекам да се породам И јас утре ке се закажам за еден преглед кај матичниот, така да си ја смирам психата, додуша можи и да се поклопи прегледот со брисеви земање, ќе кажи сестрата утре.
Девојки уште пред да дознаам дека сум бремена уплативме за одмор со партнерот. Се прашувам дали е препорачливо да се оди, бидејќи сум 4-5 недела?
Јас имам искуство да ти кажам од првата бременост пред 5 год. Ќе ме пораѓаа уште од 29та, примив две дози флостерон. Нон стоп со болки со контракции, издржав на крај со провокации во 37+5 се породив. Не знаеш колку пати одев трчав готово ќе се пораѓам. Магнезиум пиев толкава доза да сите столици во текот на денот ми беа течни само. Со лесно и ќе видиш на крај ќе го молиш да излезе... Пиши после како си
Со никој не се слушнав, фина сум многу, да не замарам за време на одмор и викенд кога не е нож до коска. Претерувам така? Ама ептен ми е незгодно. Изнапиена сум сѐ можно- втора доза флостерон, но спа, ферони, утрогестани, магнезиуми, бедоксини (ќе ми излеташе срцето од тахикардија после флостеронот), секако гастрогарди, витаминска терапија..уште клексан да боцнам. Ко бабе сум, во кеса од аптека си ги чувам лековите и си ги влечкам со мене на кревет под перница да стојат да не ми затреба нешто. Океј сум, се држам. Почна психата да ме издава, ама ќе се вратам до утре, морам. Само јас сум со опстипација и на толку магнезиум, ама од секогаш си имам мака со столицата, а и плус железо земам. Ич не сум тип шо сака да трча по доктори, особено па сега кога морам да мирувам, стварно нешто сериозно треба да е за да појдам на преглед. Ми е страв дека ако слезам по скали и седам в кола до болница, ќе испровоцирам породување и си траам. Фала ти за искуството мама, многу ми даваат мотивација вашите искуства.
Здраво 5ти месец сум од прееска осеќам како да ме боли желудник или кај градниот кош не можам да одредам да не е оноа heartburn што викаат или? Совет како да помине ?