Ок фала. Мислев треба ли да знам нешто сега на почеток на бременост. Нз на што да се внимава. А за ехо ќе идам за некоја недела
Од 34та до 36та недела се земаат последните брисеви. Според мене подобро е порано,доколку има некоја потреба да има време да се превенира. Не секоја дочекува точно 41ва недела за пораѓај.
Нешто вчера и денес како малку да чувствувам некоја мала болка како пред добивање ама мала слаба. Бебето си мрда нормално ама многу ми е страв што се случува со мене, а веќе 6ти месец е. Си реков да не сум јадела некоја лоша храна, ама не. Многу ми е страв.
И јас имам некогаш такви болки последниве денови, влегувам во 6ти месец дали кога бебево мрда ниско па тогаш доболува не знам ме фаќа некогаш паника, па ќе кренам карлица на перница да отиде горе малце смируваат.. баш кога му кажав на докторот не изреагира никако си гледаше други работи проверуваше да не сум отворена немаше ништо. Баш и утре ќе прашам пак.
Веќе два дена имам болки под ребрата, горниот дел на стомакот, не знам дали е околу желудникот или жолчката и одвреме навреме чувствувам некакво стискање кое трае неколку секунди, како некој да ми ги гмечи органите во тој дел. Имам некој нагон за во тоалет,но не е потполна дијареа. Моментално сум 15та недела. Дали имате некакво искуство, дали е загрижувачки или можеби се работи сепак за стомачен вирус?
Женски јас сум во почеток на бременост, ама малото дома ми беше болно деновиве, па нормално и јас веројатно закачив. Што пиете за имунитет или вака за превенција?
Мислам дека се е во ред, имав слаби болки скоро цела бременост, нормално е малку да боли бебето расти, расти матката, ако не се издржува тогаш на доктор.
Јас имам последнава недела исто.. една недела сум пред тебе 32+5... Се надевам притиска бебе па затоа.. Дури пред некој ден ме разбудија болки во кичма и менструални болки во 6 сабајле, се напив магнезиум и две б6 и се смири за 2 саати... Бебе клоца активно..
Ај те молам пушти ми слика од кој магнезиум гел се мачкаш. Сакав да купам, на два гледам пишува не се препорачува во бременост.
Со првото изнакупив и ниеден не користев. Ме чешаа сите ради тоа копчињата за отварање. Па си користев најобичен.
Ништо посебно зошо веќе пиеш веројатно витамини пренатални а тие имаат се. Ја све шо донесе големиот префатив во оваа бременост, дека секако паѓа имунитет. Ковид, грип, стрептокока во нос, стомачен вирус... и еве сум пред пораѓај, ваљда се ќе е ок. Нема како да се скриеме од децава.
https://24apteka.mk/product/magnevital-magnezijum-hlorid-gel-гел-200ml/ Мислам дека е овој. Мајка ми ми префрли во кутивче, искрено не ми ни текна да прочитам упатство.