Не е ништо страшно и трае 40 минути максимум. Те носат во сала со количка, ти ставаат спинална седната додека си, те легнуваат и вадат бебе. После одиш на интензивна дур не почнеш да осеќаш нозе. Има многу луѓе во сала освен гинеколог... анестезиолог, сестри, болничари, педијатар. Кај вас претпоставувам повеќе педијатри ќе има за да го преземат одма детето. Јас испаничив несвесно на сред интервенција 180 ми се качи пулсот, ама има анестезиолог и одма ме боцна со нршто да се смири. Така што не се грижи за тоа
И јас осеќав понекогаш такви тресења, докторката рече дека е нормално. Бебињата имаат такви брзи рефлексни движења бидејќи сеуште не им е убаво развиеннервниот систем. И во првите месеци од животот ги имаат тие движења како вибрации, после со тек на време намалуваат и си добивват контрола на движењето на рачињата и ноџињата.
@Happy mother Без грижи и со позитивна мисла ќе биде се во ред. Зачлени се во групата Предвремено родени деца на фб, ќе прочиташ многу позитивни исуства. Прематурците се неверојатни борци.
Јас со хроно ( што е многу слично на кето нели ) се хранев повеќе од две години. Кога останав бремена престанав да се хранам по хроно т.с почнав да јадам овошје,мед .. а со тоа се прекинува кетозата нели. Во подоцните месеци јадев и уште многу други работи. Не ви ти препорачала кето за време на бременост Али изборот е сепак твој
Има аплилација за следење бременост Pregnancy зелена со 2 бели стапалки, во неа има неделен план за исхрана. Чисто како идеја да ти дојде. Имаш и програми за трудници мислам на Драгана фитлајф беа. Самата бременост ќе диктира реално, важно внесувај балансирано.
Здраво девојки 30 недела сум моментално и пред 10 дена крвната слика покажа дека ми се ниски тромбоцитите. Ми даде докторот андол протект да пијам и денес пак да се испитам. Денес повторно ми се уште пониски од минатиот пат. Бидејќи живеам во Струмица ми кажа ако се пониски од 100 до крајот на бременоста ќе требало пораѓајот да се одвива во Скопје. И не е толку проблем за во Скопје бидејќи јас сум од таму и моите родители таму живеат но ме плаши демот кога ќе дојде како јас би отишла со болки до Скопје. Дали некој има слично или исто искуство секој совет ми е добредојден
Во принцип има време да се стигне. Мене ми пукна водењак сред ноќ, се јавив одма во болницата и докторката ми рече само смирено и полека возете, ќе стигнете има време. Од Охрид до Битола патував со контракции на 4 минути при крајот. Многу брзо се одвиваше се' кај мене и завршив на итен царски, па пак имаше време и заврши во најдобар ред. И сум екстремен пример. Премногу пријателки од Охрид и соседни градови исто патуваат за Битола , без никаков проблем апсолутно. Таму си чекаат за природно породување во соба, ништо страшно. Додека дојдат вистинските контракции има повеќе од доволно време. Во најчест случај, би те фатиле нормални болки на поголемо растојание и ќе имаш време да стигнеш до Скопје без проблем. Уште поубаво ако можеш од 38-39 недела да си поседиш кај твоите.
Dali otkako ke mi zavrsi odmorot treba odma naredniot den da otvoram porodilno, a pred toa sum bila na patoloshka? Nema da otvoram obicno boleduvanje bidejki skoro i ke se porodam pa da ne se maltretiram za dzabe. I dali ponataka firmata si nosi dokumenti vo fondot jas samo da im ispratam otvoreno porodilno? Vi blagodaram
Или породилно или обично боледување , јас планирам ако ми остане некој ден фазла после одмор и пред пораѓај да ги покријам со боледување од општ матичен .
Здраво мешиња Дали некоја си има искуство со ниски тромбоцити во бременост? Се друго од крвната слика е супер само тромбоцитите почнуваат пак да паѓаат. Во првата бременост истото ми се случи и со терапии бев (декортин и клексани) и пак џабе, си паѓаа до породување. Не сум паметна како да ги опоравам. Овие мои деца тромбоцити мезат не железо.
Здраво , нова сум на форумот Сакам да се консултирам во врска со ЦТГ контролите. Денеска сум 35+1 па ме интересира дали со полни 36 недели се оди или? Навистина имам заборавено од претходната бременост ( дури 6 години ) , матичната не ми спомена ништо а на редовни контроли си одам во Систина. Наредната недела имам закажано преглед ( би била полна 36та недела ) сигурно би правеле и ЦТГ па ме интересира дали неделава да се оди или не. Убав ден
Јас откако почнав да боцкам клексани ми се покачија тромбоцитите во нормални граници. Претходно цел живот ниски ми беа. Јас сум со мутации, ако не си испитувала, да провериш?
Тоа не ми текнало да проверам, после породување сами се регулираа па не им придадов нешто многу значење. Ама не е на одмет ќе проверам. Како си ми ти мама?
Здраво,дали е потребно да си направам ехо на срце за мене,пошто осекам кога легнувам да спијам некоја болка во градите,како стегајне,и тешко дишење,некогаш и малце болка во грб.Можи е нормално ,не знам,ама онака сакам совет ако може.Пулсот ми е 120 најмногу.27 недела сум.Позз
Не се оптеретувај многу со тоа. Се знае што е штетно како цигари,алкохол... храни се добро ама некогаш дозволувај си и не толку "добра" храна. Верувај парче торта,некој кекс или чоколада нема на никој да наштети. Уживај си во бременоста