Fala na poddrskata, znaci sekako zatoa sto samo nie mojme da se svatime najdobro edna so druga KuklickaSk za koga ti w zakazan carskiot?
И јас имав такво чувство пред царскиот, не се грижете се ќе биде во ред, од ко ќе помине лесно е да речиш знам, ама така е, поминува брзо се, јас колку се плашев еве го од 6ч на цицка е обесен како пред 2 год да било ми е сега ќе стани баткото и така @mcokolada @*Milicka*
Добро утрооо 28 недела сум вчера вечерта од сон ме разбуди болка како грч , како некој со нож да ме пресече траеше неколку секунди во долниот дел од стомакот. Ептен ме фати паника . Нормално ли е ?
Добро утро мајки, Јас сакав само да ве известам дека утрово се породив, 27 г.н. Толку издржавме. Добив болки во 2ипол, пробаа со инфузија да ги смират болките,но немаше успех. Јас добивав појјаки болки. Во 3 часот бев околу 2 прста отворена. Течеше инфузијата до 5 со надеж дека нема да се отворам и дека ќе престанат болките,ама ништо. Во 5 и 15 ме качија во родилна сала, го извадија серклажот и јас веќе бев отворена 7 прсти. Немаше време за епидурал, за помалку од половина час се породив. Бебето се родо 1кг, се молам на Господ да напредува и да биде добро Ви благодарам на сите за поддршката и за вашите искрени желби за успешеб крај на нашата приказна. Сега останува мојот мал херој да се избори и да излезе како победник од оваа ситуација
Да е жив и здрав малиот борец мајка Лесно закрепнување на тебе, не се секирај како што прочитав во систина си. Таму имаат супер неонатална нега. Се ќе биде во ред. Одмарај сега
Мајкичка мила, бебо да е живо и здраво а ти побрзо да закрепнуваш. Те чекаме со убави вести следниов период, биди силна ќе биде се во ред
Жив, здрав и од Бога благословен да е бебарко. ❤️ Бог нека го чува, сѐ да биде во најдобар ред. Само верба имај мами, ќе се изборите заедно!
Живо и здраво мајка бебчето, малите бебчиња се најголеми борци ќе ти го докажува тоа секој ден твојот херојПобрзо опоравување и само позитивни мисли
Здраво на сите ќе ве молам за совет и ваши искуства да споделете... Прворотка сум, па ќе ве молам за разбирање! 39 +6 Како термин на бебе по негови мерки ме водат бебе 38 + 3. Откако влегов во 9ти терам прегледи и цтг редовно... Денес бев на преглед, прво цтг па вагинално па ехо... Докторката ми рече дека сум скроз затворена (баш вака се изјасни). На ехо рече дека бебето е горе не е спуштено, плодовата вода намалена; Ме праша како сакам да биде породовуњето, дали се одлучив реков не знам да пробаме природно... Ми закажа преглед за идниот вторник, дека до тогаш ќе има плодова вода па тогаш да одлучиме... Ве молам за совет и Ваши искуства... Дали треба да чекам да дојдат болки или сепак да не ризикувам да закажам за царски...