Ви се десило да ви згрешат пол? Бебето цело време машко ми го водеа, во 26та недела ми рече докторот дека е убаво наместено и дека е женско и дека е сигурен во тоа. Претходно и он самиот тврдеше дека е машко. Идам напоредно и кај матичен и кај приватен у Ремедика и сега не знам на кој да верувам. Си сакам да е женско нормално, две машки имам, ама без оглед дека премногу се израдував, се мислам дека наредно па машко ќе речат. Не дека е ова некаква мака, ама сакам да знам чисто дали на некоја се десило со оглед дека е 21ви век и као технологијава е апла отидена напред...
Се е индивидуално може и да се спушти. Ако се пораѓаш во приватна оди природно па ако згусти имаш опција за царски бар си пробала природно.
Обично папчаникот им е меѓу нозе па затоа знаат да згрешат али во 26та недела ако е убаво наместено и ти кажат дека е женско тогаш стварно е женско.
Мене со двете бремености ми погодија во 12та недела на прв скрининг. На втор скрининг само ми потврдија. Со првото ми погоди Петрова,со второво сега Димчев три пати потврди женско е и готово. Има доста случки каде што до последно им грешеле пол до последно. Иако не знам како грешат со ваква технологија и нели кај стручни доктори идеме..
Да пишам апдејт. 23 недела,женската е супер. Втор скрининг помина,провери се'. Во најдобар ред е. Расте и е цели 500 грама љубов. Отидов поштено да пазарам нешто розево и се расположив. После ужасниот вирус и следење плодова вода ,на крај се заврши се во најдобар ред. Да здивнам сега некој ден.
Да мене матичниот ми кажа женско дека е после не прашував нигде на скрининзи дали е машко или женско не ме интересираше само да е живо и здраво да си родам живо дете ми беше најважно до крај да ситерам. На крај во 8ми месец ми вика ти кажав ли пол му викам да женско ми кажабте ми вика не машко е не бев разочарана што и да е живо и здраво само и мајка и бебе. Среќа јас немав ништо купено за женско бидејќи имав внука. Нека е ѓиво и здраво што и да е секоја мајка ппсакува женско дете тоа е не го бираме ние какво ќе биде. Еднаква е љубовта дали машко дали женско
Кукличка, кога ти закажа преглед? Јас и ти сме тука со крајните термини, полна 38ма сум денес и јас. Прво се мислеше за понеделник, ама 38+6 му се гледа многу. Не сака да ме остави толку, па ми закажа за во петок. Ни цтг, ни преглед за цервикс, ништо. Во ред си е бебето, се гледаме и толку. Правевте цтг вие?
@Marsic Мене во 16-17 двајца доктори во различни ординации ми рекоа женско. Сега во 28ма истите двајца доктори ми рекоа дека е машко. Што сака нека е, само да е живо и здраво. Инаку и јас го гледав ехото, и после барав на интернет како треба да изгледа и вистина изгледаше како да е женско тогаш. А сега, баш убаво се виде машки полов орган така да најверојатно е машко . За сигурно ќе видиме кога ќе се роди .
И мене од прва со двете ми кажаа машко и така остана до крај, сега во 25та на скрининг (покасно ми правеа) Коруноски вика машко, Јане у 26 та вика убаво е отворено, женски гениталии се, не виси ништо, женско е. Му викам Васо рече машко, вика Васо видел папочна .
Фала ти многу на одговорот... Прво ми е и сум преплашена... Па и фактот што плодовата вода била намалена уште толку ме загрижува и си правам лоши филмови... Да во приватна сум
Puls 130 ,pritisok 115/78 nekade so terapija metildopa 3×1 na den.Pulsot ne e sekogas ist varira.Sega me fati bolka vo gradi.Dali da odam na doktor?
Да, ист термин имаме значи. И јас од денес 38. Во четврток сум на контрола ваљда ќе каже термин... правев 3 пати цтг до сега се е мирно... и цервикс не е ич скратен...
е коруновски многу го фалат дека не утнувал во пол барем ми го имаат многу фалено за тоа дека има незнам каква технологија чудо да утнал
Нормално ли е да се познава стомаче на 13та полна недела? Мене ми е чудно оти знам некои девојки/жени дури на 20та недела дури им се познава по малце. А не може да сум подуена оти веќе недела сум така. Цврст испакнет стомак.
Е и мене така за второто, па не ми се веруваше се додека убаво не и ја фатија дун*ата на ехо, кај Димчев на скрининг Баш се гледаше З меѓу нозе (си ја чувам таа сликичка ).