@IRBBB честитки, да сте здрави и живи и двајцата! Јас вчера бев на преглед,22ра недела сум и полека почнувам да чувстувам клоцања.Можеби некоја недела покасно кај мене се јавија,ама ете, битно ги има.Се е во ред и брисеви и херпес симплекс испитувањата и гестациски дијабет, можам да дишам мирно бар некое време. Беше измерен мешко 495 гр. Ова вчера беше втор скрининг па подетално ги гледаше сите делови од телото и главата и ми олесна кога знам дека сите параметри се добри. Ми даде упат за кардиографија чисто за да си го имаме како документ и да се видат убаво преградите на срцето. Тоа тек за 2 недели ќе го испитам. И уште нешто. Прочитав негде трудничка несоница имале труднициве, па да се пофалам тоа кај мене не важи. Спијам ко заклана и тоа во 10 и пол навечер легнувам, терам до 7 утрото. Многу си се наспивам. Со синко заедно си легнуваме.
Ако ти е утеха имам другарка остана бремена со тројка, се породи во 7ми месец, едвај ги дотера и до таму, ене ги сега се по 12 години дечињата. Друг пример ми е газдарицата, седмомесече и бил малиот, ене го исто 12 години. Трет пример сега тазе пријателка исто во 7ми, бебето и беше во болница додека не направи килажа, сега е дома и одлично напредуваат. Се ќе биде во ред. Чим пред 12, 15 години се' се средувало, ќе биде се ок и сега. Давај ни апдејт, ама пошо имам јас уште 2 месеци на темава секако, ќе се читаме и ќе ни ја пишеш и ти твојата среќна приказна во темата Породилни приказни.
Prv se pravi okolu 12 nedela, vtor od 18-24 nedela. A za tret mislam e mnogu rano 28ma i e opcionalen. Nekoi ne go ni pravat voopsto toj tret skrining.
Јас ќе го правам секако, плус дека со близначиња сум. Инаку мислам дека истото се гледа отприлика како на втор, се мери бебето, се гледа како е поставено и сл
Многу трудници не го прават мила, јас ќе си го направам здравје зошто сум општо паничар што цела бременост тера се по правила прописи нешто да не утнам, мислам дека на државно не го ни препорачуваат.
Нема потреба од 3 скрининг, секако кај матичен гинеколог одите, таму се му мерат, тоа е скринингот. Кај мојот матичен секој преглед како скрининг му беше, секогаш се детално мереше. @IRBBB Честитки мајка, да е жив и здрав Лазар, да ве радува
Од 28 до 32 се прави третиот. Само мерките се проверуваат со последниот скрининг ,и дали е се во ред со протоци.
Дали може да се прави и сега во 28 недела , дали е се во ред со протоци?Еднаш правев во 20 недела,за срцето на бебе,мо рече пак во октомври.Тоа е она што се вика доплери?
Дали матичен го прави тоа? И пак кога ќе одам за фетална ехокардиографија дали таму може да се мери проток на крв?
Доколку матичната види дека треба да се прави дополнително ехокардиографија и детално да се гледа срцето ,верувам ќе те прати на специјалист. На ехо гледаат и протоци и се' што треба.
Кај мене беше се ок,ама демек како преппрачливо било да се направи фетална ехокардиологија.Појдов еднаш кај Др.драшко во Прилеп,беше ок се,ама ми рече дојди пак во октомври,како уште една рутинска контрола.Мн трудници знам не го прават тоа,ама мене ми е мисла оти послабо ми е активно бебево.