Мајка одмарај. Тоа е што е,мора да одмараш. Уште од кога ти кажаа требаше строго да мируваш. Морално е да имаш помош околу децата моментално. Треба да го направиш тоа најпрво за себе,потоа и за бебето. Уште е многу рано,дај боже да издржиш уште некоја недела.
Пробај со Тафен, мене ми е дозволен од пулмолог, реетко го користам, дали 3 4 пати а во 8ми влегов, ама многу ми помага. Моментално и јас потешко дишам, што од бебе што од алергиски ринитис(одамна тоа си имам) сабајле прснав и ми олесна. Дај боже и тебе да ти олесни.
Така е требаше одма построго мирување но со деца некогаш и самата навика тешко е да оставиш навиките на детето твое си ги знаеш и сега тоа нервозно мама ја бара ама што вели докторката и тоа во стомакот е твое.
Спас за киселиниве има или тешко Мислам дека све што постои пробав не се издржуваат По цели денови по цели ноќи. Гастрогард ми помагаше сега веќе не .
Рупурут, соленки кај некои трудници помагаат, кај некои кикирики, сум чула разни варијанти, пробај нешто, мене у 6ти многу ме напаѓаа сега во 7ми ми се изгубија. Нека остане така инаку знам каква е маката. @Dzulija* 3 недели разлика сме биле ние, чувај се, одмарај и ќе се породиш и ќе продолжиш да си функционираш нормално. Беба ме сотре. Јас вакви кикови сум немала до сега, како на сец јаки удари, не е штуцање, баш е клоцање. Уште од сега и е тесно, кај и е крајот...
Смее ли да се пие малтофер во бременост ? Дека ми ги донесе татко ми од Бг. Ептен помагаа за железо, е сега дека сум трудна па да прашам дали смеам?
Јас се породив сабајлево супер поминав минимални издржливи болки Ви посакувам на сите дс си поминете лесно и да се гушкате сп бебушки
Mene mnogu mi pomaga koga imam kiselina kasnuvam nekolku zrna leblebija I mi ja snemuva kiselinata probajte
Откако приметивте дека почна да ви паѓа чепот после колку време се породивте? 36+1 сум мислев дека барем до следна недела ќе тераме ама сега на бришење гледам црвени конци, вчера на контрола бев 1 прст отворена и бебето си е доле ниско наместено. Не знам што да очекувам
Нека ти е здраво и живо бебенцето, Бог да ти го чува и благословува. На мој ден. @Larea чуј се со докторот што треба да те пораѓа, да не се отвараш брзо или евентуално да не треба да одиш пак да те ѕирне. Со лесно мајка.
Здраво, јас сум 24 недела од почетокот на бременоста тсх ми е околу 3 и нешто сега ја испитав и многу е намалена 0.7, веќе две години пијам Еутирокс од 25 е сега пошто многу се намалила (секако ќе се слушнам и со доктор) дали се прекинува или се намалува дозата, некој со вакво искуство?
Да ти ја прекине нема никакви шанси. Може да ја намали дозата. Се надевам немаш пиено еутирокс пред вадење на крв. Најверојатно ќе ти препорача да ги провериш и другите хормони ,да види што довело до тоа ТСХ да се намали.
Никако не смееш да пиеш терапија пред вадење на крв. Резултатот ти е невалиден. Консултирај ендокринолог што те води,и повтори го испитувањето.
Јас бидејќи ќе се пораѓам во Ремедика , вчера бев на преглед 35+ и почнавме со подготовки , прво ЦТГ вчера и ми земаа крв за испитувањето што го пиша . За државно незнам каква е процедурата .
Jas karsi Beko, vo Zeleznicar zdravstven dom, bez upat, samo so licna karta. Okolu 400 denari bese, ne znam tocno, odamna ne sum pravela.