Значи ти си 5+0 и премногу е рано да се види на ехо особено ако е покасно зачнато. Значи треба бета хцг да ти е 2000 па да се види како што треба во моментпв тебе ти е најбитно дека е во маткА а за се понатака пополека за 1 недела ќе отидеш и ќе видиш до каде си. Не паничи за џабе
Дали ве болат препони и кичма? 26та сум,божем рано ми е за вакви болки.. Ако седам пола саат,едвај се исправам,се укочувам. Како е кај вас?
Здраво Дали некој пиел чај од лист од малина? Гледам се препорачува за полесен пораѓај, но не знам каде да најдам во Скопје.
Овулацијата ми беше на 12 13 дрн евентуално бидеќи следев фоликул, плус осетив болка така да нема птомашај, нема како да е касна овулација
Саботата бев кај матичниот, има посовремено ехо и детално го мереше брбушко, но не ми спомна ништо за постелката а и цервикс не ми измери. Се мислам сега дали да појдам во ре медика, тамо го правев 2 скрининг кај Др.Афродита и мн убаво ми објасни
Не можев да го редактирам мислењето. Во матичната книшка кај постелка ми стои + - во 26 и 30 ГН, дали некој знае што значи
Од денес 33 недела, кога летна времево не ни осетив. Следната недела за последните брисеви и после тоа ќе се оди во болница за цтг Вака лесно се осеќам, само со спиењето ми е проблем едвај чекам да можам пак на стомак да спијам. Сеуште одам на работа и планирам уште овој месец, па после боледување од гинеколог и да отворам породилно на ден од пораѓај ако ми оди се по план кога ќе ми текне дека ќе треба да го оставам после на 9м.. Сеуште ништо не сме купиле за бебе ама има време, до душа поголемите работи ги имаме веќе од бато остануваат само некои ситници. Го прашав бато што сака да му донесе бебе кога ќе се роди вика диносаурус па планирам тоа да му купам како поклонче од бебе Детево ми се смени многу последниов месец, како да здиве, збори глупости, пцуе баш прашав и во градинката дали збори некој и ми кажаа дека да и од таму и он слуша и збори.. ако не му е нешто по ќеф одма се нервира писка мислиш го колат, којзнае како ќе биде кога ќе се роди и бебе
Јас си носев обичен ранец, за првиот пораѓај по тренерки/патики заминав, лајт облечена. Најбитно ми беше да стигнам после припорачував работи, пример барав “дезодоранс” што нема никаков мирис, оти на тоа не помислив па си го инав спаковано стандардниот. Пред бегање кога ми носеа облека за мене и бебе тие ми беа спремни во торбата што е во комплет со количката. Имам мајчина книшка, ама и испечатени ми се брисевите од 12та нед, сега од 36та, крвна и РХ фактор. Еве во Плодност што бараат, ако ги немаш ги прават секако, ама се доплаќа.
Тие што ви е втора или трета бременост, дали се чуствувате исто како и првиот пат, пр. симптоми, храна, промени на телото? Мене ми е втора и овој пат се осеќам поразлично, немам толку лошење, одбивност од храна, ама затоа нервоза и замор многу поизразени. Во првата бременост секој ден спиев на попладне оваа иако сум уморна не ми доаѓа сон. Само сакав да разменам мислење
Ооо секоја бременост различна бремена сум за 3 то. Секоја различно носење, симптоми. И ништо не е точно за машко женско кога ќе ќажат за носењето или за храната. Со лесно која недела си?
Здраво, Двете бремености тотално различни со првото како да не бев бремена никакви тегоби, гедења, најнормално без проблеми. ( машко бебе ) Вторава уште не сум породена од самиот почеток со мачнини, несоница , замор, лошење од мириси вкусови.... не знам не знам.... (женско бебе )
Фала мене ми е 10 ноември термин ако издржи бебе до тогаш но да немаше ризик за предвремено раѓање можеби терминот ќе се продолжеше за 1недела бидеќи покасно сум останата. Тебе кога ти е термин, како се чувствуваш?
Мојот големиот од ко се роди бебе многу е некултурен, на сите будала му вика, се лути, има испади, сега веќе е подобро 43 дена е бебе, а многу го сака, само оди го гали го бакнува, ако му речат ќе ти го земиме бебето, вика се лути, кара по луѓе, лудница е... ама спрема што очекував подобро е