Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    идни мамички абе да ве прашам не е за мене прашањево. Нормално ли е на почетокот на бременоста да се чувствуваат болки, не силни но онака да се чувствува некоја болка во првите 3 месеци?
     
  2. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    Да нормално е не се секирај само уживкај во бременоста ;)

    Инаку пронајдов текст за породувањето и каква е боката при породување(за meU,nadege и сите останати кои ги испуштив, а кои се при крај :) )
    Секој знае дека раѓањето боли. За време на бременоста и јас нон-стоп мислев на болката и кога еднаш се исеков, почнав да кукам: Олеле, колку ме боли! Како ќе го истрпам раѓањето, ако само една исеченица толку ме боли...?

    Моите зборови ги чу една акушерка. Таа не ме смири дека нема да боли, туку рече: “За време на раѓањето болката е сосема поинаква, таа е конструктивна”
    Тогаш не разбрав што значи тоа. Сега, по раѓањето, ја опишувам како болка за време на работа, на која не и обрнуваш внимание, бидејќи си концентриран на работата. Знаеш дека таа болка е за добро и претходно се подготвуваш да ја примиш и управуваш. При исеченица чувствуваш самосожалување, бидејќи не си била подготвена за толку силни болки.
    Конструктивната болка може да се претвори во одличен советник, ако умееш да ги разбираш нејзините сигнали. Основната функција на таа болка е да ти покаже што треба да правиш, за породувањето да помине со лесно. Еден час по раѓањето на бебето, веќе не се сеќаваш дека си имала болки.

    Секогаш ли одат под рака болката и раѓањето?
    Како настанала претставата за болните породувања?
    Книгите и филмовите имаат огромно влијание врз јавната свест. Ако авторот сака да ги заинтересира читателите, опишувајќи го породувањето на главната хероина, тој претставува епизоди преполни со драматизам, страдања и маки.
    Во 50–те години на XX век англискиот акушер Грентли Дик-Рид по долгогодишната пракса во Англија и Африка си го поставил прашањето:”Зошто претставничките на некои култури раѓаат лесно, а други со судни маки?” Во својата книга “Раѓање без страв” тој прв ја следи врската меѓу стравот од болката и самата болка. Тој пишува:”Стравот од болката провоцира напрегање на мускулите од матката, ја зголемува напнатоста и се јавува силна болка”. Таков исход се забележува во многу други ситуации, на пример: чувствуваме потреба да посетиме тоалет, но ја немаме таа можност. Не се осмелуваме да ги опуштиме мускулите што го држат сфинктерот затворен и продолжуваме да чувствуваме болка, често многу остра, додека не ни се даде можност да го испразниме мочниот меур. Природните контракции не треба да создадат никакви болни чувства, ако не се придружени од страв и тензии.
    Се што предиспонира опуштање на телото и мир, го стимулира создавањето на ендорфин (хормон на радоста), кој е природен аналгетик. Постојат најмалку седум типови на ендорфин и секој од нив нема помала сила од влијанието на инјекција морфиум.
    Значи организмот на жената може сам да произведува лекови против болка. Но механизмот на одделување на ендорфин е многу кревок и зависи од вкупната емоционална состојба на родилката. Загриженоста може да го спречи лачењето на овој природен аналгетик.

    Од каде доаѓа болката?
    Физиолошката смисла на секоја болка е една: таа му дава знаци на организмот за кршење на природните процеси. Самото раѓање не е нешто деструктивно за организмот на мајката, тоа е сосема природен процес. Мускулите на матката имаат малку рецептори за болка. Најчесто болката се јавува во мускулите околу матката и се локализира ниско долу во стомакот, или во областа на крстот. Вистинската причина за породилните болки е мускулната напнатост, што им пречи на нормалните физиолошки промени кои се случуваат кај жената за време на раѓањето. Стравот од раѓањето и загриженоста, ја зголемуваат мускулната тензија, жената дава отпор на отворањето на грлото на матката и движењето на детето, а во исто време матката со сите сили го турка детето надвор. Мајката најчесто, понесена од болката, сама ги затвора вратите на детето кое се раѓа.
    Покрај тоа, стравот и напнатоста водат до одвојување на катехоламини (хормони на стравот). Под нивно влијание крвта од матката се фокусира во рацете и нозете, бидејќи стравот и напнатоста го подготвуваат телото за бегство. На овој начин се нарушува нормалниот доток на кислород до матката. Недостатокот на кислород може да е резултат на неправилно дишење бидејќи до мускулите не стигнуваат потребните ресурси и настанува болка.
    Распространето е мислењето дека сите луѓе имаат различен праг на толеранција на болката. Она што за едни е лесна непријатност, за други е неиздржлива болка. Покрај тоа перцепцијата на болка може да се разликува од ситуација во ситуација: Забоболката во текот на ноќта е неподнослива, но ако гледаме интересен филм станува скоро незабележлива. Стресот и загриженоста ја засилуваат перцепцијата.

    Што да правам?
    Стравот од болката не тера да се напрегаме предвреме, што доведува до настанување на болка. Силната болка не плаши уште повеќе, тензиите се зголемуваат, болката се засилува итн. Што да правиме? Треба да го раскинеме овој синџир, да одделиме барем една алка од него.
    Ако Ве боли, не треба да трпите превиткувајќи се со стиснати заби. Движете се, ориентирајте се според своите чувства. Не паничете и не и се спротивставувајте на болката, туку обидете се да си напомнете зошто Ве боли. Можеби не се опуштате доволно, можеби се плашите, дишите неправилно и така го нарушувате дотокот на кислород во мускулите на матката.
    За време на породувањето префрлете го вниманието од своите непријатни чувства, на чувствата за бебето. Раѓањето има многу посилно и поважно значење за бебето, отколку за мајката. Жената го разбира процесот на раѓање и може свесно да влијае на него, додека бебето не знае што се случува и е многу ранливо во овој момент.
    Подготвувајте се за породувањето, пречекајте го без страв и запомнете дека тоа е многу силен емотивен момент кој, со правилен пристап, може да стане најубавиот момент во Вашиот живот.

    Совети:
    - Не слушајте кошмарни раскази. Подобро побарајте литература за безболно породување.
    - Не се приготвувајте за фактот дека страшно ќе Ве боли. Подгответе се да ги надминете чувствата на неспокој.
    - Научете се да го опуштите телото и да ги отстраните лошите и загрижувачки мисли.
    - За да го намалите неспокојот потрудете се предвреме да ја посетите породилната сала и да се запознаете со лекарот кој ќе присуствува на породувањето.
    - Мислете на бебето. Помагајте му да се движи напред. Во овој момент обидете се да се убедите дека Ве чекаат незаборавни моменти со Вашето бебе.
    - Замислете дека сте цвет кој расцветува. Ова ќе Ви помогне да не се спротивставувате на природниот процес..
     
    На Dazey, meU и nadege им се допаѓа ова.
  3. nadege

    nadege Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    :clap: fairy88 ти благодарам сонце, навистина поучен текст кој многу ќе ни користи. кој размислува позитивно само позитивни нешта можат да му се случат :!: така да мамички без страв :$ во тој момент сме му најпотребни на бебчето. природниот процес не е траума за телото така да не треба да е и за душата, не треба залудно да си поставуваме прашања кои сега во моментот не можеме да си ги одговориме треба све да препуштиме да се одвива само од себе. :*
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cacush

    Cacush Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    32



    Здраво :)
    Јас колку што сум информирана нормално е да ти паѓа косата во текот на бременоста но и после тоа. Една пријателка ми кажаа во шампонот да ставам бедоксин околу 8 апчиња кој помогнуваат при опаѓањето на косата, но сеуште не сум пробала. Поззз
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.586
    Допаѓања:
    104.241
    Пол:
    Женски
    Јас имам слушнато за Бкомплекс, цело кесенце или цела лентичка, зависи како се купени, ги толчиш ги мешаш со малку шампон, ги враќаш назад и на секое миење убаво протресуваш за да измеша лекот. Деновиве ќе ставам па ќе видиме резулатати, вика заменува и маска и регенератор и се, многу било добро, а опаѓањето наскоро прекинувало ;)
     
  6. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    Женски фала на одговорите инаку користам ваков шампон или од истата фирма само брезов [​IMG] е сега само уште да додадам бекомплекс па да видам дали има подобрување.Ако не ќе си одам келава на млади години :lol: .
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Провери го железото. Обично во бременоста ако е се во ред би требало косата да стане поцврста, додека после пораѓај поради нагла промена на хормони, пад на железо опаѓа.
    Мене цела бременост, косата ми е ептен цврста, дури ни влакно не ми паѓа. Којзнае како ќе биде по породувањето.
     
  8. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    И јас не верував дека болката по пораѓајот се заборава, се мислев дека ке ја памтам ама ете таа болка се заборава.. така да џабе само ќе мислите и ке се нервирате колку и да се мисли кога ке дојде денот мора да искочи и готово :)
    Јас додека имав болки седев , се масирав на грбот и при секоја болка си викав еве оваа е последна после ова ке си го видам малечкото :) Така да само позитивни мисли, не слушајте лоши случки тие се 1 во 1000 .. мислете само како добро ке поминете :)
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Ајде немој да се плашиш со царски не е ништо страшно.Јас и двете така ги родив и како тебе се плашев дека нема да се разбудам,па еве ме и по 10 месеци од раѓањето на второто тука меѓу вас ;) Сите трудници при крајот колку што се нетрпеливи,толку се и исплашени и тоа е нормално особено ако е прво дете.Како за промена од утре почни да си го замислуваш бебето,како изгледа,какви очи има,на кого личи ,како го гушкаш,му се смееш и верувај ќе ти биде полесно.Црните мисли така да ги бркаш!!! Тоа што некому му се случило не значи дека ќе ти се случи и на тебе,еве јас сум меѓу тие на кои ништо лошо не им се случило.Ако сакаш почни да мислиш на мене :rofl: и на сите како мене,а на форумов не има многу.Главата горе и само позитивни мисли !!!
     
    На Elenika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Бидејќи паковањето е помало мислам дека 5 Б комплекс и 5 Б6 апчиња ќе ти се доволни. Јас користам така подготвен шампон и косата ми е одлична. Позз

    Ова е дел од статија која ја најдов на една интернет страница поврзана за тежината на трудницата во текот на бременоста.

    Недела на бременост
    Добиена тежина до таа недела на бременост
    12 недела -1,5 - 2 кг
    16 недела - 2,5 кг
    20 недела - 3 кг
    24 недела - 4,5 кг
    28 недела - 9 кг
    32 недела - 11 кг
    36 недела - 12 кг
    40 недела - 12 кг
    Вкупно добиената тежина се состои од:
    9 % постелка
    38 % дете
    22 % крв, останати течности
    20 % матка, гради, задник, нозе
    11 % вода на плодот

    Ако во бременоста сте се здебелиле околу 13 кг, не би требало да имате проблем со „враќањето на старо“, односно со слабеење на вишокот на килограми.
     
    Последна измена од модератор: 9 април 2017
  11. nana2112

    nana2112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    409
    иако сеуште не сум член на оваа група се надевам дека во најскоро време ќе бидам и нема ден а да не ја читам темава честитки и за двете мамички што на свет донесоа две бебенца нека бидат живи и здрави и големи да растат да бидат гордост на родителите и нека се множат уште многу трудници и бебенца на форумов бидејќи од кога се дружам со форумов и од кога споделив овде за мојата мака ми е по лесно ама се надевам за наскоро време ќе идојде крајот на мојата мака и да ви се придружам овде на оваа прекрасна тема поздрав до сите :hug: :hug:
     
    На NoellePage и kravce им се допаѓа ова.
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    Ок Дејзи утре планирам одам до аптека и ќе земам апчиња б комлекс, баш да видам какви ќе се резултатите.Инаку мене еден ден ме нема да се уклучам на форумот и многу новости се случиле.
    Меу и Ноел честито бебушчиња да се живи и здрави и да не не забравете да не дружете и прва прилика да пишете во породилни приказни како поминате :*
    Да се пофалам и јас вчера забрави бебушот мој го осетив прв пат како мрда.Многу интересно чуство е не можам да го опишам :inlove:
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.253
    Пол:
    Женски
    Ве молам честитките во соодветната тема, да не се полни оваа со честитање, се губи прегледноста, можеби некоја членка има да праша нешто, па прашањето ќе остане изгубено во постовите со честитки...
     
  14. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    мешковции се наспавте ли? :) Јас не :tmi: денес нешто не се спие, неможев да се наместам, се ми сметаше и на крајот се изнервирав и станав.
    И за тоа сега си направив едно убаво кафенце со многуу млеко :D (моето повеќе личи на млеко од колку на кафе ама ај колку да се рече) и кој е за кафенце слободно нека помини има за сите :coffee: наздравје :*
     
  15. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Јас :) Може едно кафенце и за мене, во друштво секогаш е послатко :P

    Инаку јас немам проблем во спиење, си спијам најнормално како и пред бременоста, немам никаков проблем во положбите и сеуште и на стомак си спијам, без потешкотии :) Овде денес времето сончево ма еден ветер ќе те однесе, доаѓа зимата леак полека..
    Поздравче и од мене :hai:
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    како бре уште на стомакот спиеш?? како е можно? Јас неможам да легнам на стомак :( почнува да ми станува гооолем
     
  17. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    некако имам чувство дека тука сите оние кои се знаат- комуницираат, ама оние кои се нови се на- игнор...Nе сакам да бидам погрешно сватена ама за било што и да сум прашала ретко кој да одговорил а некоја ке пише нешто што е нормално одамна на форумов и ете ти цел реферати...Bе сакам и почитувам сите и искрено ништо против ама ете некако тоа ми засмета затоа што ако тука не собере било која трудница искуство и замоли за совет не гледам друг начин да бидат толку искуства на 1 место...позз и секое добро.
     
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Forko, каде живееш? Сакаш некој во близина или? Јас одам во Идадија (кај АМСМ во Центар) кај др Хаџиевска, задоволна сум и работи со сини картони. Има можност и за да се закаже преглед за да не се чека. Ако сакаш ќе ти пратам број по пп. Или ако нешто плус те интересира пиши ми. :*
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Па не знам, немој да мислиш дека целосно на стомак заспивам, не знам како да ти објаснам, настрана ама малку стомакот навнатре го завлекувам, така секогаш си спијам, значи не 100% на стомак и мене ми станува голем па не можам скроз на стомак ама сакам да кажам дека малку странично и стомачно :?: не знам како да објаснам навистина :tmi: Не е битно, важно дека до сега немам проблем во положбата, па може тек од сега па натка ќе имама кога ќе почне и драстично да расне стомакот, за сега не ми е нешто голем, што знам, ми велат сите ко за 6 месец ми е мал, па се тревожам зошто ми е мал, ама па од друга страна си велам уште од сега ако ми рипне до заби па во 9 месец колкав стомак ќе имам :o ама па и кај секого е различно, зависи и од конструкцијата на телото на секоја жена, јас на пример до сега не сум здебелена никаде освен во стомакот и пак не ми е голем. Кај вас мешенца како е стомачето?
     
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    епа тоа гледам јас и ти сме наблиску со термините, и за тоа се чудев како на стомак спиеш, инаку и јас пред некоа ден кажав имам ставено 6, 7 килограми зависи во кој дел од денот се мерам :$ ама како со гледам и по алиштата на мене немам многу ставено, ама сепак моите панталони не ми се закопчуваат заради стомакот, не дека ми е многу голем ама оти пред тоа немав ич и се што носев беше теско залепено, е сега нема шанси да влезам во моите алишта, за тоа носам повеке туники, хеланки, тренерки, нешто по опуштено што не стега, и незнам како сега кога ке залади повеќе ке живеам, од кај да одам да си купам зимски труднички алишта, треба до Скопје да одам :tmi: на летните трудници им е многу по лесно од зимските трудници во однос на алиштата зборувам.