Јас имам рачна на чико, еве за второ бебе ја користам и искрено презадоволна сум во однос на цената. Да напоменам дека пумпата ја користам само кога ми се претврди, преполнети градите (со првото почесто, сега сум со новороденче и ја користам еднаш дневно, ретко два пати). За често измолзување, дефинитивно вреди да се инвестира во електрична пумпа, а особено ако од некоја причина треба долготрајно често измолзување, тогаш двојна. @Fenix05 побарај мислења за оваа пумпа, имам читано дека не се баш задоволни од електричните пумпи на lansinoh.
Јас имам уште од првото медела двојна електрична. Презадоволна. Да не беше ќе кревав само темпер. Ако можеш позајми од некој, ама за почеток мислам дека на секој треба. Јас имав мн млеко, ми се правеа камен градите а бебе 2 кг немаше сила да влече. Ќе цицаше малце и спиеше а јас во огромни болки. Па си направив залиха од колострум и измолзено. Нема подобра инвестиција. Сега за второ ќе ја користам пак, ама земав и на хаака онаква бубамара за истекување што собира ( зашто првиот пат само течеше низ блузи лом бев, вака бар да го собирам тоа млеко).
Здраво мами сакам да ве прашам дали некоја мама се фарбала во почетокот на бременоста, јас заборавив да ја прашам мојата матична дали смеам.
Јас првите три месеци не се фарбав зошто бев дома ради крварење и не одев никаде и немав потреба од фарба , кога ја прашав матичната ми кажа можам без амонијак па и сега со таква фарба се фарбам
Јас памтам пред 7 г со првата бременост се фарбав во 4 месец негде . Кога моравме во матично а сега не ни знаев дека сум бремена па се осветлував бланширав свашта неешто правев пред да добијам позитивен тест и сега ми е ептен хаос косата па затоа ми беше страв да ае фарбам тогаш ќе земам фарба без амонјак.
Имам од првото медела електрична. Задоволна сум. Имав и рачна од локо кроко ама нема споредба една со друга. Според мене вредат да се дадат тие пари затоа што на почетокот додека се воспостави лактација ја искористив премногу. И ако требаше да одам некаде ,секогаш измолзував млеко и оставав за бебе.
Слични се. Оваа гледам дека е некој понов подел. А и доста се поскапи, гледам за разлика од пред 5 години. Машала цениве.
Mnogu be pumpive. Mislite pametno e odnapred da se kupi ili da pocekame kako ke ide so mleko rabotava?
Хаха јас сега си се смеам сама дека 6000мкд ми личеше скапа онаа на Лансинох кога ги видов другиве ум ми штукна. Сигурно се добри и ептен од помош ама некако пола креветче ценава дупла е 18.000
И јас тоа се мислам дали да почекам да видам како ќе биде , викам од кај да знам дали ќе имам млеко воопшто
Јас од мое лично искуство за првото, за зимолзување колку за да ми олесни кога ми беа како камења градите ми бркаше работс една најобична рачна. После тоа ми се направија рагади ептен болни и 2 недели отприлика од едната градс измолзував, од другата цицаше бебе. Тогаш си купив електрична Лорели 2000 ден (пред 4год) и ептен ми бркаше работа. Понатаму кога имаше потреба за оставање млекце и сл ептен ми се наоѓаше. Сега еве 5/6 дена шо сме дома, беба ептеееен се успива, се измолзувам одвреме навреме. Е сеа дома имам и на Нук електрична ама од 9000ден, има огромна разлика со мојата од 2000. Ама сепак мислам дека е подобро откако ке се породите и ке ја увидите фактичката ситуација ќе знаете што ви треба.
Девојки дали на вас ви се појавиа бемки за време на бременоста. Јас имав бемки дали 5 на моето тело а сега гледам ваму таму се појавуваат
Мали? Јас ги забележав 3 нови по стомакот и една на градата баш се чудев дали е поврзано со бременоста
На прст вчера на раце а грбот од левата страна бемка до бемка сум убаво ми викаа ко мала да не ги бројам