Се радувам за вас мајка, мило ми е што нè напушташ од групата Можност за предвремено породување, во безбедни недели. Сега припремај се за доаѓањето и гушкај ги дечињата додека чекате
Но спа се за болки во мазна мускулатура (затоа смируваат и контракции), како што е спазмекс и бускопан, нема да ти помогнат за болка во половина, грб и нозе. Земи магнезиум, парацетамол, ако не си влезена во трет триместар можеш и бруфен или кетонал. @*Milicka* жива, здрава и од Бога благословена да е куклата. ❤️ Уживај мама во најмеканите прегратки на свет.
Ве молам за совет и искуство, 12 недела сум и прокрварив , се јавив веднаш кај матичниот , бебето е во ред, ми даде инекција прогестерон, но сеуште имам крв на бришење. Кога да очекувам дека ке ми се смири крварењето.
Обично после инекција прогестерон депо, крварење се смирува за 3 4 ч, потоа ќе продолжи кафена сукрвица и до 1 недела. Мирувај сега да се повлече Јас имав во 13та недела многу крварење во 16ч, запре вечерта околу 21ч а сукрвица 1 недела одпосле
Се израдував што почекавте досега .. ти посакувам лесен ппраѓај и што побрзо да си се гушкате и радувате сега
Па зависи од количина на крварење, ситуација и доктор. Јас имав 3 или 4 крварења до 13та недела и поради тоа примав неколку пати, последниот пат не се виде причина поради што доктор Димитров одлучи да примам 4 недели по 1 инекција неделно додека се смири се. Матичната пак ми е против синтетичкиот прогестерон во инекцијата и смета дека е премногу вештачки и може да се контролира со утрогестани. И дабрастонот ја има истата функција за крварења. Ќе биде ок не се секирај, само многу одмор и многу трпение
Вчера на матичен Сузана Костовска ми кажа дека сум имала лакуни на постелка. Денес отидов на Гак др ми вика нема лакуни се е ок. Примам инекции со терапија сум. Дали се повлекуваат лакуните дека јас навечер ги примам инекциите. Има ли тоа некаква врска ? Фала
Па неверувам дека за еден ден би се абсорбирале мислам дека некој од нив не видел убаво, како и да е, сепак не сум доктор да знам за сигорно,инаку имав и јас во 14 недела ми открија и ми зголемија доза на клексани на 2 во ден за неколку прегледи веќе ги немаше. Без гајле ќе биде све океј.
Немора да значи дека и кај тебе треба зголемување на дозата , да требало нешто ќе кажал и гинекологот да се видиш побрзо со трансфузиолог , јас имав и историја со спонтани и валда и тоа придонело не се секирај .
Она не ми кажа ништо. А инаку и јас исто имам лоша случка со бременост во поголем месец. Но матичната вика ти си под терапија ќе ги следиме лакуните
Фала му на Господ стигнавме до 34та . Сега секој ден, секоја недела е плус. Ако стигниме со бебуш до 36та супер ќе биде. Вчера и денеска е многу активно, дури почна да ме боли на моменти стомакот од удари и тегнење. Па посебно тие слатките ноџиња што ме маваат кај ребрата.
Поздрав девојки. Вчера околу 19 часот јадев риба и тоа ми беше последнииот оброк. Околу 21 часот осетив мачнини некои, а пола саат подоцна добив дијареја. После тоа легнав странично, ме фати нагон на повраќање повратив еднаш... после саат време повторно дијареја, повраќање... и така 2-3 пати... испив чај од нане, за 10 мин го повратив и него. Вечерва успеав да склопам два часа сон некако, ме разбудија повторно грчеви во стомак. Станав, повторно дијареја... се напив 2 таблетки активен јаглен и после 5 мин и тоа го повратив... Имате некои совети како да се справам со ова, се исцрпив? И дали да се обратам на лекар
Може да ти е стомачен, јас така бев и отидов на клиника на инфузија, да не те плашам ама ради тој вирус од 4 саати што повраќав и дијареа што имав ми се имаше намалено плодовата вода. Така да не седи дома не се оставај така.