Ве болеле ли мускулите на нозете? Денес ме кинат особено при качување симнување скали Ај да сум правела нешто ќе разберам ова од ич ништо
Мамички и јас денес се породив во Чаир на договорен царски На свет дојде принцезата 3130гр и 50цм.. сега за сега е се океј и со двете
Цел ден сум со температура, главоболка, болки во мускули. Успевам само до 38 да ја спуштам, се туширав, оцет на чорапи, компири на чело, парацетамоли два имам испиено на 8 саати разлика. Незнам што друго да направам или да одам на лекар, ама ако одам каде да одам појма немам. Давајте некој совет не се трпи више. Бремена сум 5ти месец.
Да одиш на општ матичен лекар, ќе направиш комплет крвна слика и по тоа ќе ти одреди терапија. Појачај внес на течности, петел супа, цедени сокови
Нема ни една недела како го завршив антибиотикот, панцеф пиев ради бактерија во мокрача. Значи да чекам до утре, да не одам сеа на лекар. Јас сакам да одам ама незнам каде да одам
Легни пробај да се препотиш, некој топол напиток млеко со прегорен шеќер нека ти направат отспиј и утре на доктор обавезно.
. Оди на клиника на ГАК има дежурни, ќе те видат и тебе и бебе, и они ќе ти кажат што да пиеш и како. Ќе им кажеш и дека си примала панцеф, ќе знаат они како понатаму да постапат. Ако не си добра ич не чекај. Од клиника ако ти треба нешто дежурна аптека на градска имаш и ќе завршиш работа.
Здраво, Бремена сум 23+2 недела и денес правев крвна слика. Имам покачени леукоцити во крв 12.93, а во урина 1+le70. Дали има простор за паника или е во граници на нормала? И дали има потреба од дополнителни испитувања?
Направи урино култура. Мене на мокрача ми покажа а уринокултурата ми беше стерилна, но после недела дена имав јаки болки доле кај јајниците правев пак мокрача пак ми покажа и пиев панцеф. Консилтирај се со матичната во секој случај.
Подобра сум, вртев кругови низ мало едвај одев ама ме фати воздух и подобра сум. Ќе видам ноќеска како ќе бидам.
За температура само парацетамол. Ако креваш висока можеш и 2*500 тоа матична ми кажа, јас бев болна двапати до сега, или на 4-6 саати смееш по 500 . Туширај се со млака вода, пиј чаеви, електролити обавезно да не дехидрираш од температурата, супа ти кажаа веќе и прати како ќе си. Мене ме искараа на ГАК кога мн повраќав и имав дијареа со температура, јас веќе отидов дехидрирана. Кај мене беше различно затоа што полна бев нагони од повраќање и велеа дека можам да се отворам ако продолжам да се напињам и да направам беља. Кај тебе не е таа ситуација, но сепак ако се сетиш лошо не чекај до последно. Со лесно нека ти е, времево не носи ништо убаво, само грипови и вируси.
Налет времево, денес сите ми се пожалија дека не им е добро, кој притисок кој вртоглавици. Сега сум добра 37 имам. Уште главоболката да помине и супер ќе биде. Мене ме фаќа паника зошто не ми се симнува лесно. Или бруфен или инекција, само тоа ми симнувало, ама сеа несмеам и паничам. Ама се надевам дека помина и дека од умор ми е ( кога сум многу уморна знам да качам еден ден и ми поминува). Фала ти најмногу за советите, да се чуваме сите периодов.