Ve molam dokolku imate spodelete iskustvo so niski trombociti. Kaj mene se mnogu niski utre sum na dopolnitelni ispituvanja
Јас имав во првата бременост. Ми паѓаа нагло, на клексани бев и мо велеа дека клексанитр ги чуваат тромбоцитите, но кај мене паѓаа. Доколку се симнеа на 50, ќе требаше да примам кортико, таа мислам венски зе прима преку инфузија и по потреба после пораѓај тромбоцитна маса. Обавезно консултација со хематолог и тој да види и да каже мислење. Јас гуглав, читав божем преку храна да ги средам, ама такво нешто не постои, ако треба ќе примиш терапија, само следење редовно. Колку ти се тебе?
И јас ви се приклучувам во темата по втор пат Вчера бев на гинеколог, слушнавме и срце и 7ма недела и 1 ден сум
Карлица и препони ме убиваат од болка Како пингвин се движам... Дали има некоја вака да ја боли? За кичма подобро да не се жалам.. Кога одам ме влече надоле кај карлицата мислам ќе излезе... А и со главата е надоле веќе свртено дали можеби е поради тоа? Многу језива болка...
65 mi se I jas sum na kleksani . Kako pomina na poragaj I dali posle toa ti se sredija? Ti blagodaram mnogu na odgovorot draga
Не си сама друшке кога станувам од кревет додека стартувам ми требаат 3 4 минути си куцам од болки и укоченост. Колк,препон,карлица,не знам кој дел боли повеќе. Туку тоа сакав да прашам кај мене во 27ма беше надоле ама сега ко да го осеќам цело време под ребра десно мислам се ноџиња а лево од папок ваљда глава се тегне цело време значи си е странично наместен, како да знам позиција? Удар движење над папок одамна не сум осетила,се е ниско хоризонтално. Од завчера колкови ми се утрнуваат и ме фаќаат грчеви во спиење, прв пат осеќам грч во колк и е грдо ни перницава веќе не помага
Природно се породив, со 50 или 70, не се сеќавам точно ама ниски беа во секој случај, после пораѓај веднаш ми се средија, цело време до сега нормални, во оваа бременост исто знаат да паднат ама и да се вратат во нормала а исто сум на клексан. Доколку се симнат повторно мораш да се консултираш и со хематолог. Со среќа
И јас така го осеќам цело време,ама на преглед кога бев др ми рече дека е со главата надоле. А бев убедена дека главата е десно ,а нозете лево од папок. Се така го осеќав. Не зезаат уште од сега И јас пред некоја вечер ја фрлив перницата,џабе замок правам веќе околу мене. Ништо не помага.
Здраво женички имам болки големи во пределот на половината од левата страна дали е тоа нормално? Некогаш неможам да одам или кога ке легнам неможам да се вртам од една на друга страна ве молам за совет.
Да не пие некоја аналгин или аспирин за неиздржлива главоболка во прво тромесечие ? ми рече дека не смее парацетамол во бременост
Баш вчера прашав и рече само аналгин или аспирин слободно а парацетамол никако Сега гледам некои пијат и парацетамол во бременост како и сестрами
Не знам зошто така ти кажал, баш напротив од повеќе гинеколози имам слушнато дека само парацетамол е дозволено, за се друго со надзор од матичниот. Мене ми дозволи аналгин зошто ненормално болки имав, парацетамол не ми делуваше