Туркаме уште , јас се наближувам до 36та и одвај чекам да поминат овие 2-3 дена. Одам често на контроли, цтг е мирно засега, и така. Па после да чекаме како @Dzulija* да излезе
Не знам и вие дали така ќе се чувствувате ама претпоставувам заради тоа што од 27 недела во пазење во исчекување и сега не можам веќе и докторката рече се мачиш одамна сега доста му е 39 ќе бидам сабота треба да ми помогнат. Ама јас со два ума еднаш сакам еднаш си велам кога што треба ќе се роди да не форсирам
Десен колк во аут го пријавувам си куцам во одење од болки, вртењето во кревет ноќва беше олимписка дисциплина ама одам кон 30та и едвај чекам да почнам тие недели да ги цепкам, се надевам ќе издржиме што повеќе @Dzulija* ич не му ја мисли да не излезат после поголеми проблеми од чекање и така си во сабота на контрола нека проверат со рака може ќе помогне, денес по дома клекни стани неколку пати може ќе го мотивираш да тргне, доста му беше топличко во меше
Не верувам, од болва се ситни како точки, јас пред некој ден вакви имав и комарци видов, ама ми ги снема, инаку многу ме чешаа. А се уште ли ги има? Однеси го на доктор, ќе видат од што е. А болви има ако имате животни (маче, куче), има во земјоделска аптека против болви. Може нешто ве полазило.
Не се плашам само си велам дане треба да се остави само кога е спремно нели кога Господ сака, но ние нема царски да ме прават само ќе проба да потпомогни со прегледот со рака до сега велеше не клавам убаво прстот дане го почнам процесот.
Со првата бременост немав никакви проблеми со забите, е сега почнува да ме боли нешто и не знам што смеам за таа болка ?
Си дојде Ноември Месецот кога треба да си ја запознаам мојата прва радост што толку си ја чекав креветчето наместено, со татково што едвај ја чека ќерка сме веќе возбудени веќе си ја замислувам во прегратки и како си спие во креветче на чекор до моментот да сфатам колку животот ќе ни се подобри на по убаво и колку повеќе ќе добие смисла сите да си дочекаме живи здрави бебиња во раце тоа е мојата желба гушки до сите, да ве разнежнам малку
И ме разнежни да знаеш Јас уште многу имам за гурање до прва средба со втората моја радост Да уживаме во бременостите без проблеми и секирации Дај Боже А тебе нека ти е со лесноо
Мое мислење не се високи Референтни вредности за второ тромесечие од 320 до 1290 по една табела што ја имам
Фалаа мајка полека ама сигурно ќе си ја дочекаш и втората радост, нај битно е да уживаме во периодов-бременост
Процесот мора некогаш да почне крај краева дома раздвижи се повеќе додека не се умориш и можеби ќе пукне. Оди направи го тој што те боли зошто мене кога ме фати ни аналгин и парацетамол ми помогнаа.
Мислам дека може парацетамол после 12та недела... но доколку е температурата над 38, под тоа можеш да оставиш телото само да се бори, повеќе туширање само...
29+2, цервикс 31мм ме загрижи, последниот пат беше 40мм мерено со абдоминално ехо, денес измери со абдоминално 44 мм, но кога измери со вагинално 31мм, ме збуни разликата во мерките но и испаничи. Јас секако повеќе мирувам, но ради превентива ќе зголемам мирување, ми кажа наредната недела да провериме пак ако се крати тогаш да превенираме. Ве молам за ваши искуства