Јас купив од Либерта 2 во 1. 3 во 1 количкине ми се глупост. Втората корпа е само за лежење, а третата само за седење, ретко која може и да се спушти за лежење. И сеа искачаш со дете што е измеѓу седење и лежење, треба или едната или другата да ја земеш, нити ќе ти лежи само подолга прошетка ниту пак ќе ја преседи без да заспие и ако си со таа за седење само ќе треба во таква положба да спие... Малце ми е превише измишљотини, колку да презентираат повеќе делови за повисока цена. Друга работа на која јас обрнував внимание беше делот за седење односно кај мене вториот дел. На некои приметив кога ќе ја наместиш корпата за седење, за газето има многу малку простор и ако детето е поголемко и со памперс многу тесно ми делуваа, па барав поголема количка до 20кила пошто тие беа поширочки во делот за седење, а они од 15кила беа баш потесни. Друго да запазиш конструкција, тркалата какви се, дали ти ја собира во багаж и колку е лесна за склопување, носење и управување.
2 во 1 доволно ти е само гледај лесно да се склопува и да ти ја собира во кола и нормално лесно на движење да ти биде. Сепак на лице место треба самата да си видиш.
Јас си го пукнав водењакот во 37ма недела дека чучнав 2 во 1 би ти рекла е подобро. Јас имам од локо кроко, корпата ми се исправа и во столче, супер се погоди. Само провери да ти ја собира во багажник, јас имав матиз кога ја купував и морав да вадам едно тркало за да ја ставам во багажникот.
@Giinna, @Brpbrp вие кои ги имате од кои сте задоволни? Ги гледам макси коузи, гледав да е 3во1 демек и за спиење тој делот ама сега ова што го викате држи вода, плус и веќе искуство си прави свое...јас стварно не знам за која да се одлучам а сакам да е квалитетна за бебе да лежи/седи во неа без да се издеформира, јаки тркала и да не е претешка за склопување и маневрирање сама кога треба да одам некаде. 2во1 се со транспортер и оној делот за седење што се спушта или? Ја нема корпата за спиење јас па мислев мало бебе мора во таква да е а не во транспортер долго ради грбот
Ја затерав 32ра недела јас.. Да истерам уште 8ми месец ,и да влезам во 9ти може комотно да излегува.. Имам фобија од 42+ недела трудноќа со првото.. Ова се надевам ќе излезе порано. Не ми се верува колку брзо ми поминаа месециве.. Едит: да ви пишам за количка Јас за првото ја земав макси кози лили. Има транспортер и тој дел што се прави и корпа и за после кога ќе биде поголемо да може да седи, нели. 3 во 1 ми се безвезе со гломазна корпа,непотребно скроз. Најбитно кога ја купував ми беше сама да можам да ја вадам од гепек да не биде толку тешка,лесно да се склопува и вози. Буквално со еден прст ја буткам и вртам.
Јас ја имам Вејрон од енци менци ама полесни се на макси кози количките дефинитивно. За летна на фри он ја имам и таа топ ми е чадор систем лесна и за спиење се спушта убаво али е за од 6 месеци па нагоре. А за зимскиве макси кози ти се супер мое мислење.
Epa i jas zaradi toa, a gledam na kikaboo ima 2vo 1 i vo toj delot so se isprava puse i prnice deks ima za legnuvanje i udobnist. Mn vikaat deka taa golemata korpa za lezenje dzabe e i mesto mn zafaka. I sea nz.
Во транспортер до 5-6 месеци мислам или зависи колкаво ќе биде бебето, може и пократко. Ама за корпата јас имам вакво сунгерче плус, исто ко во транспортерот за помеко да е и мислам и 6месечно бебе нема да е проблем да спие, не би требало да биде тврдо и неудобно. Гумите се откачуваат на копчево За управување ми делува прелесна, ко да лебди, со 2 прста можам да вртам лево десно, ова секако сега на празна количка здравје со бебе ќе видиме како ќе се покаже. Без искуство сум јас, чекам прво детенце https://www.libertabebecentar.mk/liberta-lena-3-in-1 оваа ја купув јас. Сива констеукција ама корпава е потемно сива, речиси црна и не е волку дречава сега е на поголем попуст, јас околу 11-12000 ја земав
Другарка ја има на кика боо 3во1 не знам кој модел пред година ипол ја купи ептен е задоволна, ми кажа дека корпата само 1 ја употребила и фаќа препремногу простор..
Девојчиња јас сум пак со болки. Ги имам веќе саат време, прееска имав исто преку ден, јас не знам што е ова. Ама да напоменам цеееееел ден не сум седната, се утепав од работа. 35та од денес, страв ме фаќа, оваа недела некако имам пречесто лажни.
Od rubrikata prasanja koi me macat Bodinja za bebe ,termin fevruari. Na kratok ili dolg rakav. I da bidat 0-3 ili 3-6 meseci. Sakam da poracam od tiny pa se mislam.
Па изгледа е најдобро 2 во1 јас мислев да не е грешка без корпата, другаркава си е ептен лабава мајка па не оди по правила баш затоа сакав да чујам и други мислења Инаку мене термин ми е јануари земав неколку 56ки и ќе земам 3 4 50ки, од другарка имам поголеми бројчиња ама овде кога прашував ми рекоа е добро да имаш барем по 5 боди со долги 50, 56 шпихпзни не биле баш практични за менување пелена. Тие од 0-3 се 62ки на tinybaby
Мислам зависи колку се движиш. Јас сум во 21ва недела, пред недела две почнав да осеќам ама слабо како гас како ветерче, а сега малце повеќе како клоцка мислам осеќам поинтензивно е. Скоро како пулс во стомакот накблизок опис.Имам приметено денови кога повеќе одмарам помалце претка.
Ќерката ми е родена во јануари, само со долг такав и 50-56ки имав. После следните 62ки беа на кратки, фати пролет. Ама големина ти зависи од бебето, она беше ситна, има бебиња што се побуцки па од старт носат 3-6мес. Ќерка ми има скоро 5год, уште ја собира во алишта за 3 год....