Се јавив еднаш за потврда, леле кога го крена гласот, не сум следела таму бременост, која е таа да ми кажува бре. Неарна. Не знам кој ја држи како сестра. Плус си наплаќаат солени цени.
Aууу прв пат слушам... Фала ти ... Не можам да ти објаснам колку бев исплашена, закажав како и да е кај докторот што се надевам ќе ме пораѓа во четврток во 8ипол па ќе се консултирам и со него. Ваљда не сум почнала некој процес... Инаку сум 35+1
Мене ми требаше упат за тсх, оваа кога почна да се дере неможела упат да ми дава секој месец, е за што се матичните тогаш. Па кога и побарав за машки хормони не ми даде, ако имало потреба тогаш, јас си сакав лично за мене да си ги проверам. Па со истиот упат ми кажа сум можела, е како кога тој упат го земаат кај што правам испитувања.
Безобразна. Плус сум слушала со други пациенти зборува на хендс фри, и тие во чекална да слушаат. Може некој ќе се јави со проблем, не мора други да слушаат.
Еве и јас да ти кажам, моиве лажни почнаа како по книга, во апликациите на тел пишуваше накај 18 19та недела, и вистина, од тогаш и си ги имам, јас уствари цело време сум со лажни, навикнав, иако не се секогаш пријатни цервиксот секогаш ми бил одличен, еве сум 37ма недела, така да не се плаши, не секогаш лажниве значат дека порано ќе има пораѓај.
Јас поради таква сестра кај матичната ќе менувам матичен гинеколог, не планирам по стрес да сум секое одење во ординација дали ќе се издере или не.
И тебе ли ти е матична Радица? Не е толку дрска, сестрата е. Ама дека не упатува што како треба да испитам, не упатува, тука читам и сама си барам. Ја прашувам за Елова дека ендокринологот ми препиша, дига раменици ми вели па незнам скапи биле, епа сега скапи не скапи кога мора да се земат мора.
Аман бе што доктор е таа, работава сама лечи се. И тоа ли им е тешко да даваат упати кога веќе секоја втора оди на преглед во приватна клиника дали за бременост дали за второ мислење.
Kako izgledaat kontrakcii na matka. Prva bremenost mi e i nz. Se osekaat bolki, grcevi... Koi se simptomite. Jas osekam ko vnatresni meuri gasovi,ama toa od bebeto so mrda
Незнам стварно, со тешка мака се јавувам кога ми треба упат, што е за приватно одам и на приватно, ама сега за сега за хормони немам потреба, и незнам што и беше тешко да ми даде упат за сите хормони, ми кажа ми дала упат за тие што ги барале од фондот, ова за сестрата зборам, многу е дрска и намќор. Морам да сменам матична. И сега ми одобрија ваучер од фондот, и барав упат за генетски мутации за на трансфузиологија, неможело, после тоа ако имам мутации тогаш, и ми даде упат за во МАНУ, а читам ги немало сите. И ја прашав за упат за ваучерот кога да дојдам, ми кажа прво да одам кај Ивановски, дека таму планирам па тогаш, а од кај Ивановски сестрата ми кажа сега кога ќе одам кај него и упат да носам од матична.
Ова матичниве се ужас еј мојата исто на невидено ме тераше да ставам вагиналети вика кандида е 100% само зошто и реков дека ми е белузлав исцедокот, среќа не ја исперцепирав отидов кај Панчевски, виде под спекулум вика ова е класичен исцедок што се чисти вагината од серклажот. Срамота ми се вакви доктори
Ако не те мрзи подврати се 2-3 страници назад имам видео од тик ток ставено да видиш . Се стврднува стомакот, болки менструални, во грб може, се грчи мешето... @Cherry blossom89 фала ти мила.
Само да ве поздравам девојки. Да ви дадам малку утеха. Болките болки не се плашете важно е после пораѓај да немате мака. Јас кога се породив олесната чувство болка никскви расположена свежа. Носете си во торбата крем факту за хемороиди ако сетите одма да мачкате да не трпите ич мака. Уште сне на болница ние рано ни е. Поздрав
Има некој да примал крв, а да се породил природно? Двајца доктори кога сум одела на дежурен ми рекле дека чим примам крв морало царски бидејќи можеле да контролираат крварење, а докторов што ме води во чаир ми вика нема врска тоа со примањето на крв, ако крвариш многу и тука можеш да примаш крв. Искрено живееме со сопругот сами и страв ми е од царскиот ради раната за после за бебче, како ќе го бањам итн... Ма да се смее докторов и стално ми вика " Други плаќаат за царски да се породат тебе страв ти е "