Леле што убаво Лани ова време иста бев како тебе, исповозбудена. Кога одев на ЦТГ ,како да одев на забава
Па доста поразлично, за првото бев со епидурал и тогаш после аплицирањето на епидуралот се породив во рок од 2.5ч. Од секогаш си велев дека би издржала, ама то е то такс бидна. Сега болките траеа, отворањето ми одеше побавно, за малку сскав да барам епидурал и да излезам од вода. Болки имав скоро 6ч, од кои 2ч бев во вода, на моменти ептен опушташе водата, на моменти мислев ме зашеметва од топло. Ама чинот кога излезе бебулето беше нешто прекрасно. Првото излезе како наеднаш, а ова сега излезе главчето па одморив па следен напон раменца и целосно нели. Нема помош од акушерките тука, целосно природно. Да би родила трето, би отишла пак во вода. Многу издолжив, можда време е да си ја напишам приказната во породилни
Здраво мамички, да прашам за втор пораѓај спонтано породување за тие што имате мала разлика дечиња, како имате поминато?
Исто и јас имав страшни болки,пијав и јас кетонал,и после ко напрајв тест беше позитивен. Јас помислив бубрезите или уринарна инфекција, ми рекоја 2/3 недели можи така да чуствувам.
Девојки јас сум 38ма недела, треба наредна недела да одам на царски, но докторот вчера ми рече дека плодовата вода многу се намалила и место во понеделник пак на цтг да одам утре за секој случај.... откако ми кажа тоа само чекам да мрдне бебево, а тоа мрда многу ретко и кога мрда е само слабо растегнувањр на кратко...се плашам нешто да не не е во ред...колку мрдаат вашите бебиња во 38ма? И искуство со намалена плодова вода....?
Здраво, дали некоја од вас има користено приватно осигурување од уника и поврат на средства за прегледи? Кога се јавив ми кажаа каренца треба 9 месеци, тоа значи дека откако ке се плати 9 месеци неможе да се користи. Добро му кажав супер кај мене се поминати 9 месеци и неколку дена значи може приватно да си правам преглед како скрининг и брисеви. Ми рече да може и после 2 часа ми се прејави ми кажа ама не кај вас каренца било 10 месеци. Како може така нели во моментот го отвори мојот пакет и кажа 9 месеци па откако му кажав дека има поминато 9 месеци ми вика не 10 треба. Нели е ист договорот за сите? Јас најдов правилник на интернет од уника кајшто пишува 9 месеци. Дали некоја знае нешто во врска со ова? Им ѕвонев шосле пак 10 пати за да ми го пратат договорот за да видам кај пишува за каренца ама ми исклучуваа
Со првото исто 38ма веќе не беа такви удари како предходно и беа по редуцирани. Еве сега сум 37ма скоро и исто е цтг уредно а бебево едвај се осеќа дека мрда. Ептен кпга ќе се раздвижам да се заморам па тогаш посилно удира.
Koga pocnuva da te boli klocanjeto be? 33 nedeli sum. Ja osekjam kako mrda ama nezen e be uste. Ne kloca taka loso kako sto sum procitala ovde da te boli...
Не мора да боли. Боли кога бебето е наместено во некоја положба каде што може да удри незгодно. На пример накај јајници, во бешика, под градите кај желудник или ако ти се намести ма некој нерв од кичма
Претпоставувам дека имаш договор на кој што пишува колку е каренцата. И да ти е преку работа мора да го имас договорот па можеш да се повикаш на него
Цефалексин антибиотик некоја да пиела во бременост? Јас сум против лекување со антибиотик генерално, а не во бременост, ама страшно болна сум немам друго решение
Мене во 35та недела ми кажаа или панцеф или цефалексин зошто бев болна така да дозволено е. Подобро спречи одколку полошо да биде.