Мачеее баш сега ќе ти пишував од ноќеска те немаше...многуу се израдував како за сестра најискрено од се срце ви оосакувам на двете само убавини за тебе и бебушка
Срцка јас околу 20 нед и тоа нежно како да ме галка не се нервирај кај секој е различно кај некој порано кај некој подоцна до 25 наајкасно ќе го сетиш нема поубаво
@Maceto123 Честитки од срце, да е здрава и жива ќеркичката. Баш ми е мило што помина лесно, сега гушкајте се и уживајте!
Пред околу три недели кога ми ги земаа брисевите се беше кристално чисто а од тогаш навака постојано се пазам а и не смеам ни односи да имам така да баш ме загрижува и ќе морам да идам да ѕирне што е работата инаку не сум раат
@juli rak И јас сум полни 15 недели и некој ден но , го осеќам само кога лежам на грб како се превртува хаха прави колукт напрет и колукт назад
@Maceto123 честитки мила и све најубаво да ви е жива и здрава принцезата да порасне гооолема и убава мома со многу успеси во животот и многу среќа
@Maceto123 neka e ziva i zdrava princezata bas te pomisliv vcera sto te nema si mislev deka za brzo ke ni s epofalis, cestitki za majcinstvoto
Мене ми беше последна на 20 . 03 ептен блиско сме боле хаха колку убаво а тебе ти кажаа ли за полот кој е мене здравје следниот преглед ќе ми кажат зашто се криеше минатиот пат
Јас кога ја прашав докторката зашто не го осеќам бебето во 16 недела ми рече дека е премногу рано, дека немало шанси да го осетам тогаш. Дури кај 24 недела јас го осетив како клоца.
Јас кон 19 почнав како мали удари да чувствувам, пред тоа не знаев што е а имаше некои слаби треперења. А вчера ја почнав 21 недела и цел ден не го почувствував дури се замислив и вечерта само што легнав кога ме клоцна кон папокот, струја ми помина низ цело тело и еве го и денес си мрда. Ама ако си го барав сама.Ме потсети на сликата што ја стави @Едно Чупе
Мачето да сте живи и здрави! Прекрасни вести! Во однос на осеќање на бебето, зависи од многу работи, колкава килажа има мајката, каде е плацентата на рпеден или на заден ѕид и секако колку силно бебе мрда... Моето го осетив 21 недела некаде, претходно беше како пеперутки пред испит Секој ден секако не е ист интензитетот на ударите. Битно е да се лежи на лева (помалку на десна страна и најмалку на грб - заради мајката) и да си уживаме во ударите, уште ако му направи „да пукне“ на тато - мерацииии.
Јас на лева лежам ама тогаш најмногу мрда и ми е страв да не го притискам. Баш странично се ударите. Вчера на десна заспав и така и се разбудив.
Јас сега се вретив од гениколог и ја видивме бебушката, големо е околу 2 см После, 2 недели ќе одам за крв да ми земат да испитаат за генетски аномалии, а после 4 недели на контрола за мерење на нухалниот набор