Cestitki do sote novi mami. Zivi i zdravi i gordi na bebuskite. Da ve prasam vie sto ste carski na Gak, sega vo najskoro. Koj doktor ve operirase. Jas nz koj da odberam kade da baram termin
Денес сум цел ден со повраќање и температура , друго ништо не осеќам. Пијам чај од нане , парацетамол на 6 саати . Не можам ни да јадам све повраќам. Друго што би можела да земам ?
За повраќање активен јаглен по 2,3, антиметил исто и орс таблети капка по капа. Освен парацетамол ништо друго за тт без консултација со доктор.
Чајот од нане со консултација со гинеколог го пиеш?? Знам дека не е дозволен во бременост поради конттакции
Електролити се дозволени во бременост,секако подобро да ги пие отколку да дехидрира и да намали плодова вода. Чај од нане предизвикува контракции, поради тоа се препорачува да не се пие во бременост. Меѓутоа од една шоља нема да е ништо. Јас со стомачен на инфективна го пиев по препорака од гинеколог.
Мене кога ме фати стомачниот терапијата од матичниот гинеколог ми беше пробиотик чинела форте,електролити обавезно и чај од нане. После 2 дена морав и инфузија а во неа имаше и реглан Оти не запирав да повраќам и се што ќе ставев во уста беше џабе
Бебето ми е свртено со глава во желудник, на десна страна рбетот и газето и е негде ко над јајник и нозете и се доле скроз ниско кај бешика. 36 сум, пред 3 дена на прво цтг докторот ми вика имаш доволно плодова вода за бебето ама нема толку за да може да се сврти како треба, плус и нема ни простор. Стомакот го подели на 4 квадрати и вика кај тебе само лево од папокот има празен простор, дури и за царски е лошо пошто кај што треба резот да го направиме се нозете и треба многу да се внимава пошто не е празно џебчето. Во петок сум на контрола и како што го разбрав, кажа доаѓаш на контрола(тогаш ќе бидам 36+6) и ако положбата е иста закажуваме царски за 38ма недела. Мали, скоро никакви шанси за да се сврти вика и нема потреба да те чекаме до 40та... Немам ништо против и царски да биде ако мора баш така ама малце ќе ми биде криво да не го осетам чувството за природно пораѓање, а се осеќам многу лесно и со енергија и сила и си помислувам дека не би ми било претешко да се породам. Знам дека и во последен ден се вртат бебињата, ама да нема некоја мајка ситуација каде што и кажале како на мене дека нема простор за вртење и сепак да се сврти? И друго прашање што мислите дали сепак да пробам од вежбиве по интернет за менување на положба на детето и да се договорам да ме чекаат до 40та недела, да му дадеме време на бебето?
Девојки ме фаќа паника, ви се случило ли бебе кога се движи да осеќате како тресење, вибрација дури е видливо и на стомак трае 1-2секунди ама ме плаши денес на неколку пати се случува и не знам дали нешто му е..? после почнува да ика 2 3 пати по 5 10мин ама не знам зошто вака се затресува од време на време.... баш е како дрмање вибрирање, гуглав не успеав да најдам да е нешто лошо ама ќе си пукнам до контролата. Активен е цело време инаку
@*Amethyst* Оф бе ме побудале денес низ цел ден на некое време туку го осеќам стомакот тупатуптупптупп и како земјотрес осеќам на маж ми викам како да е заглавен некаде го осеќам отиде разумот готово
Ме нема јер го шпартав Дајмонд и Ист Гејт денес. 37ма од денес официјално. Утре сум на доктор, рано е, ама ќе каже Мици (докторот што ќе ме пораѓа) ако има нешто за закажување.
Ееехеееее цела бременост е како шашав. Не се секирај, очигледно го спремаат мобилниот уште од меше. #малашала #21век #вибрации
Мислам дека не. Ама јас млеко овој пат имам (т.е. колострум ) од почеток на бременост. Дали дека трета... Којзнае... Важно кога ќе се породиш да пиеш чај за доилки за побрзо лактација да се направи и да ставаш на града често (на двете наизменично за да не остане едната понефункционална и со помалку, ова у Систина не учеа) и сок од јаболко. Сега мислам дека не ти менува.