Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Boki_bokicka

    Boki_bokicka Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2023
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Ne sum utre sum pak na Gak pregled i ctg pa ke vidime
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.761
    Пол:
    Женски
    Девојки се утепав од спиење.
    Благо се изнакркав, сите глупештини што можев ги бутнав у уста и сега треба да се спремам за на слава. :tmi:
    Ми се темни. Од се.
    Ич немам желба за ништо.
    Само сакам да лежам и да спијам.
    Силите ми се толку исцрпени, се осеќам како да сум копала 3 дена... (facepalm)
    Не ми било вака претходно, или па толку паметам, ама стварно ништо не можам да правам. Не можам да се наведнам, не можам да пешачам , да стојам долго, ништо.
    Едноставно ми треба бегање од реалноста...
     
    На warrior, Speechless, Nataliii и 8 други им се допаѓа ова.
  3. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Здраво, прв пат пишувам немав каде да се обратам. Како и сите тука со анксиозност и стравови. Неколку така што ме јадат
    -дали ќе успеам да дојам
    -дали ќе ги намалам килограмите
    -дали ќе изгубам многу на поле кариера и работа
    -дали ќе ми се преокупира животот само околу дете
    -дали ќе се снајдам да го чувам без да оптеретувам поширока фамилија

    Навистина чудна промена, бурни емоции и многу многу различни видувања. Како се справувате со овие стравови, има ли начин да се олесни?
     
    На *Amethyst* и KikiKviki им се допаѓа ова.
  4. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    4.297
    Пол:
    Женски
    Има. Верувај во себе!
    -и да не успееш да доиш има формула, ќе напредува бебето и со неа. Знам многу жени што ни еден ден немале млеко, една капка детето не пробало од мајчино млеко па децата се живи и здрави, напредни машала.
    -ќе ослабнеш, ќе вежбаш, а што ако о не ослабнеш? Дете си родила, ќе си де сакаш каква што си поради него ќе видиш
    -работа???? Да знаеш дека во секој момент секој е заменлив на работа, па макар и да ме си на трудничко туку да си постојано на работа. Не вреди семејство да се жртвува поради работа ниту во тие сиромашки 9 месеци што ќе си ги имаш со детето, да размислуваш на работата
    -со добра организација нема да ти се окупира животот само околу детето. Ќе се менуваш со мажот за чување за да можеш да одмориш, да отидеш на шопинг, да си излезеш на кафе. Се е договор и детето да се научи од почеток да останува само со таткото а не само мајката да ја гледа, или па со бабите, дедовци и сл.
    -како и претходниот одговор, ќе се организираш и ќе се снајдеш.
    Силни сме ние жените, затоа ја имаме таа можност да раѓаме ние а не мажите. Нема нешто во што жена нема да успее ако се потруди :l:
    И не се оптеретувај пред време. Колку и да размислуваш, правиш планови кога ќе си го видиш детето ќе знаеш што треба да правиш
     
    На warrior, *Amethyst*, 5678m и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Епа Хелоу девојки :bandit:
    Im back (hollest)
    Поминаа години како не сум пишала во темава...и оп бебе 3 ме врати во игра :D
    Време како со предходните бремености нормално ќе нема ама по некогаш, по некој збор би можело да се пише
    Со лесно на сите :hai:
     
    На warrior, *Amethyst*, 5678m и 19 други им се допаѓа ова.
  6. ANITA.sk123

    ANITA.sk123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    32
    Здраво на сите
    Знам дека тука најубаво ќе ме разберете па затоа сакам да побарам совет од вас и секако ваши искуства:inlove: Бремена сум 20 недели, до 12 недела постојано се плашев и бев во паника дали ке успеам до тогаш да го задржам бебето бифејќи претходно имав спомтам во 7г.н а сега одкако поминаа тие “критични” 3 месеци јас повторно сум опседната со мегативни мисли а не знам зошто.. пред некој ден бев на контрола и таму во чекална имаше една мајка дојдена со дете со попреченост, толку се уплашив што од тогаш навака тоа ми навлезе во потсвеста и се плашам да не ме снајде недај боже и мене такво нешто.. дали ова се случувало и на некој од вас и што да правам?:sweat: Како да се ослободам од тие глупави мисли.. инску за сега се е во ред бебето си напредува, првиот скрининг излезе дека се е во ред, не знам зошто постојано ми доаѓаат лоши мисли:worried:
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.474
    Пол:
    Женски
    Тргај си ги лошите мисли со убави, и барај филмче, занимации и слично. Понекогаш сите размислуваме на неубави работи. Ама нели мора и на иубави да размислуваме
     
  8. Hopeeee

    Hopeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2023
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Jaс истото си го мислев, ама па што ако биде дете со попреченост, мајка пак ке го сака највеќе на светот и ќе се трудам колку можам да му го олеснам животот. Ако е дете со попреченост значи дека мене ме одбрал господ да му помогнам и ќе му бидам благодарна. Мисли вака.
     
    На Mihaela123456, Anyshka, Sunrise!!! и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    9.677
    Пол:
    Женски
    Да веруваш повеќе во себе и своите способности. Не сум феминистка ама животов ме научил дека една жена и те како е способна и спремна на сè. Прво гледајќи ја мајка ми што правела за мене и сестра ми а потоа и сама проаѓајќи низ животни бури.
    Тотално истите прашања сум ги добивала од блиски луѓе но јас некако од старт го програмирав мозокот на друг начин и ниеднаш не ми дошол сомнеж јас ќе се изгубам себе, јас нема да се снајдам, па ќе зависам од други...
    Одбивам да размислувам леле детево ќе ми е пречка за се и ќе седиме само дома без живот.
    Ти доаѓа upgrade на животот, поубав,побогат, тоа се сè нормални работи, текови на настаните што нормално дека ќе ги совладаш.
    Помалце црни мисли, одбери да мислиш дека ќе бидеш најпрекрасната мајка, луѓето ќе се угледуваат на тебе на кариерно поле, ќе бидеш независна и самостојна и сл. :hug:


    @ANITA.sk123 и јас ги имав истите мисли па направив пренатален по препорака на докторот ми се смирија тие па после ме фатија мисли дека срценцето не му го виделе и ќе има аномалија. Едноставно бременоста е тежок период, преполн со 300 промени и хормони, кога ќе ти дојдат тие мисли веднаш стани, прави нешто друго и блокирај ги.
     
    Последна измена: 22 ноември 2023
    На *Amethyst*, Kikikikiri0405, defocus и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ANITA.sk123

    ANITA.sk123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    32
    Ама реално нема причина за да мислам така сите во фамилија се здрави прави а мене упорно тоа ми се завртело во глава дали дека сум сретнала, видела баш такви лица и на интернет сами ми се појавија нелолку такви објави па ми влезе во потсвест па може затоа се плашам.. вие какви искудтва имате ви се случувало ли истово па после се да излегло во ред?
     
  11. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Како? Сериозно како е можно да се балансира? Притоа без многу помош околу детето и во кариера која е захтевна. Не дека ќе пропадне светот јасно ми е дека секој е заменлив на работа, но еве овие работи се важен аспект од мојот живот, не сакам да ги запоставам.

    ако има некој трик за подобра организација споделувајте :D
     
  12. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    9.677
    Пол:
    Женски
    Ден за ден :D
    Не знам и мене ќе ми биде прво дете ама во ниеден момент не сум помислила дека ќе ми е пречка, зошто во таков случај немало ни да го правам ако гледам на таков благослов како на пречка. Да факт е дека за жените е потешко и сме дискриминирани сеуште на поле кариера зошто и јас се соочив со сличен проблем само што почнавме да пробуваме за дете, ме унапредија и сметав дека ќе биде неблагодарно и несериозно од мене да останам трудна па на мм му реков сега ќе паузираме барем пола година, па животот ми покажа дека си има свој план па изгубивме уште 2. Така што малце опушти се и биди среќна што си благословена со дете, овде има многу жени што се борат со години па за жал не успеваат. Според мене фамилија секогаш треба да е на прво место, кариерата ќе си ја спасиш сама доколку си способна и амбициозна. Секако после породилно се враќаш на работа нема сигурно од дома да ги работиш први 9месеци па да ти треба помош за чување.
     
    На Kikikikiri0405, DaisyDream, KikiKviki и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Hopeeee

    Hopeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2023
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Многу добро те разбирам во врска со работата. Поготово кога работиш приватно за себе. Еве јас си направив мини канцеларија дома и планирам да работам од дома додека бебе спие и татко му кога ќе се враќа од работа се договоривме да го гледа поактивно барем 2/3 часа. Колку можам толку ќе работам, ама да не сум без ич сработено.
     
    На Anyshka, Fenix05 и defocus им се допаѓа ова.
  14. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Јас сакам после породилно да започнам нешто ново т.е работа од дома. Да се фокусирам повеќе на upwork или дајте предлог каде можам да работам.. Со три деца на работа да одам некако не ми фаќа ум.. А и општо ми се менува, сакам поголеми примања..
     
    На Anyshka и Fenix05 им се допаѓа ова.
  15. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    314
    Пол:
    Женски
    Значи никако мир во оваа бременост. Само што завршив со третиот скрининг,се во ред, протоци, плацента, но ми кажа папочната врвца дека била замотана два пати околу вратот на бебето. Ми кажа нема потреба од паники, дека се случува често, и дека единствено проблем може да се случи при пораѓај, да биде итен царски. Но јас немам мир, секакви филмови си направив во глава, што ако се случи нешто, да се затегне бебето да изгуби кислород, значи сите сценарија си ги направив... Дали некој има искуство со ова и како се завршило,навистина сега се многу насеќирав.
     
  16. Stela123

    Stela123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2023
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    210
    Пол:
    Женски
    Има бебчиња што цела бременост папочната врвца им е замоткана околу вратот и здрави, прави си се родени, како што ти рекле единствено нешто што може да биде и да те породат царски рез. Не бери гајле
     
    На warrior и BoNaNa123 им се допаѓа ова.
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.972
    Допаѓања:
    14.735
    Пол:
    Женски
    Ќерката ми е родена со папочна врвца два пати намотана околу врат. Контрола имав 4 дена пред да се породам, не ми спомнаа ништо, ни па после пораѓај нешто ми рекоа, сама си прочитав во родилната книшка дека таква била ситуацијата. Нормален природен пораѓај, малата е родена со нормален апгар. Со болки бев скоро 20 саата, самото раѓање (напони) беше помалку од еден саат, цело време ме проверуваа со цтг, немаше никаков проблем со бебето.
    Не дека некој може да ти гарантира дека нема да има проблем, ама моето искуство (а и се што сум читала во врска со ваква ситуација) покажува дека ретко се јавува компликација заради папочната врвка.
     
    На warrior, H.VAGA и BoNaNa123 им се допаѓа ова.
  18. minipani

    minipani Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2023
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Хејј.
    Мојот позитивен тест за бременост ме донесе членка во групава :D
    Мислев дека сум по упатена на оваа тема се додека не ја видов и другата црта од тестот.
    Направив 3 теста за бременост, од кои едниот преку крв по само еден ден доцнење референтните врености ми се околу 1.600 б-ХЦГ. До сега имам само огромна болка на градите.
    Може ли неколку совети да ми дадете додека не отидам на првата контрола? :inlove:
    Ви благодарам одднапред.
     
    На CarrieBradshow, Kikikikiri0405, Stela123 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Немој да се секираш пред крај. Еве моето прво беше родено природно со два пати замотана папочна околу врат. Жив и здрав силен батко од 4 години е сега.
    Уште во 38ма ми кажаа дека му е замотана,се роди 42ра недела,со супер апгар.
     
    На Mihaela123456 и BoNaNa123 им се допаѓа ова.
  20. OctoberG

    OctoberG Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2023
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Би ти препорачала да се не условуваш со "МОРАМ", ништо не се мора ако едноставно не можеш. И во ред е да не можеш некогаш, за се постои друг начин кој ќе има сличен ефект на крајот.
    Да, за жените кај нас кариерата трпи, ама таму сме заменливи, а на тоа мало бебенце си му целиот свет. Доколку ти е прво, биди спремна дека за некои жени поврзувањето и блискоста доаѓа малку подоцна, и тоа е исто така во ред.
    Подобро и да не се фокусираш на фамилија, зошто да борџиш некому услуга? Стегни заби, се можеш сама, верувај во себе. Мајчинството е еден период каде се спознаваш самата себе и некогаш нема да си поверуваш на сопствената сила и храброст. Можеме без сите, само не без нашите деца
    Се најдобро ти посакувам ❤
     
    На CarrieBradshow, *Amethyst*, Slonce91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.