Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Jaс го најдов тасе цветановски ама не знам каков е што е? Nе знам колку зима?знам дека темава за гинеколог не е за тука ама ете нема каде :) Aко не ти е прблем пиши ми за хаџиевска во лп.и фала ти најмногу :* :P
     
  2. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Јас планирам само туники да купам и хеланки во разни бои и готово, баш тоа ми е најкомотно и тоа си носам и сега, во друго не можам, ме стега се, панталоните и фармерките не ми се фаќаат веќе уште од сам почеток, имам 2 пара како шалвари, зимски, тие уште си ги носам од лани ми се, ама дека имаат ластик на половината и се шират и ми се баш комотни, сеуште :) Ете тоа за облека сега за зимата, ем топло ем комотно за нас поготово трудниците ;)
     
  3. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    немој да имаш таква престава, едноставно овде се фунционира врз основа на знаење и искуство, и моментална состојба, ако прашаш нешто и ако некој знае што е тоа или се пронајдил во ситацијата сигурно ке ти одговори, ако не знае како да ти кажеме кога не знаеме, видов си прашала за цена на некој гинеколог, еве лично јас прв пат слушнав дека постои и ако ти одговорев колку да постои одговор да не се чуствуваш игнорирана, требаше да ти напишам јас форко не го познавам овој човек, со тој одговор немаше да ти помогнам секако. Муабетот ми е само пример дека во повекето случаи од муабетењето овде на форумот, се доаѓа од знаење, или претходно поминато такво искуство, и некогаш треба да гледаш и од тој аспект дали темата каде што пишуваш е активна во последно време или не, оти постојат теми што ретко кој отвара и дискутира. Се извинувам ако си се почуствувала лошо, Добре дојде од мене на форумот се надевам дека ке си муабетиме, и помагаме во иднина. поздрав :*
    па најдобро е така, и секако кога ке биде многу ладно нема да шетаме надвор ке си седиме дома и ке си се топлиме :lol: и така за нас со големите мешиња ке биде оправдано и по цела ден да си лежиме, и така може ке се снајдиме во зимото. Инаку дали сте физички активни, мислам дали пешачите, или вежбате нешто посебно во бременоста. Јас многу сакам да одам на јога за трудници ама кај нас пусто нема ништо такво, часови јога постојат, ама не се за трудници и за тоа секоја вечер пешачам по 6 километри, и сега за сега супер ми е.
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Леле Сењорита, само ја и ти некако активни денес на темата, другите мешиња ги нема живи да се јават, сами јас и ти си поставуваме прашања и си одговараме :doh:
    Па еве пак јас, да ти одговорам на прашањето :) Јас пешачам исто секојдневно, само што тука кадешто живеам, цел град, се е на угорница и многу се изморувам брзо, полека колку и да одам се изморувам, не е прав пат да кажеш, на прав пат одам и по 10 км, немам гајле, ама вака со угорнициве душа си немам :tmi:
    Инаку и јас за јога се заинтересирав, мислам дека само на тоа можеме да одиме во бременост ама сеуште не сум прашала како е тука и кои термини се за трудници, треба да се распрашам, таман и ќе излезам малку од дома, по цел ден вака не се седи, сама, досадно е мнооогу :(
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.586
    Допаѓања:
    104.241
    Пол:
    Женски
    Мамички, купете си топка за пилатес и симнете од нет вежби за пилатес, земете си величина која ви одговара и слободно вежбајте си. Викаат дека на трудниците поготово после 7ми месец особено има одговараат овие вежби, побарајте си на YouTube пилатес вежби за трудници и така поминете си ги досадните зимски денови. Инаку со колешката најдовме еден куп позитивни работи на тоа зошто да останеш трудна во Март, Април и Мај, а да се породиш во Декември, Јануари и Фебруари, алал да ви е на вас, како сте си погодиле. А инаку, сами сте си пошто ``најгласните `` трудници во моментов се гушкаат со бебушки :rofl:
     
    На senjorita.lombardi и kallias им се допаѓа ова.
  6. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Здраво мешковци ве читам и некако искрено денес сум претепана за да можам да пишувам ама ќе пишам нешто затоа што гледам дека најгласниве мешковци се олеснија си завршија работа и со страв и со паника па сега си се гушкаат со бебушките . Јас од сабајле на трансфузиологија се испоизнервирав ми земаа крв ама што се неорганизирани и лењави што да ви кажам , па сега чекам после два да ги земам резултатите за да видам дали ќе се боцкаме или нема. Уште малку влегувам во 7 месец и го почнувам последното тромесечје јупииииииии, само со лесно. Ме фаќа страв за ова со Д-мериве и хемостазава но што се може. Читам пишувате за гардароба (јас уште немам ништо земено ме фаќа страв и паника ) ама затоа вчера првата тура за бебушка ја исправ и испеглав и го чека него во шкафче спремна. Околку активноста за која зборите искрено да ви кажам можеби и претерано сум активна ( во саботата свеки ајвар реши да прави па ајде на радна акција , цел ден на нозе , вчера цел ден чистење перење пеглање, денес од сабајле трчи на клиника дома па сега пак на клиника па до град и мислам дека сум прилично активна и уште да вежбам и да пешачам ми фали, море кревет ми фали ама не ми иде памет. )

    поздравче да не го терам на долго и широко само да прашам дали некоја има искуство со ова Д-мериве да ми објасни што и како и колку е процентот на опасност ????????

    поздравче и убав ден (иако во скопје е мизерно денес а баш сакам да одам да го видам тоа Сити мол конечно чув дека имало цел спрат само за бебушки а и за крканац :* :* :*

    Ова чудово доле се укочило- денес сум 25 недела и 1 ден :clap:
     
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    да бе и јас приметив дека тикерот не ми фунционира. Инаку фала на инфото за сити малот морам и јас овие денови да отидам да го видам во мисла ми остана :D Д - мерите ли што ти е тоа обрати се кај анна :D она ни е стручњак на форимов за што и да ти треба од медицина страна :*
    Kalias и јас сум по цел ден дома, и многу ми се здосадува да не е форумот кој знае што ке правев :tmi: за тоа навечер морам да излезам да си попешачам малку за да можам да заспијам.
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Еве сум и јас да не речете дека сами ве оставам,
    Утре поледно ехо 32 недела и како и пред секој скрининг стресови дали како што ќе биде.
    Стандард де....
    Инаку јас сум релативно добро ама гледам уште две феминки останаа пред мене и после јас сум на ред лелеле :o
    Еве утре ќе пишам повеќе информации :lol:
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Јас ги проверувам Д-димерите на секои 2 недели на трансфузиологија.
    Се толерираат во бременост максимум до 2000, над тоа се препишува терапија.
    Интересно е што до пред 3-4 години не се ни знаело за димери, а денеска 7 од 10 трудници прима терапија за регулирање на димерите. Веројатно ги имало и во времето на нашите мајки, само не знаеле за нив, сепак докторката од трансфузиологија рече дека не е убаво да бидат над 2000, бидејќи се отежнува циркулацијата на крвта, постелката побрзо старее бидејки се прават како чепчиња од мртви клетки и бебето отежнато ја прима храната и воздухот преку крв и последиците се предвремен пораѓај или бебе со мала тежина.
    Да имавме поубави услови на трансфузиологија, ќе беше рутинска работа за 5 минути, ама ете кај нас и тоа е долга и мачна процедура. Ви посакувам убави резултати, бидејќи не сакате да знаете колку процедури и бирократија следува ако треба да се примаат инекции Клексан и контроли на секои 10 дена :( Јас неделава ќе одам по 5 пат за месец и нешто :(
    Се што е под 2000 е солиден резултат, а од 500-1500 е супер резултат.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    D-dimeri се само уште еден плус параметар за кој мене уште не ме тестирале. :o
     
  11. ceki89

    ceki89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Честитки за новороденчињата да се здрави и живи и се најубаво во животот да им е...Мамички дали е штетно да се користат секојдневни влошки за време на бременост?јас четврток веке влегувам во 7 месец и од секогаш сум користела секојдневни но неколку жени ми рекоа дека не е добро што ги користам...што мислите вие? поздрав до сите
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    охохохо машала два дена ме нема и колку нови работи имаме :)
    бебушките да се здрави и живи и да си растата големи ;)
    инаку јас си поминав преубаво охрид се изнауживавме со бебушко покрај езеро, како би сакала да можам секој дена тоа да го правам, ама нема :(
    инаку и јас денес ја започнувам 25 недела, и се осекам супер, цела бременост сум здебелена 5 килограми, се надевам дека нема да качам премногу до крајот, еххехе
    гледам дека некои се мачите со спиењето, и јас заспивав порано само на стомак, сега спијам на десна страна само, а некогаш ако осетам дека легнувам на стомак, имам една перница си ја ставам меѓу нозе и таа ме потсека дека нема така спиење :lol:
     
  13. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Јас веќе неколку пати имам напишано во други теми, ама ајде и овде на кратко за евридеј влошки.
    Значи не се препорачливи бидејќи со држењето на влагата во интимниот дел во текот на целиот ден создаваат идеална подлога и храна за размножување на габични инфекции, особено ако има присуство на друга посериозна инфекција. Подобро е да се менуваат памучни гаќи по 3 пати на ден,отколку цел ден да се држи влажна влошка.Иако изгледа и мириса многу похигиенски со влошка,сепак многу поправилна хигиена е редовно измивање со вода и менување почесто гаќи.
     
  14. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Zdravo i od mene mesenca :) Sto se odnesuva do kondicijata,ne sum bas vo top forma,na ramno mozam da izodam mnogu,no na pusti ugornici ostanuvam bez zdiv i edvaj se vlecam. :worried: Sakam da prasam dali e normalno da imas privremeni bolki vo stomakot(kraj na 3 mesec sum),poveke na levata strana.Dali mozebi tamu e smesteno gravceto,pa pravi nekoi dvizenja?! :*
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас воопшто не користам секојдневни влошки, немам некој исцедок, само во последно време забележувам ако се движам подолго, имам како некоја капка на гаките, нешто слично на бело прање...
    се мијам само со вода, и носам исклучиво памучни гаки кои ги менувам по 2-3 пати :lol:

    тие болки се нормални, јас сеуште ги чувствувам особено ако седам а после да станам нагло, кај мене се почести на десна страна , таму му е главчето не бебето,може и кај тебе е од тоа ;)
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и другите феминки ти кажаа дека не е убаво да носиш секојдневни влошки, и тоа не само кога си бремена, исто така јас мислам дека тоа не важи само за еври деј влошките, туку за сите оти сите ја задржуваат влагата на нив, една моја многу блиска пријателка и таа е бремена и исто како и сите нас имала некаков ицедок и ставала секојдневни, на почетокот немала инфекција, подоцна од секојдневните влошки не само што добила тешка габична инфекција туку и прокрварила малку, фала богу ништо не му е на бебето ама за да ја излечи инфекцијата и дадија антибиотици, што во бременоста баш и не се препорачливи ама само тоа останало да го направи. Мубаетот ми беше дека од едни секојдневни влошки работата заминала во крајности, за тоа сменувајте си 2 3 пати гаќи нај арно е.
     
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Јас да споделам искуство со д-димери. Секогаш барајте второ мислење, бидејќи не зависи само од вредноста на д-димерите. Во последно време што рече некој 7 од 10 трудници примаат клексани, а може и повеќе, на трансфузиологија ги даваат како витаминче.
    Треба да се следи и постелката дали има лакуни, дали плодот напредува нормално или заостанува со развојот и од другите вредности на хемостаза, а не само врз основа на вредноста на д-димерите да се дава терапија.
    Јас на последниот преглед имав д-димери над 2500, и испаничив читајќи разни искуства на интернет, а како што читав пракса е и над 500 ако се покачени да даваат клексани.
    Затоа бев на преглед и побарав мислење уште од тројца гинеколози и сите ми го рекоа горе долу истото, дека нема потреба доколку другите параметри се добри да се почне со терапија.
    И еве на последниот преглед во 27 недела бебчето беше 1200 гр и сето друго е во ред.
    Затоа мој совет е пред да почнете да се боцкате да побарате второ, па и трето мислење, зашто се си мислам дека ова со клексаните станува бизнис. :?:
     
  18. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Да си бидеме реални, бремени сме, сложени процеси се одвиваат во нашето тело, хормонски промени, различни секрети и исцедоци, ама тоа е биологијата, не може да очекуваме дека кога ќе се соблечеме ќе ни мириса вагината на лаванда :D . Баталете ги миризливите влошки за секој ден и сите останати хемии и не се оптеретувајте со непотребни работи. Млака вода, чисти памучни гаќи 2-3 пати на ден и евентуално влажни марамчиња без алкохол. Се друго е повеќе штета од предност.
     
  19. ceki89

    ceki89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    мноогу лоша навика е тоа со влошките јас на пример цело време сум со нив и кога менувам гаки пак ставам,значи нон-стоп,а за миенје да се мијам секако.Сега пред две недели бев на преглед и во урината ми најдоа белопрање и ми даде др. цефалексин и вагиналети 7дена ги користев значи имав и инфекција сега за некоја недела пак ке одам да видиме дали ми ја снемало истата. Фала ви многу мамички сега ми е појасно што треба да правам:)
     
  20. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Јас не сум слушнала дека некој добил клексан за над 500 :?:
    Мене првиот пат ми беа 3400 и примив 10 клексани со препорака на трансфузиолог и 2 ца гинеколози.Бебето имаше мало меше и беше една недела биометриски помал од гестациската недела.
    После 10 клексани ми паднаа на 1800 и одма ме ослободија од терапија, меѓутоа после 2 контрола се покажа дека повторно се покачуваат на 2700и после месец дена пауза продолжив со уште 10 инекции.
    Мојата контрола во 22 недела после првата терапија покажа чиста постелка, добар проток и правилна килажа во согласност со неделите , меѓутоа трансфузиологот кој е наш домашен пријател инсистира дека д-димери над 2500 не смеат да се остават на случајност.