Мене не толку од анастезиите колку од самата помисла на царски... Излеа само ја не се плашам од природен пораѓај ни епидурална не ми треба нишо само да е природно, ама со мојава ситуација изгледа царски ќе биде.
Прв пораѓај природно не се плашев (не знаев што ме чека), а еве и за втор не се плашам знам што ме чека)
здраво дали некоја се соочила со уринарната бактеријата Klebsiella pneumoniae за време на бременоста? детектирана ми е бактеријата во втор третомесечие
Мене ми е прво а имам некоја (заблуда) самодоверба за природно пораѓање и сум ајде нека проаѓа време, само царски да не треба само тоа не! Баш околу ми се чудат другаркиве добро не се плашиш? Викам не знам зошто ама ич, едвај чекам да го пројдеме и тоа и да го згушкам ова стапалцево што ми излегува под ребро. Се надевам нема да ме удри паниката кога ќе почне процесот, мада еве 4 другарки сме трудни во исто време и сите се исплашени дури одбегнуваат да се збори, едната е решена да оди царски само да не проаѓала низ природен пораѓај... ваљда влијае и тоа што цела бременост се молев да го доносам за да може да го видам и гушнам. Инаку девојки дали само јас слушам (се слушаат и надворешно во соба) како балонче да ми пука кога мрда малце понападно бебо, обично доле под папок некако се слуша. Првите 2 3 пати мислев прсна водењакот па сфаќам дека нема вода не тече ништо ама барем 1 дневно слушам "поп" звук
Nema potreba da ti e strav od spinalnata, veruvaj mi bezbolna e, kolku za sporedba Recisi isto Kako zemanje krv od vena mozebi I Po bezbolno od toa, tije sto mrdale od strav go pravat toa ne od bolka... Samo opusteno I mirna psiha ke vides deka nikakva bolka nema, jas DVa pati sum primila nitu mrdnav nitu me zabole ni prviot ni vtoriot pat
Мене од прва ме боцнаа со сколиоза и породилни болки на 30 секунди... Таа ми вика, кажувај кога ќе имаш контракција, за одма чим заврши да боцкаме Арно ама, пак во сред боцкање ме фати контракција Ама ни малку не мрднав, така свиткана во седечка положба.. Не е страшно ич, ако треба спинална за царски.. само во мислата имајте си дека сега за многу брзо ќе слушете бебенце како плаче
И јас одлучна за првово природно а која мекушка сум и страшливка невидена работа а сеа брзо пријателка се породи природно вика оди царски маки е големи. Ама имам страв огромен од царски од рана и фактот дека ќе лежам со денови каде што на природно(дај боже) ќе станам побрзо и полесно е заздравувањето
Секое заздравување е индивидуално . Јас со царски од втор ден станата , сама до тоалет , сама се бањав во болница . Кога дојдов дома веќе функционирав најнормално , секако се припазував да не кревам тешко и пазење од легната да станам во седечка положба ( пошо знае раната да заболи ). Цимерката со природен пораѓај па пак стануваше со помош од сестра , па дури и се слоши и пребледе . Така да прави како што мислиш дека е најдобро за тебе и за бебе , позитивни и негативни искуства има и од двата начина
Не боли воопшто ставањето,мене ми беше многу језиво што 4-5 саата не можев да мрднам,едвај чекав да помине дејството на анестезијата.После имав болки ама издржливи.
Еве и јас сум обратен случај Многу полесно закрепнување имав со царскиот, него со природниот... Ама битно живи, здрави, се ќе се заборави верувајте. Ние на трето одиме, јас имам се заборавено и од природниот и од царскиот (природен пред 8ипол год, царски пред 6г)... Па дури и тоа мачнините ги имам заборавено
@Мариаа. ко да знаев дека нешто ти се дешава, те помислив до кај си, те пребарав и читам, пиши како е состојба. Првото не сакаше да излага, на ова нешто му се брза. Ти праќам гушка
Исто...не знаев што е како е, преживеав природен пораѓај, дури си викам камо среќа сите така брзо да проаѓаа ( во тие моменти баш не ми се чинеше брзо, ама тоа е нормално нели) И тоа без епидурал без ништо. Сега знам што ме чека и не ми е страв. Ако е природно ќе боли знам спремна сум за таа болка, а за царски ми е повеќе страв, страв ми е што ќе гледам и слушам, знам дека ставаат параван ама и таванот и светлото што ќе ги гледам ќе ми ствараат параноја, башка дека врзана и на раце и нозе.. а од целосна генерално имам страв, примив две кратки анестезии со киретажите и една на пораѓај за да ме шијат со еден мочан конец, не поминав лошо ич, ама сепак уплавот си е тој, ама си викам, како и да е бебево мора да искочи, како треба да биде нека биде
Па бев 36ч со високо напукнат водењак (ми протекуваше водата од време на време). Ми ставија провокации во 6 сабајле и веќе си добив и јаки болки на 1 минута кои ги издржав 3 саати.. и накај 9 ми пукна скроз водењакот и истече буквално кафено црна вода Бев само 2 прста отворена и рекоа дека шанса нема да ме чекаат да се отворам со толку многу мекониум во плодовата. Среќа што за секунди бев во сала, бебче се имаше доста изнапиено од водата.. Среќа се заврши на крај добро, сега е веќе 6г лепотица
На ова веќе му е тесно,решило да запознае свет Добро е сега за сега ,одмарам. Од другата недела зависно од цтг и болки може да ме задржат на патолошка,па ќе видиме. Фала што ме помисли другар