Да да, вака дека малце инат луѓе во фамилија па и знакот да му е таков Ама да ти кажам право сите мачни месеци, цело време зборам баш што е инат од старт си издржа до овде, не се даваше ова бебуле (Хормоните на најјако ми се денес, Грашо(к) пее во позадина јас лежам и си цмиздрам а куќа ќе полета)
Исто ми е бејб. Сум се испружила како крава без ниеден атом желба. Децава кое игра игри, кое реди пластични шишиња. Треба да праам палачинки и пица подоцна освен ако не решам да се свртам на другата страна. Јас сум инает, ама не си ми го упознала помалиот син.
Уху ако ги направиш викај Јас вчера т.е денес во 1 правев сарма па барем за ручек 2 денови не морам да мислам, садовиве..........нека си постојат Вие двајцата јарчиња м? мислам па машко инат е ултраубиствено ахаха
@Fenix05 Мајка ми е јарче. Јас вага сум, големиот е стрелец, сега на 23ти му беше роденден наполни седум, а ова лошотијава е ракче. Не е лошотија, така викам, ама е доста напорен. И бебево ќе биде стрелец. И се мислам дека пол ми утнаа. Док не родам ќе сум си на тој став дека е девојче јер Нада задња умира. За палачинки маци најубави правам. Да си дојдеш
Ова со Нада задња умира ме насмеа, ме потсети на "зошто е лошо свекрва ти да се вика Нада" се што е со рогови е хорор. Моето беше меѓу овен и бик, знаев дека што и да биде жива ќе ме изеде и така испадна
Здраво феминки сакам да ве прашам за некој кој бил во иста или слична ситуација како мојата. 37+4 недела сум бремена завчера имав лажни контракции бев на контрола малку омекнато грло, 2 степен зрелост на постелка и 2.5 прста отворена ме пуштија дома ми рекоа за 3 дена контрола , но ми е страв дека не ме задржаа ми рекоа рано е уште . Фала ви однапред
Ист случај сум јас. Отворена 3 прсти и така си терам не осеќам болки сеа,повеќе лежам. Во понеделник сум пак на цтг и преглед. Доколку во меѓувреме пукне водењак или имаш болки на исти интервали трк до болница.
Фала ти на одговорот баш се загрижив дека не ме задржаа ама ајде ваљда си знаат. Да ми рекоа ако имам болки или пукне водењак одма на болница, а и јас повеќе време лежам од страв Каде одиш на контроли?
Во Чаир. Цело време ме следи докторот што ќе ме пораѓа. Втор пораѓај со него,па му верувам и само тој успева да ме смири. Не се секирај ако фатат оние вистинските контракции ,нема утка ќе отидеш одма. А и подобро дома да поминеш уште некој ден/недела,него во болница. Ќе ти се вртат секакви сценарија таму и ќе слушаш свашта. Само позитивно,уште малце имаш
Фала ти за второ е сигурно полесно мене ми е прво и ме фаќаат паники. И јас цело време одам кај ист доктор ама сепак искуство од друг е секогаш добредојдено. Фала ти многу уште еднаш и со лесно да поминеме сите
Јас сум стрелец а син ми ракче е ... значи дома ни е хаос , јас незнам како вака се погодивме али и мојот е напорен многу.
Здраво, Дали некоја од вас е бремена и доилка? Една докторка ми вика дека смеам да продолзжам со терапија и со доење (methyl folate,b12,clexane,utrogestan,ideos) друга докторка ми вика да прекинам. Детето е 15 медеци и премногу е поврзан за доење,не сум воопшто спремна да прекинам
Вака од 27.12.2023 отварам трудничко а во март 2024 ми истекува договорот на работа,можат да ме одјават или што би се случило? Пс цела бременост бев на патолошка
Можат да не го продолжат договорот тоа мора да си прашаш во фирмата секоја фирма има своја политика ако се фер нема да те одјават и после трудничко ќе си се вратиш на работа, а ако се некои кретени само ќе се прекине договорот и толку
Можат. Немаат обврска да ти го продолжат доколку решат дека не сакаат. Во овој случај, ќе останеш без здравствено осигурување, ќе треба да се осигураш сама или преку сопруг
@TutiFuti Мојов е овен жива ме изеде. Мајка јарец жива ме јаде ... А синов стрелец со него супер ми оди, малово е пренапорно ама е ептен чешит и смешен. Да, напорен е многу, ама јас па обожавам ракчиња. Ептен се фамилијарни. Ќе имам јас голема мала со малиов (што сега ќе биде среден) оти е многу многу приврзан со мене. Само раче ми дава и секаде кај сум јас таму и он. Значи од него нема одмор. Абе ја ако седам до 2 и тој не спие чека да си легнам. Како сака така ме команда. Инаку ај да не пишувам таму у темата за пакување за у болница, кажете ми тука ако не ви е проблем, дали кога ќе ве закажат на ГАК дента на закажано носите торба со вас или отпосле ви ја носат вашите?