Имате ли искуство со фоли катетар? На другарка и е закажан прием за породување со провокации и и кажале дека ќе и стават фоли. Некои не и го препорачуваат бидејќи било ризично (не знам причина) и болно, други викаат полесно било отварањето со фоли отколку со вагиналета...
Мене на Гак ми ставаа таква провокација. Не е ништо страшно само што е малку непријатно додека ти го наместат. Мене околу 11 ми го ставија а во 3 се породив. Може дека второ па побрзо идеше процесот.
Јас пак со секретот мој. Сега лежам и се осеќам како подмочана. Гледам на гаќите имаше баш онака како водичка. Одма помислив да не ми капе од плодовата вода Нормално ли е волку да има секрет во 19 недела?
За едно 20г од сега има да читаме за тебе у темана за свекрви Јас за болница сум скроз спремна, ама ке носам тие големи улошки како пелени што се Инаку, на 20ти треба да ми се отвори картон тука, и треба да одговорам начин на породување, дали имам некои барања, дали сакам да донирам плацента. Ама посеизгледа ке си пишам да се породам у вода, секако ако стигнам на време за да можат да припремат базенот. За желбите се мислев, да си пишам да не ми ја сечат одма врвцата туку да ја остават барем уште 2мин, или ако дозволат додека не излезе целата од мене. Ама тоа посебно ке го зборам со акушерката. А ке потпишам да ја донирам, и така дома нема да ја носам. Мене грлото на матка ми е скратено и е 33цм а сум 34та гн. Ама јас не осеќам уште никакви контракции Патем, ние сите троица сме јарци и јас и мм и бебево што иде ( освен ако нѐ изненади порано) една штала треба да отвориме зашто не знам како ке нѐ истрпат у зградава П.с. Честитки до сите новопородени мајки живи, здрави и весели да сте
Јас од 20та еве 34та исто мокро а плодова не мрда, дефинитивно е секретот што викаат дека е нормален. Сепак напомени на контрола за да проверат да си мирна.
И ја сум иста, ама не знам што е. @La-loca само јас сум 39та недела веќе... @*Amethyst* јас маци од сега се карам, тогаш има драма да биде. Од денес 39та. Ситно броиме.
Морав да пишам одново , @Cherry blossom89 нека ти е здрава и жива ќеркичката, Бог да ја благослови и да и дава безгрижен живот, топол дом и здравје
Мене не ми делуваше тој катетер нешто посебно. Го добив заедно со една вагиналета за отварање, едвај 2-3 прсти се отворив и процесот не тераше натаму, морав дополнителни провокации да примам. Не знам зошто би било опасно, тоа е буквално со сила механичко отварање на грло на матка. На мојот матичен кога му кажав дека ми ставиле за провокација, се смееше дека тоа е метода од минатиот век.
Зашто немам искуство со болки, т.е. природно, многу се потресов со случајов со Вања, ме боли кичмата цело време без престан од пред саат време , менструални болки си имам пак, не пратам интервали зашто ми се те појаки, те послаби, али тука се цело време и се трпат, не се некои ВАУ, како да осеќам притисок од бебе доле ниско, како да ми чепка... ГРОЗНО секој случај. Дајте абер дали да си одам до клиника или да си почекам оти ме мрзи реално, а и не би станала за ваква болка. Не е нешто страшно, ама ме боли бре.
So menstrualni bolki i bolka vo grb sum i jas celo vreme boli grb nema inetrvali nema prestan ni ja pojma nemam kakva e bolkata deka prvo ama site so kazuvaat kratkotrajna treba da e i jaka neizdrliva ama mislam deka bese po nakraj ako ti e mislam odi na dezuren
Скоро 2 саати сум со болки, константно, а од време на време јако ќе ме акне, ми иде да си се исплачам и ми поминува, де напред де назад у кичма. Сега ме боли како да сум добила, ама немам тикови, ќе дојдат ваљда , ама не се пречести... Имам и камен стомак и бебе мирно, имам киселини и пуна сум паника.
Ој мајка да си легнеме и јас денес цел ден депресивна со чудни болки среќа утре имам контрола кај матична во 8 па ќе види ваљда ако има нешто.. не читај пробај заспиј ако ноќва некој успее да заспие.....
Фалааа милаа, да си жива и здрава и ти со твоите момци знам колку имаше желба за женско, ќе те чекам на гости да ја причуваш некој ден да те расположам малку да се живи и здрави, и машко и женско, наши си се