Спремна ли си мама? Ние тука те чекаме со вести во живо за престојот на гак и како ќе поминеш на царскиот, малце остана
Нешто врскиве или ми шкрипат од страна на сместување, не е баш дека сме две како што викаа по 2 у соба биле, три кревети се, сега ќе гледам со време да ме преместат, ама човек ако нема луѓе богами не дека е Александар Палас. Леле не е до ГАК, ама толку ми го фалеше вчера врската што треба тука да ме чуваат како "кралица" испадна дека сум магарица. Нека е се во ред со мене и бебе, ако успеат да ме сместат на друго место ќе е топ, ако не тоа е , ќе издржам. Лошо е кога одиш од коњ на магаре. Да сум била на ГАК па у Систина ќе било друго, а од Систина сега ГАК ми изгледа како штала. Јас не сум ви пример како е некаде очигледно, не е страшно колку што јас очекував боље услови. Фиокиве не се затвараат, се на повели е, тоа е што е...
Има една соба со 6 кревети. Јас во таа бев. Не сум баш сигурна... Мислам дека тие со царски се еден спрат погоре.
И јас бев на прием кај патолошка ама после ме спремија горе во родилна соба и после бевме само 2 цимерки во собата, така издржи уште денес и со лесно мила утре
Ајде мила уште не си стигнала значи во хотелот сега си во мотел покрај автопат издржи 1 ден Јас не сум раѓала ама 4 пати сум лежела во Систина затоа i feel you sister се надевам утре си закажана за порно
Не е до вас до мене е. Преплашена сум, паметот не ми е тука, се разочарав пред време а уште не сум на одделение, утре ќе ме качат. Таму имам врски за сместување. Тука нема да векувам, чисто си е за чисто, ама јас како си се распослав како у Систина. Таму и на прием и после у иста соба се враќаш. Од тука конфузијата. Инаку овде ми правеа работи у Систина што не ми правеле, со едно железно како клешта ми го мереа стомакот , со метро исто така, цела историја напишаа, тежина и висина исто... Леле џабе изедов трици. Среќа @Sofi.ja што спомна иначе немаше ич да ми текне...
Мислам дека сите прво ги примаат на патолошка, освен ако не дојдеш со 6 прсти отворена па директно во сала да одиш. Не ме чуди ако се е искршено на патолошка, рачунај со болки коа си, лупаш и фиоки и врати и прозор ќе кршиш Тешко е од приватно на државно, точно, ама утре ќе те сместат веќе во соба со по два кревети, по раат ќе бидеш. Само се да помине како што треба
И јас бев прво на патолошка. После пораѓајот ме однесоа на спрат затоа што немаше место кај родилките. Другиот ден ме симнаа долу (на истиот спрат кај што се породив) и ме однесоа во последната соба. Ова за вториот пораѓај. Се породив природно.
Знаеш дека тоа ми е најбитно? Господ да не чува и мене и бебо, сеуште не сум свесна што се случува... Едноставно се чувствувам исплашено. Страв ми е многу...
Нормално е, и човечки е да се плашиш, иако знаеш што и како е, трет пат е сепак, но и најобична интервенција да е, му ствара на човек страв, немир и анксиозност. Денес гледај да си смирена, да бидеш што по исклучена од светот, гледај серија)филм на мобилен или читај книга ако имаш, едноставно фокусот да го ставиш на нешто друго. Мисли позитивно, во супер раце ќе си
Ме смируваш. Ти благодарам. Женчињава фини ми се погодија, убав муабет правам бар ми влечат мисли. Инаку ако ми е трет, сега викам туби ќе вадам, да не боли дополнително, па го прашував докторот срце е, ми објасни што значи вадење туби и ако сакам пак да останувам наредно ќе мора инвитро (што ја не би, доста е) . Ама стравче ми е...
Не си грешка, и во предродила и на одделение кај родилките има соба со 6 кревети. Т.е како две соби споени се(кај родилките) и мислам дека една е таква. @LadyC со лесно мила. Мислите нека ти бидат само кон бебето,ќе си се гушкате наскоро И верувај дека ти работат врските бидејќи јас бев со индикација за породување(намалена плодова вода) и пне ме примија утрото се вратив дома,вечерта сите можни врски ги искористив едвај да ме примат. Одговорот беше нема место. И право во предродилна горе ме качија.
Вадење е едно, подврзување е друго? Пример ако се подврзеш, после можеп и да ги вратиш или? Малце сум неписмена на темава, за вадење знам дека ако ги извадиш тоа е тоа веќе. А се договоривте, дефф ќе праиш и тоа уз царски? Извини вака што ќе прашам колку години имаш мила? И дали трет царски е максимално царски што смееш?
Макс е 3 мила. Бар у Мк. Инаку имам 35 год. А за тубите со подврзување нема гаранција дека нема да останеш бремена, тоа е превенција ама не е гаранција, а со вадење на туби не можеш веќе да останеш бремена (неплодна ќе бидам освен инвитро ако не одам) , а ќе имам редовен циклуС и се ќе си е нормално, плус добивка ми е заштита од канцер на јајници. Инаку фала ви на сите од срце Страв ми е, ама тоа е тоа.
@LadyC те памтам уште со второто кога ја водеше темата термини за породување. Со лесно, утре ќе јадеме мекици во труднички за тебе Јас сум 28 недела, воопшто не ми е исто како со првото. Имам болки доле уште од сега како да сум 38 ако се раздвижам повеќе и цело време ми се превртува стомакот. Важно си купив карти за Дино Мерлин, фан пит стоечки, памет немам ама ми се живее