Која недела си? Ти го закажаа царскиот? Потполно те разбирам, стравот е голем, но мора да се фокусираш на тоа дека мора бебето да излезе некако. Практикувај вежби за дижење, ско помага разговор со психолог и тоа примени. Интервенцијата дама по себе е брза и безболна, но биди спремна за станувањето. Мислам дека ако си психички спремна дека е непријатно и дека боли, поубаво ќе поминеш. Даваат лекови за болка, нема да остават така, само да сте живи и здрави и смирена да влезеш во сала.
Јас денес сум 40+2 исто нема абер… бебето е прилично големо 4кг, сум имала уште малку фора за природно, ако не царски… јас веќе немам трпение треба и јас на 31.12. да одам на преглед и да видиме… друга работа што ме загрижува е да не не приметам ако ми пукне водењакот, пошто ми е прв пат и читав ако е горе пукнат малку течело… сега на долниот веш приметувам бел разреден секрет и влажно околу него, но има и кај па ваљда е пот?! Иначе го осеќам цело време бебето како се тегне
Јасно обратно, ентерокока во урина, па ешерихија на брисеви. Првите две недели кога имав ентерокока по препорака на докторката пиев Д мануро- ќесички и фосфомицин еднократен антибиотик во ќесичка, морав тој бидејќи неделата претходно завршив 5 кутии сумамед ради инфекција во плодова вода . Пиев многууу вода, ама џабе, ентерококата немаше мрднато во концентрација и морав да пијам амоксиклав. Пиев 7 дена и на следната уринокултура ја немаше. Сега за ешерихијата пијам 5 дена панцеф, а потоа вагиналети специјални направени од панцеф. Кај мене пеницилинскиот антибиотик помогна за ентерококата, а кај ешерихијата ми покажува резистентност. Журка сум со антибиотициве, се отрув цела бременост . Зборни си со докторот што те води…
Заборавив да кажам дека сум на бед рест и пиев но спа- против спазми во матка и на уринарните патишта. Докторката вели комбинација од многу лежење, паднат имунитет од сумамедот и ставање утрогестан вагиналите, толку требаше…
Слаби болки во кичма, стврднување на стомак па опуштање. За документација се ке си земеш до сега што имаш од почеток на бременоста. Во Ит ги рачунаат за лажни контракции тие, не било време.
Панцеф дозволено ли е да се пие? Ме прати гинекологот за к слика и црп зошто ми најдоа инфекција вагинална (нема време за брис со лента ми земаа примерок, зошто грлото наеднаш ми се скрсти олус ме боли и боцка внатре). Црп над 50, се др од гранулоцити и остало покачено. Благо цевено грло плус. Општава мстична ми вика мора и антибиотик да испијам ми даде панцеф. Матичниот гинеколог и замената денес не работат па со нив не можам да исконтактирам.
Јас моментално пијам панцеф заради ешерихија на брисеви, матичната гин. ми ги даде 10 дена, ама докторката од Ремедика ми рече да комбинираме 5 орално, 5 во форма на вагиналети- има аптека Ефедра во Карпош 2 што ги прави. Сака и локално да се третира, а до пред 12 дена пиев амоксиклав ради ентерекока во урина и да не дојде мн орално. И јас сум со скратено грло, затоа не можам да дигнам глава од бактерииве, ужас.
За греота сме. Проблемот е шо не смеам панцеф, пеницилин и амоксиклав...После празниците ќе направам уште една уринокултура па ќе видам. Инаку гинекологот ми вика шо ќе ти препише матичен лекар тоа, а она па се плаши да препише и сега ќе чекаме. Инаку стално сум со вагиналети и пред и во тек во бременоста. Ќе издржиме некако само да нема компликации и со добро да помине.
Ми дадоа и мене вагиналети вчера и плус и утрогестан да пијам ама без орален антибиотик значи, ништо. Ќе го земам, што да правам
Види што ќе ти каже докторот, мене ради тоа ми дадоа комбинирана терапија. Да издржиме само, да не попуштиме нервно
Како да се најавам на мој термин? Каде ги праќааат рез за брис од пролече ? На матичната и се пратени ама типкава пред 2ч ми рече ќе видам и нигде ја нема а ме интересира 2 пат ја лечам има негде кај можам да се најавам?
Симни ја апп и направи профил преку услуги.гов.мк мислам треба прво па се најавуваш на мое здравје и таму барај во лабораториски/архива
Јас миалев само јас сум така со плачките, реално 5 минути ме фаќа па поминува, па после пак во текот на денот. Имам верба во докторкава што ќе ме пораѓа ама пусто ете, ем одвај го чекам да го гушкам ем си велам седи уште малце Точно не знам кој датум ама измеѓу 15ти и 19ти јануар. Ако не дај боже има нешто порано па сеа се молам да биди се во ред уште две недели. Мозоков ми нема капацитет за поширок спектар на информации како после процедурата, мисли само за тогаш. Општо катастрофа бејби браин иам Фала на двете за мислењата ми значат
Помагајте! Затнат нос со денови, од синоќа и силна досадна сува кашлица. Прополис, оперил П, Алпенкрафт сируп денес, инхалација со камилица ама ништо ме помага. Од кашлањето којзнае како му е на бебево, инаку 32 + 2 сум.
За кашлица да прочиташ дали смееш чај од ловоров лист, а ти препорачувам Бронховит на Виталиа, малтекс со билки. Многу смирува! По неколку лажички на ден и не пиј течности после тоа… само прочитај дали е безбедно и тоа (не верувам дека е проблем, ама прочитај си). Прегорен шеќер со млеко и путер исто смирува кашлица, млак да пиеш За носот да пробаш ринохорн ако имаш (личи ко бубрече) што се става во нос заедно со физиолошки раствор и да го плакнеш.
Јас пиев од ловоров лист чај рецептот ќе ти го пишам, мада еден ден пиев и гледав да не е многу околу една чаша пошто на аптека ми рекоа јак бил. Исто тука негде бев како тебе со настинка. 250мл вода ќе ставиш 6 лисја ловор и 6 лајци шеќер да зоврие 2-3 минути, го тргаш и го оставаш да стои максимално 10 минути, ги вадиш лисјата и истегај еден лимон. После се пие по 1-2 лажици на саат два. А за затнат нос освен спреј септаназал и мералис јас чаре не најдов. Со помин, поќе овошје зеленчук супа
Кажете ми памперс ќе ми треба за гак за бебето? Или имаат они? + срамота ли ќе е ако отидам со торбица? Малку поголемка? Пошто нииишто не ми собора а све ми треба