Составот е ист, генеричкото име е тоа. Ако си ја купила имуноро, боцни се со имуноро. На матичната ќе и кажеш ссмо рецепт нов дс ти пише до име имуноро. Секако на розев рецепт ја дава не и менува неа ништо
Kaj mene vo 32 se svrte a bese karlichno. Nokta koga se vrtese pocuvstvuvav mnooogu dvizhenja, stomakot mi setase levo desno mislev ke se rasprsne, epten onaka mrdanje kako do sea shto ne sum osetila
Првото го сетив во секундата кога се сврти, цел стомак како да ми падна надоле, празно под ребрата а полно во карлицата, не се сеќавам кога беше ама мислам дека беше релативно рано, околи 30-32 недела. Второво во 32ра после еден куп вртење мислев дека ми застана вертикално со главата горе и нозете доле, и 2 дена се жалев дека ме клоца во бешиката. Отидов на редовен преглед кај што ми кажаа дека уствари е обратно, со главата надоле. Така да иако знаев точно како е да се сврти од искуство, пак не го препознав тој момент вториот пат. Значи правило нема, на ехо ќе ти кажат како е наместено за сигурно, и тоа може и во последен момент да се случи.
31+4 сум ама веќе три недели на строго мирување сум со скратено и омекнато грло и само се молам барем да издржам до 36та недела.. Утре сум на контрола па ќе видиме како ќе е.
Ау да ми се чини се заглави вртејќи се. Многу болни движења беа па пола саат се мачеше ми се чини да се намести и на крај испеа цел стомак ми беше оптегнат како да станал одвнатре
Здраво Дали некој може да ми пише што се е потребно за новороденчето кога ќе си дојде од болница дома. Од страна на облека, козметика, пелени...прв пат сум бремена и не знам што треба како треба
Козметика користев еуцерин на почеток и го мачкав со јекодерм имаше многу влакненца и посува кожа јекодермот многу убаво му пријаше. Сега сменив со мустела и позадоволна сум отколку од еуцеринот. Облека боди по кратки или прерамки од доле како маичка од горе шпикозни или тренерчиња од кога е родено бебето така го облакам. Многу е важно да не го прегрејувате бебето оставете што кажуваат старите. Ќе видите и самите колку повеќе го наоблакате послаб имунитет има и полесно се разболуваат, плус може да ви дехидрира од топлина и вруќаници да добие. За дома ви треба корито, црпалка, бањарче барем едно, ножички за ноктиња, тетра пелени ако постилате во коритото доле за полесно да ви е за бањање и така натаму.
Во 9та недела му се јавило на некој за прв пат гадење или си го расипав желудникот пак? Имав некои киселини мислев то е то, ама не било ништо тоа, сега едвај јадам и неможам се да јадам.. И Фамосан дали се дозволени во прво тромесечие? Тие ме смируваа доста.
Да кај мене од 8ма до 14та недела траеа, ужасни болки во желудник, повраќање, гадење на било каков мирис.
така комирана лежев неколку недели само навечер како чудо ми поминуваше наеднаш и тогаш се ми се јадеше
Здраво, дали знаете дали смее да се земаат електролити во бременост? Со корона бев од минатата недела, температура и повраќање и сега кога конечно сум подобра изнемоштена се осеќам, незнам дали смеам да си растворам едно ОРС?
Здраво мешиња... сакам да ве прашам за искуство. Јас веќе 16 години се борам со депресија, анксиозност и панични напади. Во последните две години преживеав страшен стрес и ми беше препишан Пароксетин и Хелекс. Пароксетинот престанав да го пијам неколку месеци пред да останам бремена, а Хелексот го пиев и сеуште го пијам (скоро 8ма недела сум). Преплашена сум до смрт да не му наштетам на плодот. Не можам да дишам, постојано сум под стрес, се плашам од се. До сега на контроли се е во ред. Ве молам, ако некоја идна мама го има овој проблем нека сподели искуство овде или во ПП ве молам. Прва бременост ми е, имам 33 години.
Бремена сум 5та недела и стоев многу на нозе и почна да ме боли доле мн кај бешиката долниот дел на стомакот, многу се плашам незнам дали е спонтан нешто си направив