Дали матичните гинеколози ви наплаќаат за прегледите во бременост? Кај Наде во ПЗУ Мама сум, втора бременост 9та недела, секој преглед ми го наплаќа по 400 денари (само ехо). Минатата бременост денар не ми зема.
Мината бременост почнаа да ми наплаќаат, ги пријавив во фонд, од тогаш истерав цела бременост, 2 и пол години после тоа и сега пак сум бремена, еден денар ми немаат наплатено .
Да, секое ехо 500 ден, потврда за примени клексани 200 денари, брисеви 350. Ја и скриниг правам кај матичната првиот и третиот 1500 а вториот 2500. И да ти кажам искрено алал да и се парите, ја подобра матична не сум имала, а од 16 години сум со гинеколошки проблеми и по доктори и сменив доста матични ама оваа што ми е сега мислам дека дур не отиде во пензија ќе одам Кај претходната што бев не ми наплаќаше од коа останав бремена ( за жал заврши со спонтан) ама па и не ми даде соодветна тарапија и затоа имав спонтан.
Мене ми се познава одамна, 12та недела сум. Мислев дека е само подуен и ќе се намали, ама само расте . Денес помина првиот скрининг и конечно ќе одам да си купам труднички фармерки дека одамна одам на преглед со откопчани панталони . Не го мисли иначе зошто не се познава. Знам девојка што до 8ми месец немаше скоро ич стомак, а детенцето и е здраво и се беше ок.
Не се секирај за стомачето, нека си расте бебе како што треба и верувај ми полесно е со помало меше, ја сум 30та недела и сум како тројка да носам и коа ќе идам на преглед докторите ме прашуваат да не сум грешка со неделата зошто сум ко мечка И нема правила, ма да другарки коа немале ич меше поголеми деца на килажа родиле од тие што биле како мене "големи". Гали меше, чувајте се и не се замарај дали ти е мало или големо... Најважно е бебето да напредува
Ауу тоа е многу искрено со фондот е зашто да ви наплаќаат матичните јас сум 12+5 и мојата не ми наплаќа преглед. Денес бев за скрининг, ми зимаше брисеви (кој ги носев сама во приватна лаб поради тоа што имам лошо искуство со државна за брисеви и пап), ми зема и пап (кој ќе го носат они во хистолаб) и ми наплатија 1700денари. Примам од старт клексани и ми немаат наплатено за ниедна потврда. Исто така и кога не бев бремена и идев на ехо само никогаш ми немаат наплатено.
Искрено, лично мене после се доживеано и после таа борба од 3 ипол години за бебе не ми е битно колку ќе ми земе и кој. Не сум некоја што има многу пари живеам нормален живот, нормални примања не ме свајќате погрешно, ама подобро да платам еднаш месечно 500 ден, него да не ми зема ич пари ( чест на исклучоци) и да ми рече " А па ја заборавив дека си со мутација за да примаш клексани" ни во картон немала запишано. Таа "грешка" или пропуст нејзин незнам како да го наречам мене можеше живот да ме кошта. Едвај жива глава спасив со спонтаниот. А сега што ми е оваа матична она ми се јавува за да ме потсети дека треба да одам по извештај за клексани, дека ми креирала упат за крв што примам и за се.
Не би сакала да кажам, за да не и направам проблем на докторката. Извини многу ама прочитав погоре дека ги пријавувале а јас не го сакам тоа. Не ме сваќај погрешно.
Devojki tie sto ste so gadenje i povrakanje kako izdrzuvate ? Ova mi e vtora bremenost, prvata ja pominav isto so mn gadenje i nejadenje nisto sega i ova Mnogu tesko se spravuvam nekako
Kolku trae stomacniot virus? Celi 4 5 dena sum so povrakanje od vcera i dijarea. Bev denes zemav 2 infuzii taman sto se vrativ podkasnav dvopek pak isto. Se sto kasnuvam povrakam.
Да пробаш со 70% чоколадо, или со пола лажичка не сварено какао, мене тоа ми помагало за дијареа, а за повраќање бадеми ми помагале 4 -5 сум јадела и кока кола голтка по голтка....
И мене ми ги наплаќа, освен брисеви. Мене ми е прва бременост, а сум кај неа од тинејџерски години. Секој преглед со неа ми е различен, еднаш е супер и топ, друг пат жива незаинтересирана. Откако станав високо ризична бременост ко да дигна раце од мене. Може и јас пребирам, ама не ми е убаво после последниве прегледи кај неа
Да си ја смениш, неубавото чувство и не доверба се многу лоши знам по мене. Ти сега треба да си смирена, а не да му ја мислиш таа дали е заинтересирана или не е .
Плус, кога правев приска воопшто не ми се ни јави дека резултатите не се добри, вработената на шалтер ми рече: абе еве low risk е, а приската ептен лоша, 1:92 за даун. По приватна консултација и пренатален тест одам на следна контрола ми вика: а еве приската… не е сјајна. Арно што си направила нифти. И јас вака стојам wtf, жива незаинтересирана…
Мене Надица ќе ме ставеше на нож поради чоколадна циста за која отидов на второ мислење кај сегашната матична и ми објасни убаво дека има циста и дека е голема ама по неа е водена за 1 недела треба да добијам по тоа што го гледа она на ехо ако не добијам да почнам со примолут нор. За 5 дена добив бев на контрола после циклус циста има но намалена за 15 и така по ред 3 циклуса за на крај да ја снема и никогаш повеќе да не се појави фала му на бога ..
Страшно цццц... ја да можам би ги тепала жими се. Не е ова пазар, за живот се работи на мајка на бебе... Пренаталниот во ред излезе?
Мене Стамболиев ми имаше речено на мој 23 години дека ја со инвитро самоѕрѓ трудна ќе останам ( поради циста чоколадна и операција ), после 3 ипол години ( проблем психа ) фала му на Бога ја природно си останав. Некогаш ми доаѓа да му отидам и да му речам да си ја фрли дипломата.
Мене матичната не ми се јави да ми ги каже резултатите од брисеви, а јас се спремав за ин витро. Сама си ги земав резултатите, си испив антибиотик и не ѝ кажав ништо. После ми се јави да ме праша за bhcg...