Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Имам мака...
    Дали може да ми кажете како им соопштивте дека земате боледување на работно место? (со надеж дека по месец дена ќе продолжите на патолошка)
    Мала фирма сме и во три години неам боледување ништо земено, само денови од одмор и тоа не сум ги искористила никогаш сите.
     
  2. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
    Јас не им кажав, само знаеја дека ќе правам ин витро и дека ќе користам одмор 10 дена додека трае постапката. После тоа од денот на трансфер отворив боледување и само ги известив дека продолжувам на боледување и толку.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Се јавив и им кажав "имам проблем со бременоста и ќе бидам на боледување за почеток две недели од матична па ќе видиме комисијата што ќе одлучи". На определено или неопределено си?
     
    На WhiteCat33 и CarrieBradshow им се допаѓа ова.
  4. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Неопределено. Тоа ме теши ама си мислам со платата да не ми направат нешто да ми скратат повеќе.
     
  5. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    1.383
    Пол:
    Женски
    Гледај се себеси и бебо ако треба зимај боледување ич да не се мислиш,а плата секако ако идеш на патолошка ќе ти биде 70% од просекот на последни 12 плати
     
    На intj_girl и CarrieBradshow им се допаѓа ова.
  6. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.590
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
    Ич да не ти е гајле. Ништо не можат да ти направат.
     
    На WhiteCat33, CarrieBradshow и _budaletinka* им се допаѓа ова.
  7. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Не, чим си на неопределено, ништо не ти можат. Првите 30 дена те исплаќа фирма и е 90% , после си под фонд и земаш 70%. Проблем со паталошката е што породилното отсуство го отвараш 45 дена пред термин. И после породилното од коа ќе се вратиш на работа 6 месеци несмее плата да ти чепне.
     
  8. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Не ти ја сфатив последнава реченица? Објасни ми те молам.
     
  9. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    1.383
    Пол:
    Женски
    Породилно од патолошка е 7 месеца со тоа што отвараш породилно после последно боледување односно 45 дена пред термин да знаеш ама за да ти биде 9 месеца можеш да не отвориш породилно 45 дена пред термин туку кога ќе заврши последно боледување да го затвориш и да земеш одмор ако имаш стар или нов да го искористиш па да отвориш трудничко бидејќи регулар може да се отвори тој 30дена пред термин и така ќе имаш породилно 9месеца :inlove: или после одморот да земеш боледување 15дена од општ или гинеколог. Битно да имаш прекин на боледувањето за да имаш 9 мес. породилно
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Фала му на Бога да и на скрининзи си беше сѐ во ред… абе катастрофа, ме разочара она, да мине сѐ добро со сегашнава бременост само и планирам да си одам од кај неа, она секако го спрема синот да работи кај неа
     
    На Ivana 8 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Јасссс

    Јасссс Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Жени дали некоја пиела хелекс или диазепам за време на бременост . 4 недела сум а поради анксиозност пијам по 0.25 навечер макс 0.5. Матичната ми рече дека не е страшно .имате ли таково искуство цела сум со стравови за се и сешто
     
  12. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Не смеат 6 месеци плата да ти намалат или да ти дадат отказ после породилното отсуство.
    Знам, ама ја сум на определено и не ми се ризикува. Гинеколог неможе да ти даде боледување после паталошка.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.960
    Допаѓања:
    14.711
    Пол:
    Женски
    Ако имаш добар однос, најдобро е отворено да си ги кажеш плановите. Ако мислата ти е дека ќе ти замерат на било кој начин дека земаш боледување, тогаш нема што да се правдаш. Кога ќе ти го отворат или продолжат боледувањето, ќе ги известуваш тековно, колку што законски мораш.
    Со фер работодавец, правилно е да му дадеш простор да се припреми за твоето отсуство, особено кога знаеш дека ќе биде подолго. А ако ти се секираш дека ќе ти скратат плата, не мораш да се секираш и како ќе тераат без тебе, што знаат тоа нека прават.
     
    На Maja92@, CarrieBradshow, WhiteCat33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    1.470
    Баш така, мене ми е втора бременост и скоро 5ти месец сум (т.е 17+3 сум сега) и уште рано ми се познава стомакот , така да нема правило..
    Него да прашам сите кои носите/носевте женско дали од почеток имавте голем стомак или ?
     
  15. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    1.141
    Мене ми вика матичната ако сакаш на обично ехо некое од пред сто год ти е бесплатно а на новото 4д ми вика 500ден
     
  16. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.824
    Допаѓања:
    9.276
    Пол:
    Женски
    Јас пиев додека доев ,кога имав потреба , се беше во ред. Меѓутоа распрашај се за Лоразепам, мислам дека се послаби
     
    На Јасссс му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.824
    Допаѓања:
    9.276
    Пол:
    Женски
    А скрининг кај Матична правеше?
     
  18. emits

    emits Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    Мајки, тие скоро што се породивте во Систина, дали пуштаа посета. Мислам сопругот и постарото дете ?
     
  19. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    397
    Мајки кажете ми кој имаат искуство, на 10ти деќември ми беше последната менструација на 5ти јануари правев тест беше позитивен со бледа црта, првата бременост имав само проблем со покачени д-димери и скратено време од кој откривме случаено во 7миот месец и примав 37 клексани, и кога се породив ми беа нормални резултати
    Е сега на гинекологот се јавив ми рече да почекам уште 2 недели за да одам на преглед, дека уште нема ништо за гледање и по неделите во тоа време ќе има дај Боже срцева реакција, инаку во јануари минатата година имав спонтан во 7 недела, се испостави дека е од хипо хашимото, сега пијам еутирокс 75.
    Незнам дали на своја рака да проверам цела крвна слика, д димери и хемостаза ?
    А исто и за штитната имам на 23ти јануари преглед и се јавив вчера, сестрата рече нема проблем да почекам до 23ти јануари, а јас знам кога дознаваш дека си бремена одма се вади резултати за штитна и ти покачува доза ако има потреба, јас само седам и толку незнам што да правам, извинете на долгиот пост, ви објаснив цела моја сегашна мака и незнам на што сум, јас се осеќам добро за сега, само слаб апетит
     
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.802
    Допаѓања:
    77.184
    Пол:
    Женски
    За прегледот во право е матичната и да отидеш сега може ќе има точка, сакус, а срцева нема уште да има и пак ќе си насекирана и во неизвесност. А за крвнава слика, јас на твое место ќе си направев (познавајќи се себе си). Чим си со дијагноза хипо, со упат од матичен можеш да си провериш TSH и да не го платиш приватно. За другиве две мака не сум имала и незнам како да те посоветувам.
    Јас со последна менструација на 6.11, на гинеколог бев тек на 20.12 и бев 6та нед, едвај срценце слушнавме дури и тогаш... Па дека несигурна бев пак некако во неизвесност, отидов и во Ремедика на 7+ и веќе поубаво се слушна срценцето :)
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.