Истото го преживеав во мојата прва бременост. Откако ми кажаа дека бебето е поголемо за 2 недели докторката ми кажа дека или имам скриен шеќер или бебчето едноставно ќе се роди така покрупно. Кај мене се испостави дека имам скриен шеќер, освен благо не јадев и брашно и овошје( овошјето кај мене ми правеше најголем проблем). Откако внимавав на исхраната водата и големината на бебечето се регулираше.
Ми вика брашно и благо не, овошје само да го џвакам не да цедам или смути . Јаглехидрати да намалам и ме препраќа на Гак . Ама јас и мм сме крупни. Јас сум се родила 4 кг
Колку што се сеќавам доколку има зголемена вода најверојатно се работи за скриен шеќер, но секако дека може да не ставува збор за скриен шеќер туку бебето да си се крупно. Најубаво види што ќе ти кажат на Гак. Со лесно
Фала ти. Скриениот шеќер ми беше во ред и после тоа увиде др дека имам зголемена вода испитав шеќер и после 3 дена тоа ми го кажа
Требаше во средата да ме породат.. сабајлето дома плачев му викам на мм не идам у болница (договорен царски) ќе си чекам природно страв ми е едвај ме смири. Доаѓам тука не си хитна чекај до утре, денес не ми беше страв сакав да заврши и да не седам тука на патологија кога пак нема сала за мене не сум хитна. Се надевам утре ке ме породат зашто ќе си идам вистински дома и ќе си седам ќе чекам болки, психички ме изеде болницава, до макс сум истрауматизирама цел ден плачам налет и пораѓај и се...
И мене ми кажаа на последниот преглед бебе поголемо за недела и пол. Правев за скриен шеќер тест пред неколку недели на граница беше, ми кажа гинекологот да внимавам и намалам со благо и тестенини. А ти се боцкаш или? Мене оти ми кажаа само диета и се мислам дали има потреба да се боцкам? У 30та недела сум влезена.
Сите сме го минале тоа Со Царски обично секогаш ден пред тоа идеш и лежиш на Патолошка. Патолошка секаде е така малце језиво. Собите горе се сигурно убави. Баррм во Чаир беше средено и чисто. Смири се,ке помине.
Ај да прашам и тука со димериве веќе не знам што се случува, се боцкам со клексани тие наместо да се намалат се покачуваат секои две недели, а со бебе е се во ред, брисеви и уринокултура чисти. 32 недела сум сега а на строго мирување од 28 недела поради скратен цервикс. Пред еден месец ми беа 2300, Пред две недели ми беа 3723 се боцкам со клексани по еднаш на ден, денес испитав 5571 дали имала некоја искуство?
Јас во прошлата бременост со 2 по 0.4 се боцкав на крај. Никогаш нр се намалија, само се зголемуваа ама до крај максимум 3700 дојдоа. Се консултираш ли со трансфузиолог? Која јачина се клексаните? Евентуално фрахипарин да ти сменат. Голем удел има и што лежиш. Кој гинеколог те гледа?
Немој да се замараш, ако докторот не ти вика дека е ништо, немаш грижа. Битно грлото е топ. Бебето цело време си шета посекако. Јас сум 30та од денеска, со скратено грло, стапалото сабајле му беше во грлото бутнато видов на ехо. Како ќе одиш понатаму со неделите ќе расте матката и ќе се придвижи нагоре, ќе те мава горе на стомакот
0,4 е дозата. Одам на приватно кај Татјана Гуржанова во њу борн. До сега со трансфузиолог се немам консултирано
Ehe od 26 nedela mi e spusteno so glava nadolu svrteno, pa sega vo 35 mi se cini ko se dvizam gotovo ke ispadni. Cim grlo e ok ne se sekiraj.