Здраво До која година ги возевте вашите малечки во количка и дали подобри се 2 во 1 или 3 во 1 количка
34та недела, денес си раскитив елка, и одма сум ко да ме згазил воз. Пола декораци не ги ни ставив дека знаев дека ќе ми биде мака раскревањето. И сеа лежам и демек ќе глеам некои видеа за пораѓај, hypnobirthing, и зборат нешто за дишење, да издишуваш викајќи "мууу" место класично викање. Со првото дете после 35саата будна, 19 саата болки, уште како крава не мукав, иначе и ќутев, и стенкав, и викав, и ржев, и 18 саата не се отворив повеќе од 2 прста. Изгледа до мукањето било Да си напраам малце смешка... не знам дали вакви психолошки техники воопшто може да ми имаат некаков ефект кога воопшто не сум паничар по природа, многу смирено отидов и првиот пат да раѓам, многу читам и сум информирана што да очекувам, не сум нешто потресена како што иде пак крајот. Дури и првата мисла откако искочи бебето ми беше "уф добро е, преживеав, ќе го издржам ова уште еднаш". И еве после 5год дојде редот, и си викам јебига ќе издржам пак, ама ако можам да си помогнам некако магично малце полесно да ми е или побрзо да се породам радо би да пробам. Ама ги слушам видеава и си викам како да не, со мукање ќе болело помалце На малата (треба да почнам да ја викам големата) роденден и е за 3 дена, да пројде тоа па после да почнам со психичко спремање за болница. Она е родена во 37нед, не верувам дека ќе сум трудна уште долго.
Хахах ме насмеа со мукањето Инаку ,на мене лично полесно ми беше второто породување. Имав повеќе самодоверба, сигурно и искуството си го прави своето,јасно ти е што се случува и што е следно. Немав некој особено страв иако после првиот пораѓај бев толку истрауматизирана што не помислував на второ или викав ќе си го купиме второто Исто така и породувањето полесно и побрзо ми се одвиваше. Со лесно нека ти е
Јас одма бев спремна за второ, трауми немам иако доста страшно раскажувам како раѓав Си викам барем да почнат болки од сабајле, да сум наспана, а не како минатиот пат баш пред да си легнам, па не е страшно толку... и да не раѓаш многу е 30+ саата да си буден, плус и на работа бев. Сега сум дома, па повеќе одмарам, си викам ај ваљда полесно ќе биде овојпат...
Кажувајте лек за болка во кичма.. 31ва недела ќе пукнам мислам дека со една со 5 со 10 перници, меѓу нозе ставам, нозете на друга поткренати легнувам на грб, на лева на десна страна стојам, , седам секако ме боли. Во принцип имам голема толеранција на болка ама ова не се издржува ми иде кетонал да се напијам....
Ох ме насмеа и мене и со мукањето .. и ние сме родени 36 нед со малиот т.с веќе големиот.. имамвреме веќе сум на пола пат.. ама сум цврсто убедена т.с имамнадеж де дека ке иатуркам до крај овојпат.. дај боже
Дали имаш перница за трудници? Јас ја имам таа на Лала и да не ми беше во лежењево од 9 недели ќе полудев. Многу е полна и буквално држи од сите страни, ќе видиш како ќе ти одговара. Јас ја подигам кичмата со едниот дел, а со другиот меѓу нозе. Дури и на татко ми му ја купив бидејќи има мака со кичма и спиење. Нека те измасира малку некој, пиј магнезиум и б6 малце повеќе и ќе ти пушти. Мене парацетамол апсолутно НИШТО не ми делува за болка… кога ме фаќа мигрената, со дозвола од докторката пијам беналгин
Знам дека не пишувам во соодветна тема, но тука сте поактивни. Некоја со vanishing twin sindrom, кој неинвазивен пренатален тест го правела, кога и какво искуство има? Може и во лп да ми пишете.
Облека каде наоѓате, Леа, Пре мама, Ева ко лудачки кошули да продаваат, башка боите им се ужас за мој вкус, ко чаршаф за маса старовремски. Ваикики исто ништо.. Други???
Уште со првото купив едни црни едни тегет труднички панталони и ништо друго. Ужасни ми се сите труднички кошули, блузи и сл. Си купував облека од регулар бутици ама поголем број и пошироки модели. Јас носам 36/38 си купував кошули и фустани 40, 42 и до 9ти месец така си терав. И оваа бременост така планирам.