Две перници за трудници имам една нормално, една од другата страна ја вртам, и магнезиум и б6 пијам нема подобрување... ја незнам до март што ќе правам неможам да функционирам, а по 5 саати седам на хематологија крв примам и незнам како ќе издржам... Во бисер во бутиците има преубави и ефтини работи, јас од таму си купувам, хеланки од една продавница со македонски производи ја поубава хеланка немам носено, мека, не се прават коленици по 300 денари ги земав
Има и доста онлине продавници, ама не би ризикувала. Јас сум слабичка, уште и ми е рано да ми се познава, ама имам па и доста широки работи што носам. Она кога ќе бидам големка би било од мај па до септември, од ваикики ќе си земам широки фустани. Во она аутлетот во Топанско имаат и сега некои летни работи по ефтини цени. Ќе се опремам со два три доста ќе биде. Па и ако отворам патолошка, за по дома пижама е светска работа.
Според мене најдобра опција хеланки ама обавезно труднички многу се удобни (calzedonia имаат одлични и многу квалитетни) и широки подолги блузи од регулар продавници само поголеми броеви, или ролки тесни и одозгора широка наметка/елек.. Блузони има мал избор ама само во H&M имам најдено. Фармерки земав од гтц таа едната продавница но, не се баш удобни.
Рупурут дозволени се во прво тромесечие? Немам гастрогард само рупурут најдов дома незнам дали да шмукнам, ме изгореа ќиселини од сношти
Пред скоро 3 мес породена кај нејзе и водење цела бременост , стварно е гужва , ретко да сме влегле точно на термин , некогаш и по саат време сме чекале . На секој преглед ти закажува за нареден пат , маката е само да ја фатиш за првиот термин , еве јас за прв преглед после пораѓај се јавив на 15дек ми закажа за 15ти Јан . Види јави се утре мислам дека на 15ти секој месец пуштаат списоци со термини .
Мене за прв преглед и скрининзите да ја фатам ми е најважно, за пораѓај и после тоа здравје, може и друг доктор.
Мислиш пред пораѓај за клизма, или после раѓање ако крвариш многу или има нешто заостанато од плацента?
Пред пораѓај клизма/чепче не знам што даваат и дали даваат пошто читав на некои им викале да си купат
И јас сум така цел ден денеска закочена скроз не можам да мрдам. Баш бев и на контрола мене ми рече гинекологот дека можело кетонал. Е сеа јас да прашам руска вода дали можи, од една страна си велам досега издржав за два дена ќе трпам не пијам.
https://www.instagram.com/reel/C12cNuIui8T/?igsh=d2t4dmU4MzY3M2tv Може ќе биде тешко на почетокот, ама па за понатаму ќе биде лесно. Го видов видеово и ми текна на тебе. Те прочитав и во друга тема и тука, ама не стигнав да ти пишам. Со лесно до крај
Зависи каде се пораѓаш. Секаде различна практика имаат. Во Чаир добив клизма со црево, а во Ремедика чепче кое сама си го ставав вечерта пред пораѓај, а сабајлето уште едно добив од сестрите (тоа они го ставија)
Во Чаир ставаат клизма, мене лично не ми ставија ништо дека 2 саата пред да се породам бев во вц сама.