И јас имам леукоцити во урина. 500Leuco/mcl. Порано за овој резултат обавезно кркав антибиотици од општ матичен, сега гинекологот ми вика ја на овој резултат не давам терапија, ќе се среди понатака. И ај сега. Симптоми немам, освен чат-пат често одење во вц, ама тоа и нормално е во бременост.
Мислам дека во 10та недела неможе толку да притиска, многу е мало... Јас имав бакерии во урина, а уринокултура чиста... после 3 пати испитувања мокрача ми препиша панцеф бидејќи ме сечеше стомакот. Од коа го испив антибиптикот сум немала проблем.
јас немам никакви болки во стомак/бубрези тоа ме чуди.. Инаку, за сите оние што имаат мака со сува кожа/егзема што чеша екстремно ( мене секоја зима на гради ми излегува и штом затопли времето преку ноќ ми се губи ) да си земете кантарионово масло од аптека, не мора домашно.Моето е на алкалоид, со маслиново. Ми го реши проблемот за 2 дена.
Заби со анестезија сте праеле во бременост? Приметив кариес на два заба, не ме болат ама не ми се остава така, а без анестезија неможам од мала трауми имам од забар и неможам ни најмала болка да трпам
Да јас во првата бременост ми беа расипани 4 заби се консултирав со стоматологот и тој ми предложи да одам после 12 та недела не сакаше да ризикува за прво тромесечие. Имаше и специјален лек и пломби само за трудници
Јавив кај матичната, ама сестрата крена и рече ќе ми јавеле. Чекам да ми јави и да каже кај да терам...
Здраво мајки. Пред 2-3 дена правев тест и е позитивен. Денеска закажав термин кај Котларова во Ремедика, ама дури за 02.02 некако многу ми е далеку терминот. Да напоменам претходно сум со 3 спонтани, па пред 2 ипол години си родив бебенце. Претходно примав терапија и боцкав клексан цела бременост. И сега почнав со клексан и метилирана фолна. Дали е попаметно да закажам и претходно на друго место или да си чекам терминот за втори Февруари? Ама незнам кај кој Гинеколог би закажала А, кај матичниот немам намера да одам.
Јас сум била на 2та скрининга, пример од 15ти месецов се закажува за нареден месец термини (ако сакаш да закажеш за од 15ти февруари). Знам за прв скрининг се јавив 25.09, ми закажаа 23.10. Значи прегледи на време се закажуваат кај нејзе.
Така се оди, 2 недели од позитивен тест. И да отидеш порано, точка или сакусче мало може ќе видиш. Па пак ќе ти речат дојди за најмалку 10 дена. Пиј си витамините и тоа што треба да примаш и почекај си до 02.02. Честитики и со лесно!
Официјално почна психичка и секаква можна тортура од страна на газдата откако му соопштив дека сум бремена во саботата. Јас навистина незнам колку треба да си нечовек за да така се однесуваш према бремена жена? Па и не ме чуди кога и кон неговата е таква, па што останало за мене…
Да знам претходно пиев и метил б12, уште пред да останам трудна. Ама сега сум без терапија дека во странство и ништо немав со мене, среќа за брзо ми донесоа клексани за да боцкам. Гледам тука има на Solgar, ќе кажам на маж ми утре да земе. Се надевам не сум многу задоцнила за нив и да имам некоја штета
Те читав пред некој ден се распрашуваше за патолошка. Зошто не си отвориш патолошка едноставно да си се заштитиш од тормозење и стрес?
Четврток сум на преглед и ќе отворам. Цел ден си приплакувам. Ама уште утре и задутре ќе издржам. Ќе си ставам во глава дека се само уште тие два дена и ќе издржам. После они нека издржуваат како знаат. Со тон информации што ги имам кај мене и нема да ги добијат никад.
Е така отвори си патолошка и уживај си. Никој не е должен да трпи нервози омаловажување и сл. Посебно не во состојба во која се наоѓаш сега да не речам најубавата бременост