Најдобро да почекаш, знам не сме трпеливи и јас прашувам од 13та недела. Ама подобро него после психички да се пореметиш. Јас и ги извадив алиштата од син ми кога беше бебе сега морам назад да ги враќам да ги вакумирам пак.
Правев пренатален, ги чекам резултатите од тоа. Да се надеваме дека ќе бидат ок и дека таму нема да има грешка во полот Битно да е живо и здраво
Женски денес бев Гак на продолжување боледување ме гледаше на ехо 13+5 бебе беше мн раздвижено, си мереше должина и се рече одговара на недела и дека се е во ред. Ме збуни што не пушти срцева да слушнеме.. дали на некој му се има случено ова од прееска мислам зашто така ... ми рече се гледаме пак за боледување за 4ри недели. Цела сум некако во паники и мисла.
Не, немам сабајле баш го проверив шеќерот. Исто, само шо многу пати ме мрзи да станам па си презаспивам жедна и без лабело
Штом е раздвижено добро е фала му на Бога А за срце некогаш и тие заборават Ти друг пат здравје спомни дека би сакала и срце да слушнеш
Јас ПреМама и со второ и сега со третово. Најдобро ми влијаат на крвна слика, на железото... е незнам другите не сум се распрашала дали имаат и јод, ама овие и дека имаат и јод ми се супер (за тироидната)
Една недела, додека си отидам Мк ќе помине уште една недела. Незнам ќе видам може и ќе си го чекам закажаниот термин.
Веројатно ти ги препишале дека пренатални може да се земаат и пред бременост. Секако нема ништо лошо да ги земаш, само може да ти помогнат доколку забремениш. Ти посакувам многу среќа и да држиме сите здраво бебче еден ден во раце
Сите пренатални витамини може да се пијат и пред забременување, нема штета од тоа. Повеќето се препорачуваат и после пораѓај да се пијат.
Здраво сакам да прашам, се одлучивме за второ детенце, втора среќичка Е сега, и двајцата копнееме за девојчеее, читав проучував многу по интернетот за Shettles методот, односно односи од 2-4 дена пред овулација, плитка пенетрација итн итн, е сеа ме интересира, гледам на календарчето, пред денот на овулација се овие Fertile days, и ме интересира, дали треба да имам однос пример пред фертилните денови или во фертилните демови пред овулацијата? Фертилните денови ми почнуваат од 6ти до 10ти фебруари, овулацијата ми е на 11ти. Дали значи дека треба да имаме односи пред 6ти или на 6,7? Можеби глупаво прашање, но не ми се јасни баш фертилните денови Теенксс лејдис.