Убаво е да направиш консултација со трансфузиолог доколку докторот што спомнуваш дека го чекаш да ги види резултатите е твојот гинеколог . Не се плаши и да има потреба од клексани не е касно секако
Кај мене малве жолтеникав исцедокот беше некогаш да, без мирис брисеви уредни. Супер чим немаш ништо во мокрача. Иначе женски јас вчера се породив со закажан царски. На свет дојде мојот Гаврил, јас сеуште не можам да си поверувам
Матичниот гинеколог кој го чекав ми врати одговор дека ова е нормална вредност во бременост. Што мене малку ми е чудно Затоа му го испратив и резултатот на специјалистот каде што одам наизменично и тој ми рече дека хемостазата е во ред а ддимерите се покачени и ми препорача уште еднаш контролно да ги испитам, па потоа имало вредности за 12,24 и по 24 недела во бременост. Јас сега стварно незнам што да мислам искрено загрижена сум. И ќе го послушам специјалистот ке испитам на ново пак па ќе видиме што ќе кажат
Брусница да е чиста да нема хибискус (поправете ме ако грешам), види д мануро ќесички, концентрирана брусница. Мене увин ми рекоа само една чаша пошо бил јак, јас два дена пиев и од шубе престанав
Ми спомна некој дека хемостазата била од големо значење. Чим таа ти е во ред, не се секирај. Секако контрола обавезно и дополнителна консултација со трансфузиолог. Јас на три недели морам да одам на трансфузиолог и да следам.
Здраво во 13та недела пиев Алмацин антибиотик и се исфрлив. Сега поради бактерија Ентерокока ми дадоа Амоксликав пак се исфрлив. Се мислам од бактеријава зашти треба да се пие антибиотик а јас изгледа сум алергична што до сега не ми се случило . Некоја искуство? Фала
Од моето лаичко знаење да видиш на што е сензитивна, а да не е пеницилински антибиотик. Мене за неа ми дадоа амоксиклав, ама мене не ми направи проблем… види некоја алтернатива на него
Девојки, што правите со немање желба за јадење? Ми вика др. јади, како да јадам бре? Одеднаш ми доаѓа глад, почнувам да јадам и толку, ќе каснам како маче и неможам повеќе. Јас , која сум најстрвно суштество т.е. бев…уста не ми се отвара. Како со мерак направив и доручек и ручек, ништо не изедов како треба.
Ништо. Ќе ти дојде желбата после месец дена, два Јас 10та нед, гладна, а апетит за ништо.. ништо не ми е убаво. Вечерав лебче со абц намаз, без лактоза за да не ми се слоши од глад Од 6та навака, јадам за да не ми се слошува... а јадењето ми е све Дури и од вода ми е лошо, една чаша неможам да испијам оддеднаш, пола чашка и ми се враќа... Среќа бар повраќањето ми се подсмири...
Среќа не повраќам. Барем до сега не. Ќе се улетам за некое јадење и кога ќе почнам, два залака и толку. Пример сабајле цело време мислев тортиља со јајца и маслинки, направив двееее, изедов пола од една. Ручекот исто…. Нема ни да вечерам. Ќе испијам една чаша јогурт. И така имам анализи утре…
Прво, календар нема со сигурност да ти потврди овулација, тоа може само со тестови или следење фолекули. Второ, по тоа што си го истражувала, треба да имаш односи од после добиено до ден два пред high ovulation. Јас на ваквиве методи не верувам, ама пробај, зошто да не, може ќе ти се посреќи па баш ќе споделиш искуство Имам и јас порано читано, ама и исхраната има улога. Со среќа !
Женски денес цел ден гуглам за недозволени состојки во креми за лице во бременост. Со години користам на vichy slow age цела линија и ептен ми одговара сега читам дека салицилна киселина не е ок ни во најмала количина а во повеќево козметики ја има. Што користите во бременост, за хидратсција? чисто нормално лице а да е ок за бремени, се ставив на мисла денес ептен
Блазе си ти,јас јадам како вреќа скината. Оваа килажа ќе ми треба многу да ја скинам. Ако јадиш малку нека е корисно, јајце едно, какао, манџи, ориз се по малку, јас ако се прашувам подобро помалку јас незнам да се затнам Иначе притисокот цел ден ми е 130/90 измерив едно 40пати хахахха .Беба преѓе икаше со главата е долу прв пат во 7м и како "онаа " да ми пулсираше. Туку ви течи вас од градите млекце, рано ми е од 7ми за првото мислам подоцна беше или заборавив?
Нека не те плаши тоа. Салицилната и хемиските филтри во заштитните фактори се сметаат за недоволно испитани. Посебно салицилната можеш да ја користиш во чистач (клензер) и да е помалку од 2%. Апсолутно што не смееш да користиш: хидрохинон и ретиноиди.
Јас така кога почнав да ја прашувам и матичната и др. од Ремедика ми се изнасмеаа. Ништо не продирало до бебето, сѐ било локално. Некои работи од козметика се само сива зона