Ќе видиме резултатите во понеделник што ќе кажат. Мене секогаш ми е ниско железото, ама апетит сум си имала. Откако добив позитивен тест, маче не ми е рамно за јадење.
Кај некој да, мене и тројка ми било па имав апетит, матичната ми рече можи да опадни апетитот. Мене ми доопадна од позитивен тест, сега го кренав со терапија. Можи по тешко ти се вари храната, незнам до шо можи да е ама ако мислиш дека толку ти е проблем прашај за б комплекс витамини, тие се за апетит.
Ве молам искуства ваши или блиски Дали би ми се нафатиле во Чаир природно после царски ? Се пораѓав царски кај Илиевски. Топ поминав ,ама здравје за второ многу сакам природно.....имате искуство ?
Кога правевте бета/хцг, каде правевте и по која цена? Дали со упат на приватно може, знае ли некоја информација?
Што пиете за главоболка? 32+6 сум парацетамол воопшто не ми помага. Од вчера сум со главоболка омалаксаност, носот ми е затнат, грло ме боли и сите коски ме болат.
Јас правев во Синлаб . Правев на приватно . Цена не се сеќавам. Ако си многу рано ,не прави на своја рака зашто ке се паничиш.
Биотек мислам 600-700 ден е. Имаш и опција матичен со упат да ти даде за лабараторија со која соработуваат.
Мајки дали и на вас ви се случува срцето слабо да ви чука Дали од низок притисок, раце и нозе ми се ладни и осеќам рацете дека ми се тешки Се осеќам како да умирам
Имате ли проб со притисокот ? Го носам низок 110 105 ..и ми е океу... сега де низок, де висок 130 ми се качи иако не е висок мене ми смета.. се сум со главоболки , ме бута притисокот немам сила за ништо...кога ми е низол океу се напијам кафе.. кога е висок б6 се напијам..матичниот вика нема простор за паника
Може ли да се смене матичен гинеколог за време на бременост? Од оваа мојата не знам дали постои понезаинтересирана личност. Ме нема пратено крв да испитам, сама си барам од матичен општ. 500 ден.секој преглед во фиока, внимание никакво. Врвот го достигна кога ми кажа 3500 ден. за 2 скрининг кај неа. Па, жената е дефинитивно пореметена.
Мислам можеш. Јас сум лично а и колешки мои многу задоволни ,конкретно за водење бременост од Парталовски. И таткото и ќерката се супер Не ме оставија без испитување или без одговор на телефон .