Не мора да значи, ама мачкање и ден и ноќ (повеќе пати) , хидрирана кожа обавезно. (За да се избегнат стрии)
Јас многу се чешав, па ниедна немам. Не се ни мачкав нешто посебно, може еднаш неделно. Со вторава бременост помалку ме чеша, ама поголем ми е стомакот, очекувам да се појават стрии, ама нема правило. Никаква штета нема да се мачкаш, ама на крајот од денот воглавно е генетика во прашање.
Постојано мачкај се, језда, стриите дали ќе ти излезат се и од генетска природа… откако ќе се намачкаш со лосион стави одозгора и вазелин. Масло исто мачкај си
Јас толку фокусирана на мачкање на стомакот за да избегнам стрии и ми излегоа на бутките и задникот мада џабе фрлав пари за масла и глупости пак ми се чини излегуваат
Во двете бремености ужасно ме чешаше цело тело, се драпам ко мајмун па еве немам ниту една стрија, немај гајле.
Фала ти, ме утеши Мајка ми била огромна со брат ми, 40 кг поправена па нит има стрии нит висната кожа а си ја вратила старата килажа. Значиии може и јас ќе имам среќа
Секој пат нешто ново купувам. Почнав со павловичева, па масло од еуцерин, па еден путер од инста го нарачав и не ми текнува името и сега сум на хип путерот. Зар не е доволно едно само?
Јас претходната бременост се мачкав со Еуцерин масло и сум задоволна немам ни една стрија, а сега се мислам путерот на хипп да го земам..
Jas ništo ne mačkav osven obična Nivea od svoja 10 godina, ništo nemav, ni edna strija. I sega so vtoroto isto teram, a češka ubiva, ko šuga da imam haha
Ќе се потрудам да објаснам убаво. Бев на преглед покажува цтг контракции веќе неколку прегледи ама јас не осеќам. Докторката рече ќе направи (не ми текнува изразот) за да почнам да осеќам контракциите пошто за 2 дена ми е термин(ме притисна одвнатре (доле) држејќи ме за стомакот(од страна)) да не има некој искуство со ова?
Да, скратување на цервикс со рака може и чепче да ти падне по таков преглед. Притискаат посилно, за да испровоцираат да пушти грлото, да се отвориш и да почне процесот на раѓање. Кај мене од прва не палеше, неколку такви притискања имав за да дојде веќе до отварање... и со прво и со второто веќе на 2,3 прста отворена јас осеќав убави болки.. Знам дека деновиве ти се вечност, ама ќе биде за брзо Со лесно
Баш приметив како мали "парченца" после прегледот нз на делови дали паѓа ама така колку една солза да речеме густичко. Фала тиможе ќе се радуваме деновиве
Чепот може оддеднаш цел да падне или на делчиња (по еден, два дена да паѓа). Може и крвче да имаш, да не се грижиш доколку е малку, нормално е. Ајде денови во прашање, ќе си се гушкате за брзо