За ова прашање и јас имам дилема, првото ми е јуни и скроз спротивно хахах Јас мислам боди на долги хулахопки имам едно комплетче пантолони и блузиче и не се многу дебели и скафандер... така да може да споделат искуство мајките со февруарски бебиња
Боди на долги, панталончиња и блузичка, капче, замотано во ќебе. Првото ми е родено во јануари, нема потреба од повеќе од два слоја. Во болница е топло, во кола е топло, дома е топло. Повеќе од 3мин вкупно нема да биде надвор. Никогаш не сум ставала хулахопки или плус слој, само во ќебе како новородено, и потоа во скафандер.
Slobodno mozes verapamil dozvoleni se vo bremenosta, jas imav mn ekstrasistoli bev na kardiolog I mi gi Dade verapamilot Sega dojam I uste gi pijam poradi hipertiroidizam dozvoleni se I vo bremenost I pri doenje
Боди на долги, се мислам дали некои хулахопки, шпикозни малку подебелки, капа и вреќичка за во транспортерот. Се си мислам да не му биде ладно. Прво дете и околу час возење до дома, појма немам веќе што е правилно. Некогаш се мислам да земам неколку работи па во болница да го облечат јас ќе го сварам бебе од страв да не измрзне
Првото пред 4 год ми е родено февруари и му облеков хулахопки боди на долги тенко блузиче и трењерчиња и капче го завиткав со ќебе и во транспортер како кутија, после во кола го тргнав ќебето бидејќи топло беше. Второво ми е краен термин 8 март па исто планирам.
И јас така мислев Хулахопки само немам во план да му облекувам Боди долги и после некое комплетче подебелко , блузиче со панталончиња Капче да обавезно Еее сеа скафандер или плико тоа се двоумам Сигурно со двете ќе го скувам Ама па си мислам во пликото само да не му студи
Јас купив плико такво како вреќичка дебелко е, со две мислам дека е многу па и клима во кола на топло. Мене термин ми е 7ми март ама исто ми е тоа како февруари времето или ќе биде многу ладно или топло, никакво. Ќе земам за секој случај и нешто потенко, во болницата сигурно ќе знаат колку му е доволно
Верапамил мене ми беше дозволено од кардиолог и тоа од 40 или 80 во зависност колку имам тахикардија , едно време и како терапија ми ја даваше.
Денеска бев на прва контрола. Според менструација 5+2, ама ништо не се виде на ехото Докторката вели сигурно е многу малечко, ама мене некако ми е неверно што ни точкичка не се виде. Ми закажа за една недела и утре да направам тест преко крв. Друго од пред два дена си имам бледо кафеаво,кремаво повремено на бришење. Само ми е страв да не е некоја вонматерична. Некоја како мене во таа недела да не се има виденоништо, да ме утеши?
Затоа докторката од Ремедика ти рече да одиш дури на 2ри. По менструација чим си 5та нед, тоа може си само 3,4 недели бремена ако била доцна овулација и можно е тие недели ништо да не се види. Две недели најмалку од доцнење се оди на прво ехо... Јас со второто отидов брзо така на 5,6 дена доцнење и едвај точка една најде матичната ама баш точка мини колку зрно чија Па од тоа ехо бев за 12 дена и тек тогаш имав плод 6 недели кој одговараше, со срценце. Ако е вонматерична и тоа ќе се видеше на ехо... Со ова требаше на 5,6ти декември да не добивам, тест позитивен пред тоа имав. Ама ехо си израчунав 2 недели од датумот за недобивање. Бев на ехо на 20ти декември и видовме плодче 6+2 дена. Не брзај, таман ти беше да одиш на 2ри февруари.
Девојки мала помош Имав пишано, секоја зима ми се појавува екстремно сува кожа на градите во неколку кругчиња проследена со чешање..Пробав кокосово масло и кантарион, ме смирува ама еве не ме лечи 2 недели.. Во Зегин ми ја дадоа кремава и рекоа дека е безбедна за трудници и нема никакви штетни состојки..Гледам и за бебенца е, па да ве прашам имате ли искуство некој со неа? Бремени или додека доите дали сте ја користеле?
Да да, ама јас со неа се консултирав и таа ми кажа за денес да одам бидејќи имам по малку кремав исцедок. Па сега ми закажа за една недела. Дај Боже да има нареден пат, ама искрено очекував и јас барем една точкичка ама ќе покаже времето. Фала ти за одговорот
Од Hello baby го порачав. Си има и соодветни отвори одзади за каишите на транспортерот. Од страната е со патент.