Јас со кафеав исцедок заминав на пораѓај. Точно на терминот се породив. Ден пред тоа почна кафеавиот исцесок, па болки и ноќта заминав, наредниот ден веќе се породив. Кога ги прашав таму ми рекоа нормално е дека се отвараш.
Здраво, Дали има вегетаријанци во категоријата бременост? Видов друга тема за вегетаријанство во бременост ама некако ич не беше разработена. Јас сум 6ти месец до сега немам никакви проблеми. Крвната слика ми е супер според гиниколозите, имам чести бактерии во урина (ама тоа не би требало да е поврзано со начинот на исхрана). Освен витамини Прегнантол не пијам ништо друго. Имам проблеми со гадење и киселини (што никогаш во живот претходно сум ги немала) па најчесто јадам сува храна, дури сега почнувам да се враќам на старо со манџите. Дали имате некој совет, нешто што би требало да го испитам, да го земам во предвид во следниве неколку месеци? Некое искуство да споделите.
Мене ми помогнаа Тафен капки по препорака од матичен, ама ги нема во мк, ми ги донесоа од љубљана... ако имаш некако да ги земеш прашај матичен..
Јас се соочував во прво тромесечие. Се будев во вирче плунка на перница секое сабајле . Еднаш дури се разбудив со кашлање од што ми залетнала плунка во спиење. Од 12та недела натаму ми прекинаа овие симптоми.
Да може, кај мене со ноџињата долу кога е мава многу по бешика и испуштам без да сакам, смена положба друго е, настинка исто многу чаеви, течности, менував секојдневна на 15мин. Прави кегелови вежби обавезно 10тина мин на ден @Konstrakta Verapamil smees prepisani mi se od dva doktori i probaj so dve B6. @Madi уринарните бактерии се ужас досадни мислам освен со антибиотици не врват, за киселини сите сакаме некоја магија да најдеме, јас изгорев деновиве ми гори во уста.Сода ми помага е тоа само. Гадењето треба накај 17та 18та да намали, киселините мене не ме пуштаат и допрва последните 2м на појако ги очекувам
Jas imav vo prvata bremenost isto , samo togash pokasno mi pocnaa, imam mn plunka i kako slajmovi nqlepeni na grloto moram da se iskaslam za da pluknam Malku neprijatno
Мене оваа ми е закон, многу има од Еуцерин ама оваа е врв.На малата ранички и се правеа од ладното со ова се спасивме.
Девојки стомакот некои денови многу ми се здрвува, како камен и тежи, други си е ок, вечерва воздух неможам да земам, горе е високо и тврд. Неделава имам преглед ќе прашам до тогаш реков да не и се случило на некоја?
Чекај, тоа нели се лажните контракции Бракстон Хикс? Треба да се непријатни, ама не треба да болат… стомакот се правел камен и после пушта. Јас сѐ уште не сум ги искусила (31+2)
Да ве прашам дали пред да ви почнат породилните болки, сте осеќале како менструални болки пред тоа? Веќе 2 дена повремено осеќам баш болка како менструална која не е отсечна како породилните туку си трае, не знам дали да очекувам за скоро и породилни болки. Не се сеќавам како ми беше со првото.. 38г.н сум веќе.
Јас немав. Мене ме фатија такви болки откако ми падна чепот. Сабота вечер ми падна, недела ми почнаа болките