Ужас, на тоа место работено е и сега боли многу. Јас за грипот не дека се споредуваат ама многу се грчев од болка и реков па не може ова да е добро за бебето и ставив кетонал чепче мој ризик за 15мин дишев слободно.
Девојки многу ме чеша стомакот и градите што користевте за ова исто и за стрии да не ми се појават некоја крема да препорачате, 18 недели сум.
Јас го користам путерот од Hipp. Од Зегин го земав. Претходно користев Weleda масло за стрии ама многу ме чешаше кожата и не ми поминуваше од маслото. Путерот ми е супер, од кога го користам воошто не се чешам. Е сега секоја кожа е различна, на некој може повеќе масло му одговара
Подобро е сабајлево, боли ама ова веќе се трпи... Вчера тоа страшно беше... се вртев грчев, ногата без прекин 3 саати ја вртев, качував, симнував од перница Си гледам една серија, па демек пуштив и 3 епизоди ги гледав ама како да не ги гледав. Ајде најстрашното бидна, од денес веќе се подобро ќе биде. @KikiKviki честитки мајче, жив и здрав нека биде
Јас имам многу сува кожа и се и сешто имам пробано но најмногу ми помага еуцерин лосион за тело со 10% уреа. Земам од 400мл и ми трае доста а секој ден ставам.
Да прашаш за дијазепам дали смееш.. дијазепамот во комбинација со таблета за болка е многу ефикасен. Јас имав јаки менструални болки завршував на инекции се дур доктор не ми кажа да пијам дијазепам со спазмекс. А пред некое време имав јак стрес и матичната ми рече дека смеам дијазепам да се напијам ама ја поминав со 3 б6. Вчера паднав и имав страшни болки во кичмата рамото лактите, се напив парацетамол и дијазепам за 15 мин ко нова бев
Се мислев вчера вечерта за дијазепам ама готово, издржав најлошото. Чим тоа вчера го издржав, за ова денеска немам гајле Во 17ч примив локална на две места на прстот и ногата 2ипол саати до глужд не ја осеќав... Како почна да пушта анестезија, весело стана... Доста извадија од ноктот, со се корен... ноктот од лева страна и коренот од лево. Па дека имаше инфекција и гребеше. Мислам што и да испиев, болката ќе ја осеќав, зошто доста е истрауматизирано местото...
Јас се мачам со еуцерин маслото за стрии и го мешам со бејби лав бидјеќи е мало на еуцерин и не ми стасува.Се шлапам на цело тело и само на грбот каде што неможам да се дофатам ми се појави сува кожа како лишаи и ме чешаа.Земав од еуцерин маслениот гел за туширање и за две недели користење немам ништо и не ме чеша.Така да од мене препорака еуцерин и обавезно хидратација на кожата
Можеш бруфен само незнам дали од второ тромесечие, според лековите на министерство за здравство во бременост, од нестреоидни антиинфламаторни лекови бруфен е прв избор..
Здраво!Бремена сум 15 недела сеуште примам клексани о утрогестан.Е сега во петок ќе вадам брисеви и матичната ми рече утрогестанот орално да го користам 4 дена,јас почнав од неделата,али желудник ме скина имате ли некој совет или искуство да споделите?
Дали некоја од вас се соочила со главоболки чести во бременост и дали ќе се намалат со тек на време? Веќе не издржливо е ова, три дена бев со мигренозна пулсирачка болка на една страна, ништо неможам да правам освен да мирувам во темница и тишина, пробав се, со препорака од доктор и аналгин и бруфен и не помага, ја смирува моментално болката ама не ја лекува скрос, јас бев склона на главоболки и пред бременоста ама не беа вака чести, од крајот на втор месец секоја недела сум со главоболки кои стугнуваат до повраќање незнам како ќе се издржи..
Мери притисок за секој случај. Пиј многу вода и види го трикот со ладна и топла вода- стапалата се ставаат во топла вода, а позади вратот се става мраз. Пробај масажа…
Притисок мерам секогаш и на почеток беа приближани или низок ама сега ми е нормален, важи ќе разгледам за тоа што ми го кажа, ти благодарам
Си пробала масажа на вратот позади? Во бременост не спиеме како што треба.... ако не циркулира правилно крвта до мозок, доаѓа до главоболка. Има и вежби кратки на јутуб за вратот, пробај ништо не губиш... Не бев трудна ама едно време бев со страшни главоболки. Апчиња не помагаа и со плачење кај матичната отидов. Како фати да ме масира позади, така секундарно болка снема. После како ме пушти, пак се врати болката... Ама со секојдневно масирање, се опоравив. Рече дека многу сум била здрвена позади во врат, иако јас тоа не го осеќав... Башка и перница сменив тогаш, мислам и таа мака ми правеше...