Девојки да ми препорачате некој маслен гел за туширање ама да е поголемо пакување и да не е цената како злато да купувам Јас користам на афродита бидејќи само таков сум наоѓала по маркетите и дм ама многу е мало тоа пакување за мене, многу брзо ми се троши
И јас на почеток мислев така ради перницата, ја сменив и перницата, секогаш кога имам главоболка сопругот ме масира ама тоа е моментално намалува болката, и потоа пак особено минатите три дена болката беше само на една страна и со секое движење на главата боли уште повеќе
Биодермата кога е на попуст е 1100 денари во зегин 1 литар, јас ја користам за мене месец ипол ми трае, сеа и за бебето земав, а млеко за тело на еуцерин пх5 што е. Мене зимно време многу ми се суши кожата, со биодермата ми е мека
Пробај со турско кафе и лимон, не е убаво за пиење ама мене тоа ми помага многу, кога не бев бремена само вентор или налгесин с ми помагаше сеа несмееме нели ништо и ставам ладни облоги пример ако ме боли напред на чело, ако ме боли позади на врат ставам. Ако ти е низок притисокот две чаши ладна кока кола, мене ми е нон стоп 90 со 60 80 со 50 ко пијана сум и само се налевам со кока кола.
Ништо не ми помага ОСВЕН додека сум во када и сум мокра ставам директно масло за тело секаде. Истово може да го пробаш и со лосион за тело. Кожата мора да е мокра и така да оставиш да впие
Denes zabelezav deka od gradite mi tece malku kolostrum. Treba so nesto da se mackat ili da pijam nesto caevi takvi raboti?
Јас редовно си ги мачкам со тоа за брадавици на медела... мене па проѕирна течност ми тече незнам дали е тоа.
Da so lanolin i jas pocnav pred mesec no rekov da ne ima ness dr. Od ednata grada toa prozirno a od dr ness so bela boja verojatno rekov kolostrum.
Дали имате искуство со намалена плодова вода? Денес ми рече докторката се е во ред со бебето само имам благо намалена плодова вода. Иначе сум 33+4 и на строго мирување.
Секогаш е подобро да пиете апче отколку да трпите ненормална болка. Со тоа правите стрес на организмот и поголема штета отколку апчето. Секогаш имајте го на ум тоа.
Нема врска природно или царски. И со првото (природно родено) и со второто (царски) млеко ми дојде на 3ти ден.. и да нема, ќе ставаш бебе на града да стимулира.. ќе дојде до колострумот и ќе ти надојде наеднаш.
Здраво, која недела беше кога ја смени матичната? И јас сакам да ја сменам само не знам дали ќе ми се искомплицира со породилното нешто. После колку дена е активен новиот матичен?
Па зависи како си ти, како е бебето. Мене втор ден ми тргнаа катетар и сама станував од втор ден. Вака од искуство и од други, веќе од втор ден ти го носат ако е се во ред...
Дали некоја има проблем со кожата. Значи сега ми е 100% сува. И насабајле или навечер кога ќе се испотат другарките Спојлер: Другарките цицките де испод нив оти стомакот ми е пораснат и какко се трља кожата ме пече ме жари и на тоа место баш кожата ми е сменета бојата потемна е. Наредната недела ќе ја прашам матичната што да правам
И мене многу ме чеша стомакот, градите, нозете се, особено навечер. Дури повеќе чеша кога ставам масло или крема за против стрии. Прво ставав крема Rilastil, па сменив со Alverde масло ама пак беше исто. Сега неколку денови не ставам ништо и полесно е