Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Stela123

    Stela123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2023
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    210
    Пол:
    Женски
    Таа граница е доколку не си бремена, во бременоста е дозволено и над 500, односно нешто над 1000 како што се сеќавам, немаш потреба да се грижиш, супер си
    Која недела си?
     
    На Mydla му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mmaceee

    mmaceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    5
    Пиев вчера антибиотик во 18 и 30, синоќа ми дадода во 12 00 на полноќ венски антибиотик, дабајлево почнав со сумамед така ми рекоа. Сумамед насабајле па панцеф навечер. Во рок од 12 часа имам примено 3 антиобитици. Желудникот ме сече, ми рекоа бронхопневмонија, незз се плашам од толку мн антибиотик
     
  3. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    2.217
    Пол:
    Женски

    Пробај да пиеш превриена вода од ориз, тоа прави освежување на флората во желудникот. Проглај сигурно ќе најдеш нешто.
     
  4. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Дали се фарбавте за време на бременост? Јас цело време се фарбав пред да останам бремена, имав и регенератор во боја за освежување на бојата ама сега се плашам од хемии, баш синоќа барав некои поприродни фарби и нема освен кна што потоа никаква фарба не ја покрива (facepalm) а вака со темен корен неможам да се гледам ми се изгуби посакуваната боја :worried: Инаку фарбата со која се фарбав до сега била без амонијак баш и тоа проверив, единствено околу хидрогенот ми е мисла мислам дека 6% за мојата боја, да споделите искуство, секако тоа нема да биде често фарбање еднаш или два пати до додека се породам
     
  5. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Мојата матична ми рече ја цитирам " и да се фарбаш, и да се депилираш и нокти да си правиш ако си бремена не значи дека не треба да се грижиш за својот изглед". Ја пред 3 дена ги извадив ноктите, три пати се фарбав и си одам на две ипол три недели на депилација. Сега здравје за две недели ќе закажам фарбање пред да се породам. Сакав и нокти некои помалечки ама ми текна дека несмее, кога ми правеа операција ме тераа да ги извадам ноктите на палците :)
     
    На warrior, Maja92@ и WhiteCat33 им се допаѓа ова.
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    8.947
    Пол:
    Женски
    Се фарбав нормално и еднаш правев балајаж.
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    За депилација и мене ми дозволија и редовно одам ама за фарбање не прашав :|
     
  8. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    2.217
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе чуеш измешани мислења на темата, ја на пример сум против, ама имам многу блиски кои се имаат фарбано во текот на бременоста. Така да мислам дека е тоа твој избор.
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Twinkle.

    Twinkle. Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2023
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Кои продукти ги користите за нега на екстремно сува кожа (во пределот на стомакот и нозете), за да не се појават стрии? И ако се појават да бидат нешто минимално, али јас се плашам бидејќи имам ептен сува кожа за да не попукам до толку.

    И тие што се породиле или се спремаат за пораѓај, ме интересира се во врска со пост породилна нега на телото и враќање во нормала.
    Дали ќе носите или сте носеле појас за стомак? Колку тоа помага?
    Што сте користеле за пределот околу стомак и негово враќање во нормала?
    Месец, два или три после пораѓај, одкако ќе заздравам, сакам да почнам да тренирам во теретана? Колку тоа може да биде стресно за телото, да не дојде до губење на млекото?
    За раната долу, читав некои користат Vioplex спреј?
    Некои само кантарионово масло?
    На странски сајтови гледам дека користат Dermoplast спреј, што кај нас го нема.
    Исто така во странство па и тука во Мк, користат и шише за полесно миење доле со млака вода, па дали тоа помага во процесот на заздравување?

    Сите мислења се добредојдени!
     
    На WhiteCat33 и mariz им се допаѓа ова.
  10. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Ја за све ја прашувам, дека дома и само читам и само глупости ја прашувам... ако не си ризична бременост функционирај си како порано ( нормално со припазување ). Јас ја сваќам бременоста како благослов, а не дека несмеам ова несмеам она... ми рече само вц да не чистам со средства, ама нема кој и јас си чистам ( како пред да останам бремена, со истите средства ) ама фала му на бога се е ок. Јас мислам овошјево и зеленчуков што го конзумираме со триста пестициди е многу поштетно од едно фарбање на месец месец ипол. Ама секој за себе си знае. :)
     
    На WhiteCat33, warrior, Spidy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.600
    Допаѓања:
    76.830
    Пол:
    Женски
    И јас цел живот сум со сува кожа, особено по телото... и со првото испукав иако мачкав специјални креми и масла, ама мачкав после Риластил (за веќе излезени стрии), па доста ми ги избледи. Втората бременост ми почна 1г и 8,9м после првата, па веќе еднаш истегната кожата, башка трудна бев од февруари до 1ви ноември и летно време повеќе шлапав креми, пиев мн вода, јадев тон лубеница и салати и да речеме бев доста хидрирана и исто и кожата ми беше подобра, па не испукав плус во таа бременост. Сега после 6г од второто сум пак трудна. А доста ослабев, стомак рамен си имав, салце и кожа вишак немам... освен некои белички стрии од страните кај грбот кои ми се уште од првото (не се страшни) и на бутовите напред горе неколку. Па решив овој пат со Еуциринот што е за против стрии да се мачкам. После туш обавезно ставам на стомак, на бутови, на гради малку горе и од страната доле кај грбот. Многу убаво хидрира, со саати еластична и мека ми е кожата. План ми е до крај да терам со ова... Сега еднаш ставам дека сум 12та нед. Башка се ми е ладно, не сакам да се соблекувам :D Понатаму и повеќе пати ќе мачкам. А сакам и маслена купка да земам...
    1706608997481491892569158644458.jpg 17066077681248956905840129702832.jpg 17066078361691587469880625359748.jpg

    А за доле.. првото ми е природно родено и од Чаир тогаш ми рекоа само со вода да се мијам. По секое одење во тоалет се измивав. Ништо не мачкав, многу брзо ми зарасна раната.. без никаква компликација. Сум слушнала дека и со солена вода е добро да се мие, тогаш не знаев и само со вода терав. А не би мачкала ништо... и сега ако успеам да родам природно, исто така би терала..

    За вежбање да не се потресуваш уште сега. Се во свое време, ќе си каже твоето тело кога е спремно. Би ти рекла да уживаш и одмараш првите 3 месеци, после да му ја мислиш. Се слабее, кога се сака.. се се може. Мидер пробував од старт да ставам, ама имав баш нелагодни неубави грозни болки во матката, па не форсирав. Баталив, оставив да се собере матката сама 2,3 месеци и после чат-пат ставав. Во старт убаво ќе е само да си пешачиш, да си шеткаш бебе... Не му ја мисли од сега, ќе му ја мислиш тогаш за овие работи...
     
    Последна измена: 30 јануари 2024
    На WhiteCat33 и CarrieBradshow им се допаѓа ова.
  12. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Јас на почетокот путер од Хип (HIPP Мама путер за тело, 200 мл (zegin.com.mk)), а сега масло од Еуцерин (EUCERIN Масло за тело против стрии, 125 мл (zegin.com.mk)). Понекогаш ги комбинирам затоа што кожата многу ме чеша и се мачкам повеќепати во денот. Задоволна сум од двете, особено од маслото од Еуцерин, засега немам стрии ама има уште време до пораѓај.
     
    На WhiteCat33 и mariz им се допаѓа ова.
  13. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    За стрии сега ова го користам сега за сега неемам нови стрии супер се држам , Screenshot_20240130-112038_Mein dm.jpg со првото пред 8 г мачкав обично масло за бебе и немав воопшто сува кожа тогаш кон крајот на 8м испукав како лубеница целата партал црвени стриии и ден денес ги имам само што се со бела боја.
     
  14. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Прв пат во животов се фарбав баш кога бев бремена со првото дете. Користев фарба без амонијак и тоа во 9 ти месец. Со втората бременост исто такви фарби без амонијак а сега сосем се изумив и си лупнав и фарба нормална и хидроген 9 постотен :worried: се надевам ништо не е
    Прв пат кога почнав да се фарбам бев бремена со првото дете и тогаш користев фарба без амонијак. Кога останав бремена со второто пак си продолжив со такви фарби ама сега за третово сосем се изумив и си се исфарбав со нормална фарба и хидроген 9 постотен :worried::worried::worried: Се надевам се е во ред не знам.
     

    Прикачени фајлови:

    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Ме фаќа смеа вака кога ќе се спомни трето.
    За првото на прегледи, аптеки, болници никаде не одев сама, се ориентирав на мажот ми па закажував прегледи, алишта строго според полот, бои внимателно одбрани. За второто побитно ми беше да се ориентирам кога има луѓе да ми го чуваат првото па закажував прегледи, алишта секако имаше и нови ама бодиња, хулахопки, шпикозни, дубак не ми беше битно дали одговараат на полот..
    А сега за третово бебе, братче сама шибам секаде ни страв ни ништо, алиштс не ми паднале на памет уште, 21 недела сум.
    Стара мисла е оваа ама изгледа точна ќе да е, третите деца сами се гледаат хахахха
     
    На WhiteCat33, warrior, Ive13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Имаше еден клип, вика првото го бањавме точно во 9 часот ја жена ми мајка ми сите, второто го бањаше жена ми преку еден два дена, третово појма немам кој го бања :)
    Мене ми е прво и освен за козметика за ништо не се замарам :)
     
    На Wanna.be.mum, WhiteCat33, Srna93sk и 4 други им се допаѓа ова.
  17. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Ама стварно е така хахаха
    Некако, колку поискусни толку полабави. Еве од себе си тргнувам, да се породам прво ај, ама верувам така би било :D
     
    На Ive13 и Maja92@ им се допаѓа ова.
  18. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Леле хахахха сварно е така ама кој и да прашаш што има трето дете истото ќе ти го каже. Хаххаах само да се здрави и живи со лесно да ни е бременоста на сите мамички. Се надевам дека ќе помагаат големиве едната ми е 9 години другата 5
     
    На CarrieBradshow и Maja92@ им се допаѓа ова.
  19. ANITA.sk123

    ANITA.sk123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    32
    Здраво мајки.. термин ми е на 9ти април па ако може ваши совети, искуства за тој период што треба од алишта да земам за бебето и како ке треба да го облакам? :$
     
  20. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Мене ми е термин 18ти март, исто се мислев шо да земам. Имам 6/7 бодиња на долги ракави, неколку на кратки како маичка горе, 2/3 пара како ѕиври, панталонки, шпикозни на долги горе доле 5/6, тетра пелени 6, и неколку комплетчиња 0-3 и 3-6. Од тие ептен малите 0-1 немам ништо. Додатоци неколку чорапки, ракавици, капчиња, лигавчиња. Пешкири имам 2. Ќебе потенко.
     
    На Mihaela123456 и ANITA.sk123 им се допаѓа ова.