Jas se ubiv od jadenje kivi, edino od toa ne mi se losese. A i se mi pravese povekje gasovi od mesunki.
I jas jadev mnogu se dodeka ne mi kaza taka i epten me zacudi ova so kivite i od sube vekje ne kasnav niedna
I jas taka mislam, no koga kje ti spomnat ej ne smeesh be toa da jadesh znaesh? I mi se prevrtuva zheludnikot....
Интернетот вика дека кивито е преполно со фолна и се препорачува во бременост, исто и другите овошја. Ананасот можело да го омекне грлото на матката ако се изеде во големи количини, мада од мое искуство пред пораѓај не знам колку јадев и грлото остана бетон и после 12 саати болки.
Јас си пијам цеден цитрон со потрокал, јадев и киви. Реално се треба да се конзумира во одредени нормални дози. Вака што пребарав на нет набрзина што видов пишуваше дека е во ред цитрон да се конзумира во бременост. За јаготките со душа чекам да има, многу ги сакам
Истото баш го имав прочитано а пред тоа многу јадев и ме освежуваа потоа од шубе кога кажа докторот престанав и ниту еднаш не каснав
Јас пак паничам денес, бебево мрдаше многу, тоа журка се случуваше, 32ра сум и побавни и поретки се движењата, не се толку јаки и нема она превртување колути и сл. Ваљда се намалува местото внатре, м? Пред 1недела на преглед беше 1800гр постелка супер, се под конец. Како ги осеќате вие над 30та
Нема простор, важно е да го осеќаш. Второто само така нежно го осеќав, како да се мести, превртува, многу бев загрижена дека има некој проблем зашто правев споредби со првото ама еве го маже ипол
Ова со забраниве за храна сите сте со прво бремени? Ја не знам што се не изедов со второво за овие 5 месеци, киви, кобасици домашни, туна секоја недела, нит читам, нит мислам. Со првото не јадев торта со рум да не опијанело бебето
Ели излезе биохемиска бременост. Но јас сум добро, зборев со гинеколог па наредно ке се спремам за бременост Малце ме растажи дека прв пат ми беше, ама мм многу ми даде поддршка и брзо ја надминав тагата.
Дали за резултатите од брисевите во 12та ви се јавуваат од кај матичниот? Минатата нед правев, сигурно се готови. Или ако е се во ред не јавуваат?
Би требало да ти се јави, мојата матична и за брисеви, и за пап без разлика дали се добри или не ми се јавува и за крвна слика ми се јавува иако мене ми стига на маил... дури знае да ми се јави да ме потсети дека крвна слика треба да направам...
Мене и да ми кажале рано, пак не сум била сигурна и сум чекала наредна контрола за потврда. Така да и да ви кажат 12та што пол е, пак нема да сте 100% сигурни дека тоа е тоа Јас со второто дека прво рекоа машко, па испадна на наредна 16-18та девојче...тек на скрининг кај Димчев поверував дека е 100% женска (ја фати баш убаво меѓу, се гледаше дека е дуде) @Ivana 8 за пап ми јавувала секогаш, па незнам и сега дали ќе јави... како и да е понеделник ќе тркнам за упат за крвна слика и мокрача, па ќе си прашам..