Јас би правела скрининг кај добар доктор и би правела пренатален тест. Фб хцг исто е покачен (да ме поправи некој ако грешам). Приската е глупост според мене, бидејќи ми се скрати животот кога ја видов мојата, катастрофална ми беше, ама за да бидам смирена направив пренатален…
Pa matičnata mi vika ok e rezultatot, pošto noseto koskata što ja gledaat ja ima, i naborot bil dobar, drugoto demek statistika..
Фала ти, епа тоа не знам колку да чекам ама да како по правило штом решам да се спремам за на доктор ке тропни
Здраво девојки, откако имавме незаштитен однос со мм следната недела јас настинав и бидејќи незнаев дека сум бремена испив 1 кесичка тајлол хот, 2-3 кесички кафетин колд макс и чист прополис. Дали овие лекови може да ми направат некакви проблеми на плодот, бидејќи прочитав дека не се препорачуваат во бременост, поготово во првите 3 месеци. Во понеделник одам кај гинеколог па дотогаш не сакам да се грижам.
Не би требело не се некои опасни лекови а и не е долго време употребувано. Јас пиев лосартан за притисок не знаев дека сум бремена па дури кога бев на гинеколог ми ги смена со дозволена терапија не е страшно со лесно бременоста!
Мајки скоро ве прашував тука и пишав дека имам огромно чешање во стомакот кај што боцкав клексани. Почнав во рака и таму исто. Ама овиа два дена се исфрлив многу, цело тело ме чеша. Посебно едната рака, гради, стомак и грб Сменив омекнувач дека Ленор ставав, а знам дека е појак. Можно ли е од клексаните ваква реакција или хормони Смејам ли да правам некој тест за алергија? Ќе ставам слика каква ми е раката. Спојлер: Рака
Дали има некои вежби или нешто што би предизвикало бебето да се сврти со главчето надоле за да се породам природно? 35+2 сум ама женскава не се врти а не сакам ич царски Патем ако веќе биде царски дали имавте породилни болки нешто и како оди процедурата? Со првото природно се породив и многу лесно поминав
Претходно бевме во странство таму се перевме со капсули, почнав тогаш да боцкам клексани ама не ме чешаше. Како дојдовме во Мк почна ова чешање и црвенило. Последниве два дена е вака ужас, цело тело ме чеша многу. Прво тоа си помислив да не е од омекнувачот, ама што знам.
Побарај вежби на интернет мада можно е да се сврти. Еј стварно безвезе да одиш на царски кога првиот ти бил лесен. Сум слушала за доктори во Чаир и Гак што пораѓале карлични бебиња природно ама тоа сигурно треба да најдеш искусен доктор. Ако е трансверзално поставено тогаш мислам дека сигурно одиш на царски. Најдобро да си збориш со докторот што ќе те породи и да го послушаш, што е тоа е.
Најдобро да си посетиш лекар ако смееш да направиш алерготест за да си сигурна бидејќи мора да примаш клексани па да ти ги заменат со други лекарства ако ти прави тоа алергија
Бев четвртокот на контрола на Гак кај др Елена Ѓеорѓиевска бидејќи она ќе ме пораѓа вика уште е со главчето горе, као ќе и дадеме шанса да се сврти за две недели сум пак на контрола.
Zdravo,od bockanje kleksani vo stomak mi se napravija mnogu golemi modrici, dali e dozvoleno da stavam oblogi od borova voda? Mackam i hepatrombin ama ne pominuvaat brzo. Inace sum 15 nedela.
Мене ми е прва бременост, на јога топка сум од ко почна третото тромесечие. Ми помага и за грб и за болка во препони. Кога бев на преглед последно ми кажаа се свртил. Е сега не знам како ќе е до крај. И јас сум повеќе за природно ама ако ми кажат царски така нека биде. Иначе има вежби со топка лесни и некои јога пози. Се со претпазливост и благи движења, некогаш пред тв седам на топката и кружам. Инаку сум 34та недела скоро.
Има вежби, поварај и на јутуб. Јас со првото имав лесен природен пораѓај, второво беше цеело време карлично о во иста позиција не се помрднување како мрза бебе, па наеднаш се сврте со глава надоле дури и цервиксот ми го натисна
Имаш од повеќе претставници. Еве јас конкретно Биосејв го правев зошто немав живци да чекам 7-8 работни дена