Ете така Тука да се дружиме и наскоро да не известиш за прегледот имај лесна и убава бременост.барем мене фала на Бога ми беше така,без гадења,повраќања ама баш ништо такво И се што ќе те интересира прашувај тука сме лека ти ноќ
Fala mnoguu, leka nokj i tebe.. i se izvinuvam ne vidov deka ti bilo rodenden. Najsrekjen da ti e so blago zadocnuvanje,lesna bremenost do kraj da si imash (nz koj mesec si) i ti posakuvam samo uspesi vo zhivotot
Од утре веќе 26 нед ако не се лажам хехе почеток на 7ми месец ,фала ти за убавите зборови и дуплоо убавини да те следат се најубаво во бременоста и на секое поле ,спиј си убаво гали си меше и уживај со позитивни мисли
@kallias @mama89 среќен роденден со задоцнување, гушки до двете. Се извинувам вчера што не пишав. Се утепав од чистење два дена, не бев во можност да ги уклучам компјутерот, имавме мајстори по дома, ама конечно се средивме. Душава ми искочи мислам, кај отоци во нозете па уште сум растрчувам низ дома Си размислувам сама, да го носев ниско како првите месеци што болки ќе имав. Сеа се крена матката нагоре па земав замав хаха. Немам осет некогаш Официјално сум во 7 месец, пусти радости, 26+3. Одма почнаа муабети од типот сега овој месец ептен да се пазиш, најризичен е ово оно...Што мислите вие мешиња, има ли причина за загриженост само затоа што е седмиот месец?? Инаку завчера бев во едно продавниче и бев изненадена колку пријатни беа продавачките. Им барам јас труднички фустанчиња и ми одгорава женичкава сега сите фустанчиња се труднички, која трудна која дебела Сум зе згазила од смеа со мм, баш ми го разубави денот. Да не се осеќам како трупче хаха
Мешиња сакам да Ве прашам.... 8ма недела терам, бев на доктор, докторот ми рече се е во ред и го прашав дали може да терам продолжен викенд на планина и секако он ми дозволи....да Ве прашам Вас што мислите дали да идам... патот е околу 2,30-3,00 саати пат со кола, али па на воздух сакам малку релаксација...што мислите?
Мила па во право биле продавачките цело скопје врие со трудници само да се множат господ на сите да им даде ваква убавина а има и дебелки,Мила ако си во можност да тркнеш до шутка илинда пратиш некој истите фустанчиња што се во продавничињава по 1000 или 800 таму 500 едни целосни панталони во Мана се 850 јас ги земав таму за 450 сто е разлика.
Не сум баш расположена за Шутка, ко ќе ми текне на горештините и гужвите...Ама и овие со ги начекав не беа скапи, околи 500-600 денари се движеа. Мислам не ми се исплати патот и малтретажата до Шутка. А дека е поефтино знам.
Доброедојдовте нови трудници имајте пријатна дружба среќен роденден кој што си славевте викендов гледам дека убаво сте си поминале догодина со бебнца во раци ќе славите , јас супер мешко го изнашетавме викендов изгледа супер и беше не се бунеше, наутро со мене станува јас кога се разбудам и ја осеќам почнува да се размрдува па уште пола саат лежење во кревет и мазење срцка моја од утре влегувам во 20 недела пола поминавме уште пола остана ,
Им честитам на сите идни мамички, имајте лесна бременост и се најубаво.. По 3 месеци еве се враќам повторно во оваа тема:
Битола, на болница. Беше страшно ама безболно добро поминав сега ќе се обидеме по 3 месеци мислам е доволно време за да заборавам малце на случувањата. Ми рекоја одма можи др месец ама и матката да ми се собери да се среди се...
Мешиња за против комарциве што смееме да се мачкаме ? Јас се шприцам со бекутан бебешкиот спреј за против комарци али џабе решето ме направија
Обиди се со босилок - купи свеж и плескај по раце - нозе за да остане мирисот. И секако, лук... Само терај го и сопругот да јаде да не го онесвестиш За спрејови имам читано дека се поштетни од отровот на комарците