Во второ тромесечие поради оток после интервенција на заб се консултирав со гинеколог дали смеам но не ми дозволија да го пијам
Не знам цело време сум затната и шлајмови имам густи зелено жолти. Знам дека сум на полен алергична ама на друго не знам дали сум.. Цело време сум дома поради скратен цервикс
Може да ти е и некоја алергија. Јас сум со алергија која ми почнува од средина на февруари некаде (цветаат зимзелените), а на полен во пролет не сум. И прв пат ми се појави пред 4,5год (а и татко ми ја има истата алергија). И првата година синуси катастрофа цела затната, воспаление и вилица ме чешаше, две дози антибиотик јас иста бев пак, дури и уши ме фаќаа и ми се слеваше надоле по грло и почнав и кашлица да имам. Кога на матичната и светна! Леле алегија да не ти е! Ме стави на антихистамини, спреј флексоназе во нос и за ден осетив деќа сум подобро, а за 5 дена како нова бев. Од тогаш секоја година ми се појавува и секоја година сум со терапија. Кај и да е и сега ќе се појави А сега прв пат трудна овој период. Матичната гинеколог ми го одобри флексоназето за во нос, а за апчињата ми рече ептен ако мора да пијам по потреба. Јас уплашена бев за спрејот, ама матичнава па ме утеши вика.. а тие со астма што да прават, со секојдневна терапија. Имам и трудници кои се со астма. Консултирај се, пробај спрејот да го ставаш ако ти одобрат. Ако ти стане подобро за 2 дена, може е алергиски...
Дали може рупурут за киселини во бременост? 17Недела сум, да имав кисела вода ќе се напиев или нешто газирано ми помага ама сега дома немам ништо такво...
Мене не знам како ми е наместено бебе ама мочам на пола саат и убаво ме претиска почнав како пингвин да одам Од сношти стално мрда и боли дури. Рано е уште му викам, имаме уште 6 недели. Или можеби да почнам да перам рубички? Или некој нерв претиска и како мрда ми се повраќа право..
Jas toa cesanje go imav uste koga mi gi zemas brisevite, ginekologot mi kazs da pocekame da vidime sto ke kazat rezultatite , na rez ne se pokaza nisto
Некој вика да, а некој не. Јас мака со мн киселини сум немала ама вака сум прочитала дека ја имаат користено трудници... пола лажиче со водичка, колку за итно денеска. Од утре земи си таблетки..
Да и јас тоа читав поделени мислења ама ставив многу малку на врв од лажиче колку малку да смири, сепак фала ти на одговорот
Мене од почетокот само гаргара ми помагаше, мешаш лажица оцет и шеќер со малце вода па ставаш сода. Шом почне да врие пиеш.
Пробав само со малку сода па чекам да видам дали ќе помине буквално осеќам како да ме горат киселините
Сонц во другата група пишавме, пробај со виксот, можеш и да дишеш врела вода во која ќе ставиш пола лажичка во литро. А по ова ми звучи ко да имаш некоја инфекција според колоритот, ама па истото значи дека се чистиш.