Еве јас, едвај се виде нешто, на крај реков вагинално да ме гледаат зошто многу ме стискаа на стомак. Ова беше за приска во 12 недела.
За приската беше океј, за вториот скрининг ужас. Не сум начисто. Ми рекоа кај и да одиш кој и да те гледа та е сликата, тешко за гледање, измачувачки. А бев Скопје дека со подобри апарати.. Да се надоврзам, матичната од старт ми кажува дека е тешко за гледање заради салцето и заради царскиот.
И јас имам "царски" оперирана сум како дете од преплет на црева. Мислам да не се секираш, сигурно е во ред детето. Нас кој нѐ гледал на ехо, па здрави прави сме се родиле сите
Женче не се секирај и со првото еве и со вторава бременост по 9 месеци повеаќање плус од 6-7 месец киселини колку што сакаш и секоја вечер пиев сода и плус гастрогард само тоа ми помагаше инаку ќе си умрев.Само во аптека земи си сода за пиење и кажи дека си трудница.Јас зимам на витаминка,една доза една кесичка е и многу е практична
Денес понеделник пак на цтг, 37+3 недела. Втор степен постелка, има доволно плодова вода. Во понеделник пак на цтг па ќе види, Петровска сега за сега сака полна 39 да бидам за царски. Потпишав за стерилизација, потпишав и кај анестезиолог, лабораторија крвна слика, брис од нос и грло земено. Се нервирам што секој понеделник ми наплаќаат 4300 денари за ехо. Не ми е јасно стварно, зарем не е тоа вклучено во пакетот за пораѓај, цтг не ми наплаќаат.
Девојки некоја да осеќа вагинален притисок? На пример кога мокрам осеќам како тежина внатре, некогаш и кога се движам. Исто ноќеска нa едната усна долу како цела вечер да имаше некоја нелагодност, блага болка. Не знам дали е ова нормално... 16+3 сум.
Еве јас. Јас сум со вишок килажа и салце кај мене за првиот си гледаа и вагинално и на стомак. За вториот исто со тоа што правев во ремедика и Стомнароска виде сѐ- може и бебето беше така наместено. Инаку за 4д слика живи смешки додека да излезе една асална хаха. Не се обесхрабрувај. Прашај во Ремедика? Јас бев задоволна
И јас осеќав тежина и притисок кај бешиката, нон стоп мокрев а болка при мокрење немав само кога се движев мислев од тежина дека нешто ќе ми излезе во секој момент праев уринокултура ме прегледаа неколку доктори немаше ништо загрижувачко. едноставно бебето притиска. Ако имаш болки оди на преглед направи си уринокултура да не е некоја бактерија
Дали беше со царски заради хпв? И дали има терапија за во бременост? Знам зависи кој е и што, ама ме интересираат искуства Ме чуди колку различни мислења на гинеколози околу папот има
Фала ти . Баш како што опишував, мислам дека ќе се отворам и ќе излезе нешто од мене. Таа тапата болка доле на едната усна исто ми е чудна. Доаѓа и се губи. Исто и клиторично некогаш ја осеќам. Направив уринокултура минатата недела. Брисеви и урина се чисто.
Ми се лупи кожа на лицето, ептен сува ми е .. Може да ми препорачате некоја крема што е безбедна да ставам преку ден од сабајле и навечер за да ја освежам кожата?
Мене ми зимаше матичната во 12недела со брисевите ама само со шпатулчето без да влага внатре во цервикс со тоа четкичето туку само од надвор од цервикс
Мо направи со првото матичната ама бев едвај 5та недела. Само што виде точка и пошо имаше година и кусур поминато од последниот пап рече ај да ти земам да си бидеме на чисто и тогаш и ми зема брисеви. Другите бремености ми беа планирани па правев пап месец дена пред обиди. Ќе почекав да јави резултати па се фаќав за работа вториот пат чекав подолго зошто имаше наод на папот па правев и типизација. Битен ми е папот, имам рана на грлото, па да си бидам на чисто.
Не, природно сум породена. Високоризичен беше типот, ама не знам на памет кој број да ти кажам. Без дополнителни симптоми бев (ранички и слично), случајно откриено на редовен пап и го имав скоро 2 години пред бременоста без промени, можеби и тоа е релевантно.
Ima li na GAK nekade spisok koj doktor kade e vo koja ambulanta i koe vreme? Može li nekade da se najde takov, porano imaše?
Devojki utre aum 39 nedela no denes bebe go osekam nekako poslabo. Cel den dali 3 4 pati go osetiv. Da odam Cair ili da pocekam utre i taka sum na ctg? Dali e normalno ova?
Легни, одмори, и број движења. Треба да имаш барем 10 во 2 часа. Се важи секое мрдање или клоцање што ќе го приметиш, не мора да е многу јако. Ако е помалку од тоа, треба да одиш на контрола.
Девојки .. 16+5 сум .. Од вчера на моменти осеќам како боцкање на десната страна, во десен препон, ваљда е во десниот јајник мислам .. кратко трае не е силна болка буквално како бодеж и го снемува .. денес бев на преглед на закажано и кажав дека имам како менструални болки повремено ама од сабајле не го осеќав боцкањето па заборавив да и спомнам а за болките рече нормално е ... Се си беше супер на прегледот,ваљда не е страшно ова .. Што мислите ..