Веројатно дека почнав на секое боцкање да крварам и хематоми да имам. Претходно се боцкав без проблем едно 14-15 недели и само еднаш дали модрица си направив. Сега како порасна стомакот иако веќе со искуство каде, на секое боцкање крв и хематом. Кога сменив рака/нога го немам тој проблем.
Мене една роднина гинеколог, ама стара е жената, одамна е во пензија, ме праша дали го осеќам во 14 недела и јас одма паника... Рано е сигурно...
Првото дете првпат го осетив во 22-23 недела, заради плацента на преден ѕид. Нема потреба од паника и да не ги осеќате, кога одите на прегледи се гледа на ехо дали мрда. На скринингот во 20та недела со првото дете на сред ехо отиде од левата страна скроз на десната, и баш и реков на докторката пола стомак ми го прошета, а јас ништо не осетив. Едвај го наогаше од што и бегаше додека правилно да го измери, да не го гледав на екранот ќе немав појма дека воопшто мрда.
Не верувам, имаше членки што пишаа цела бременост ја поминале со боцкање во стомак . Веројатно секоја кожа е различна. Прочитав дека и Јани рекол на членката дека е доста во стомак во 15та недела, нз дали и образложил зошто .
Леле истото, прв пат одам, таа си збореше на телефон со брат и, јас си чекав, а прв пат ме гледа. Па почна да ми збори брат и бил на пат, па ова, па она. Таа па сестрата Билјана, толку одвратна не сум видела. Јас би ја пријавила, не може таа така со пациенти.
Дали има некоја кај која потешко одело наоѓањето на носната коска кај бебе? Истото беше и кај матичната, јас сама не ја видов.. ниту на сликичките се гледа, но она рече има. Сега на преглед сум во Ремедика, докторот неможе да ја види. Доста време врти врти со ехото, никако да видиме носе. Дали е така чудно завртено или има мало носе... Сега чекам докторка за скрининг да ме види. Во сала е моментов па ќе си почекам... Дури и кога виде резултат од приска пред да прави ехо докторов, рече супер е low risk, нема потреба пак ехо да правиме. Па јас решена да го видам бебево денес, ради мене и ми направи ехо... Едит: утре ми закажаа да ме види, мн ќе се задржела денес и да не ја чекам...
I ja taka si uvrtev deka na GAK ne videla vnimatelno, pa kaj matičnata si bev, pa včera kaj Majstorova... Ok e ima, ama neverni Toma
Со Билјана се тум одамна они. Па за мачката на мајка и, за син и и снаа и или девојка му беше тогаш, како го терала да се испита дали е способен за деца…абе ич не ми се допаѓа. Да, смеа, шала , некој муабет вон прегледот краток и со усул да, ама јас бре за проблем ти доаѓам женооо, за кафе ќе се договориме друг пат. Смени си ја.
Ама не, ова самиот доктор се загрижи... како не го заврте бебе, неможеше да види... па излезе отиде да бара докторка за скрининг, ама на породување е докторката. Ми закажаа утре во 17ч да ме види и она. Бебево башка пред 10дена беше десно со глава, денес скроз обратно си се завртело Се живо убаво виде, нозе, раце, прсти, органите све на место, ама фацичево чудно не се гледа убаво...
Знам ке скренеш од мисли до утре Ама.... Верувај дека се ке биде во ред Која гн си? Ако можеш финансиски напрај си пренатален и спиј си мирно
Готово више и ми се рика, ама си голтам и си викам смири се. Ако и она утре неможе да најде, ќе правам.. можеме финансиски. Ама и да направам, што. Аххх 13+1 сум.
90° кај и да боцкаш. Потреси го клексанот малку види дали ќе искочи горе воздух ако има истискај полека само пази да не истискаш нагло па да замине и течноста внатре и боцни после јас секој клексан му правам така последно време сите ми имаат воздухг
Да мене ми кажа не ми образложи зошто ама предпоставувам зашто веќе бебе расте и не е веќе доле туку се качува погоре и затоа имамре меше, на колешка во систина гинекологот 7месец е дека може во стомак да се боцка ама 40° . Сепак јас Јани ќе го слушам и ќе правам како ќе каже зашто имам клексани препишани од него до април
Сега е модерно време се се знае унапред Замисли ја 8 месеци ми викаа се е ок а на крај испадна не е ок Сега барем што и да е ке си знаеш па имаш избор Порано немаше избор Сеа слушај Мавни солзите не стресирај бебе и не се стресирај ти пошто утре ке биде се ок па ке речеш ела тета Алиса да ја почастам кафе Значи сонце е надвор испадни со дечките и утре ке ти олесне се кога ке ти кажат дека е се ок Ја на твое место би направила пренатален чисто за моја психа да ми биде ок
До кај 15ч се во школо ама ќе си ги земам порано и мозок на пасење малку... Абе само да видиме утре носе и носна коска, полесно ќе ми биде. Добро што и утре ќе ме гледа, таман да фати бебе друга подобра позиција. Чуфче некое мало, мајка ми и сестра ми се со мини носиња... ова некое на нив Фала
И на аждајава моја не му го видоа носето и стварно е со точка мала минијатурна носе, најсовршено на свет. Љуби га мајка, му го изедов носот мислам.
Ќе биде се добро ич да не се грижиш, ќе си видите се што треба! ❤️ Сакав да те прашам дали нешто ти спомнаа околу намалениот PAPA-A ? Во смисла на тоа дали толку треба да се обрне внимание?
Кај мене горната усна не му ја видоа и муцето тој дел, па пак ме тераа да одам за со сигурност да пишат во извештајот. Терсене беше наместен тогаш. Докторката вртеше со ехото, го буцкаше да се сврти, ама ништо. Отидов после недела дена мислам, во ред си беше. Не се саклетисувај за џабе, ќе биде океј.