Само смирено душо. Без паники одма ќе те покрие доктор со терапија. Ти ја праќам сета среќа на светов
@mariz само позитивна мисла и ќе биде се добро. Пуштам среќа. Денес прв скрининг, ок е бебе ама јас имам поголема пукнатина. Па ме фаќа паника да не му наштетувам некако на бебето. Ми рече дека имам и контракција, многу е рано и не треба да ја имам.
Правев денес крвна слика и урина , првпат во урина имам доста соли на аморфни урати ,а ни па имам слушнато до сега за ова .. Некоја да не знае што е ? И пишав на матичнава само повеќе течности ми вика , а ја пијам 2 до 3 л на ден
Еве ме Со олесната душа, добро е. Бебе е добро, со прчлесто носе и кофче и све, убаво поставено е не е ниско, хематом некаков нема. Ме виде и вагинално, океј е цервиксот... од умор и стрес најверојатно. Ми даде Утрогестан да ги пијам 15 дена. Има врска како да се пијат, кој период од денот? Колку може да трае вакво крварење, да не се вадам од памет...? Во Ремедика откажав, да одмарам денеска... башка си го виде убаво и матичната, нема потреба пак да правам ехо.. Имам едно плусче на бактерии кај мокрача, па ми рече Уринокултура да си направам за секој случај.. @marama каква пукнатина? Како виде дека имаш и контракции? Фала на сите позитивни мисли
Те премислив жено. Премногу ми е мило што е се супер. Уринокултура за мирна глава направи. Биотек 420 ден ми земаа, плус и блиску ми се ептен. Утрогестан можеш и од сабајле да си пиеш. Завчера на преглед бев и супер е кофтето. Рачиња и нозе има брееее Докторката рече дека е супер. За две недели сака да ме види уште еднаш , па ќе биде отсутна 3 недели. Едвај чекам и скрининг крај на месец да видам дека е се добро. Никоја незнае за маџун дали можеме во бременост?
Браво, заслужуваш да се опуштиш сега. Утрогестанот јас лично го пиев пред спиење, оти мене многу ме буташе. Многу ми се приспиваше од него на почетокот (после тоа изгледа го навикнав) и ако пиев пред работа пример, се прозевав цело време.
Утрогестанот го шиев навечер јас. А не те боцнаа прогестерон? Тоа е појако и плус со подобро дејство, јас во сите бремености примав ради крварења.. Да чежиш и да одмараш, до вц и назад само, нема сега никакви активности, ни стрес. На боледување ќе си ?
Луда сум, од стрес и мисли друг проблем си направив. Ноќеска кошмари имав... А тоа изгледа вчера главче накај кичма моја имаше завртено Супер си се гледаше денеска, цело профилче убаво Сега се опуштив скроз и нема веќе вака да се стресувам.. Ако си блиску мене, дојди и онака ќе сум дома @DaisyDoo ќе го испијам денес првото сега, па ќе видам.... мислев да не прави и некое гадење, лошење... па да ги пијам пред да легнам да спијам. @Konstrakta не... само утрогестанот и да си одмарам повеќе ми рече. На боледување ќе сум да...
Пукнатина на постелката, ја имам од почеток ама мислев ќе се намали, оно се зголеми. Контракцијата ја виде како згрчен мускул, ова лаички како го сфатив.Ми покажа на едната страна како треба да изгледа нормално, а ова изгледаше поинаку.
Еве мислење од мене пред 1 година одприлика Ќе си одговорам и на себе и на тебе, да, ќе се навикнеш, т.е. веројатно телото ќе се навикне на хормонот и нема да ти е така цело време. Може ти ќе куртулиш од нуспојавава.
Фала му на Господ ете се се среди. Само смирено и позитивно. Одморај сега и гали мешко. Те премислив овие неколку часа на секои 15 минути проверував дали си се уклучила. Те гушкам најсилно