Јас пиев Елицеа три години и во тој период направив 4 ивф. И гинекологот и психијатарот беа со став дека нема да пречат во тек на бременост. Пред последното успешно ивф 4 месеци пиев Занфекса, е за нив ми рекоа дека ќе мора да ги прекинам во случај на бременост.
И јас имам заборавено... мислам дека таму во Икеа ти прават пресметка и дека во Ск тука можеше да си ги земеш парите Тоа маж ми се занимава секогаш, ќе го прашам точно како беше за која земја. Дека и од Бугарија и од Србија имаме купувано... и да имаше нешто врска и со големина сметката за царина, но тоа не ни провериле до сега. Обично кога ќе видат дека зимаш за дома по едно парче, не проверуваат.
@ALISA0000 Од Икеа конкретно немаме купувано ама од други продавници некои враќаат на фришопот, а некои во една менувачница во гтц. Во фришопот најдобро да се праша.
Последен пат кога зимав јас, пресметката ја прават во Икеа а повратот (во кеш или евентуално ако сакаш нешто да купиш) го направивме на фри шопот. Над 50 евра сметка мислам дека треба да имаш за воопшто да ти прават пресметка за поврат
Оооо да бе, на фри шоп последно си земавме поврат на ддв.. Ама мислам дека и во Гтц некаде може да се земат парите...
Мајки што се пораѓавте со второ дете, кажете како ја пребродивте разделбата со постарото дете, претешко ми е. во 3 и пол години ни еднаш не сме биле разделени..
И јас откако влегов во 9ти ,на два три пати ќе ми отидат мислите на тоа и ќе си се разлигавам ,што и нормално е Се надевам само дека би биле две ноќи,преку ден ќе се слушаме Сум ја оставала јас кај баба на викенд, со тоа си се тешам иако околностите се сосем поинакви ама ќе издржиме сигурна сум
Офф.. Моево ни половина час го нема друг чувано, ок освен татко му и во градинка. Ама за спиење никогаш не е разделено од мене
За вакви ситуации каде што мора да оставиш дете, другарка ме направи скоро лом кога и викав оставај кај баби на ден два чување. Многу значи во вакви моменти. Ќе сме ги барале моментите….ден или два нема да ти сменат или скратат ништо ако детето сака да седи , само бенефит би имал кога ќе имаш потреба да оставиш дете. Она иде на порагај и не мисли на тоа, мисли како големото ќе издржи, па како ова па како она, па не била двоена… Јас пресреќна оти мајка ќе иде пензија таман кога ќе треба и да чува дете. Само се да биде добро.
Абе друго е кај баба да оди па друго е за вака, ќе видиш како е за второ па и за трето. До душа син ми еднаш само преспа кај золва ми, па најлошо спиев цела ноќ, не дека нејќам јас да го оставам ама чудно ми е без него дома, празно. И јас не сум за да спие на др место, освен ако ептен нема потреба, син ми со нас спие шо ќе прам јас цела ноќ ќе се ширам в кревет
Леле тоа ми е на мисла откако останав бремена, мојот ќе полни 4 год и вика ќе дошол со нас во болница ќе спиел
Моите 2ипол разлика беа и исто не бевме ич разделени, башка јас не работев и бев и со него по цели денови од негово раѓање... Јас не сакав да дојде да ме види таква во болница, па некако издржав и на зимање тек дојде синчето. Некако тоа ми беше најправилна одлука и за мене и за него... и онака си цмиздрев за него, а тек ако го видев бетер ќе ми беше. Башка он ќе ме видеше со канилата во рака, во спаваќа, со бебето сама... па си викав после да не си мисли мама е со бебето, не со мене Ама него и забавно му дојде тие 3,4 дена... го шеткаа навака, натака, кај баби, тетки, нешто поразлично од по цел ден само со мама. Инаку ќе издржиш, ќе бидеш окупирана со други работи.. ќе мислиш, ќе поплачеш, па ќе се смириш и така додека не излезеш од болница.. Сепак ова е мој карактер, мое мислење и јас така направив. Мислам дека најдобро ќе си знаеш ти како треба кога ќе дојде моментот Инаку сабајлево немав некое време никаков исцедок, малку бледо на бришење само. А сега пак на гаќи кафен исцедок... Ваљда треба време да се смири скроз?
Inace zenski jas 39+2, aber nema deckovo za izl a site spremni samo nego go nema hahah. Dali e vistina deka mi velat prvo pa masko pa pokasno se ragaat?